Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lili1, 15 јануари 2010.

  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Болки за време на менструација?

    Можеби ќе ви биде чудно, но за болки во време на менструација, мене ми помогна сексот. Значи, редовен секс забележав дека ми ги намали болките. Па реков, дај и ова да пробам, со партнерот се договоривме, кога ми е прв ден и кога воопшто не е обилно, да имаме секс со кондом (засто тогаш сме поподложни н инфекции). Така направиваме, болката помина. Сега секој месец правиме така, оваа мала болка сега ја лечам само со еден аналгин, а порано се труев со кетонали, дури и инјекции. Така што, ако имате партнер, пробајте го ова, во првиот ден. За другите денови не, при крај пак. Позз!
     
  2. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Болки за време на менструација?

    И јас имам многу големи болки.Пијам кафетин.Никое апче не е добро,но сепак ниту без нив се може.Најдобро е кога ќе пиете некое јако апче,пијте го со млеко :talk:
     
  3. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Болки за време на менструација?

    Гинекологот ми ги забрани кетонал ме стави на кафетин менструал ми рече дека се премногу јаки . ас имам неописливи болки ми с еима случувано да примам инфузија да паќам во несвест да неможам од кревет да станам....
     
  4. Psychoo

    Psychoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Болки за време на менструација?

    мадеинхевн од менструација не се прима инфузија. само се примаат инјекции :) да знајш за друг пат ,те сакам :)
     
  5. A-n-u-s-h-k-a

    A-n-u-s-h-k-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Менструални болки

    Сигурно многу од вас ги имаат, а многу не ни ги почувствувале... Јас сум од оние “среќничките“ што имаат неподносливи болки. Значи ПМС обавезно заедно со нерцози, депресии, плачење, карање со сите околу мене неконтролирано јадење, болки во градите, половината и многу др работи. (тешко на тие околу мене) е после тоа иде уште полошото, ќе ми дојде и почнуваат болките. Еднаш ми се има случено да се онесвестам, а на два-три пати само онака гледам црно пред очите и не ги чувствувам и рацете и нозете. Сум пробала да ги намалам болите со кафетин менструал, но од нив ми иде на повраќање и ми е уште полошо. дали некоја од вас може да ми даде совет или некои апчиња што би ми помогнале. Жива брука сум последниов пат си седнав на скали среде град и луѓе од блиските бутици и подавници ми даваа вода и ме масираа, јас изгубена, па и другаркиве ги исплашив :(
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.742
    Допаѓања:
    23.246
    Пол:
    Женски
    Болки за време на менструација?

    Леле истото и мене ми се случува, ;( како јас да се слушам, знам како ти е, ама мене ми поминува од Кафетин менструал порано од 1 апче (само првиот ден) ми поминуваше, а сега 2-3 ама ми поминува незнам од друго што Кетонал ама тие биле многу јаки не чинеле нз како да ти помогнам :worried:
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Болки за време на менструација?

    Е па ти треба да земаш витамини, а најмногу железо.Зашто со губење на крв се намалува и железото.Моја препорака или Фероглобин капсули купи и да ги пиеш или пак шумливи таблети со железо од Суправит тие се уште подобри.И кога имаш менструација повеќе одмарај.А за болките не знам...најдобро со гинеколог да се консултираш.Јас знам девојки кои тогаш имаат неподносливи болки што дури и до болница стигнуваат.Ајде со време ќе ти се смени состојбата...може ќе се намалат болките.Ама железо обавезно да земеш.
     
  8. jassy15

    jassy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Болки за време на менструација?

    Pozdrav do site, bi sakala da spodelam nesto so vas i ako mozam nekako da vi pomognam. Moeto iskustvo bese ova: nepodnoslivi bolki so vkocanuvanje na nozete pristo duru i nemozev da stanam od krevet, pa zatoa koga mi idese ciklusot si sedev doma i odmorav. Ona sto mene mi pomogna znaci bez nikakvi tableti i slicno, bese CAJOT.
    Prvo pocnav na sledniot nacin- koga ke zabelezev i edna kapka (znaci koga nemav premnogu bolki piev caj od NANE. Kako? Ako e na sabajle znaci pred jadenje na gladno casa caj od nane, no pojak na pr. so 2 filter kes. i odmor, pa potoa dorucek, no i vo tekot na denot znaci pred jadenje za podobro da pocne da dejstvuva. Imam probano i vo tekot na jadenjeto ili potoa ama toj rezultat go nema i mozam da kazam togas ne mi pominuvase. Mozete vo tekot na celiot ciklus da si piete caj zasto voopsto ne steten (no ne mora da e premnogu jak ), a e mnogu korisen.
    Se nadevam deka nekomu ke mu pomognam. Pozz

    [mod-kirilica:1in2eadz][/mod-kirilica:1in2eadz]
     
  9. hiena.epa.sto

    hiena.epa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Болки за време на менструација?

    Имам ненормални болки во првите три дена во текот на менструацијата.Веке три години имам менструација и само неколку пати имам пиено кафетин менструал... ми помага кога вежбам болките тогаж ми се помали идам на кеј да тршам или дома правам некои лесни вежби.Исто масажа на стомакот и со шише полно со топла вода колку толку помага :)
     
  10. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Болки за време на менструација?

    Spasmeks :up:
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Болки за време на менструација?

    Наполни едно шише многу топла вода, стави го на стомак и одмарај додека не поминат болките мене така многу ми помага и не пијам никакви апчиња, болките значително се намалуваат..
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Болки за време на менструација?

    Ауфф значи какви болки имам, ненормално големи, нешто што не се издржува, плачам од нив, понекогаш ми се случува и да повраќам и да се онесвестам.. стомакот, половината и нозете ми се кочат не можам да станам од кревет :( Пијам кетонал и исто така ставам топло шише вода на стомакот, ама посебно ми помагаат кетонал, ме успиваат а кога ќе се разбудам ја нема болката
     
    На soul.sk и izaaaaa им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    Болки за време на менструација?

    ^ same here :( ми помага само чај од нане и мирудии, никакви апчиња немаат ефект
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Болки за време на менструација?


    приметив медот доста ги ублажува болките и пмс симптомите но ако е природен. до сега сум стискала заби и од инает не сум сакала апче да се напијам само во исклучителни ситуации но денес поминав само со лажица мед и се ми беше полесно.
     
  15. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Болки за време на менструација?

    тоа нема врска и јас имам примано инфузии од менструација... од многу големи болки ми отрпнаа рацете и нозете и не можев да ги движам и на инфузија ме однесоа од дома со болничкото комбе ме зедоа и дирек на болница... тоа е гадно чувство.... :@

    иначе јас примам кетонал ама чепчиња.... од кетоналот апчињата си го расипав желудникот и не му препорачувам на никој да ги пие оти многу се јаки. чепчињата се преубави и многу брзо врви стомакот.... стално кога ке забележам дека почнува да ме боли си ставам едно во газето и болката исчезнува..... а + не се штетни..... и ги има на рецепта да ги земиш од аптека 35 ден. се и има мислам 20 парчиња да не ве лажам не знам со сигурност. пробајте ги преубави се.... фрлете ги апчињата....



    МОДЕРАТОР: Ве молиме, не пишувајте две мислења едно по друго. Наместо тоа, користете ја опцијата Редактирај.
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Болки за време на менструација?

    Вчера и јас умирав од болки минатиот месец не ја ни осетив кога ми дојде,кај мене има месеци кога не ме боли ништо,а има месеци кога умирам од мешето.Долу ниското ме боли дали сум настината моја претпоставка.Вчера за првпат се напив Ventor апчиња за смирување на секакви болки и навистина веднаш ми помина.Од спазмекс не ми поминува а често пиев кетонал.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Болки за време на менструација?

    За среќа менструацијата ми е пропратена со слаби болки во стомакот! Почесто не пијам никакви апчиња а во случај на посилни болки пијам кафетин менструал и за пола саат сум како нова!
    Мене пред менструација ме мачи голема нервоза, ептен сум напнета и гневна... се прашувам до кога ќе ме толерираат луѓето околу мене со таа моја нервоза секој месец!
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Имате ли болна менструцаија ? Многу девојки се жалат на неподносливе болки, пијат кетонал, кафетин менструал..Некои дури и инекции примаат..
    Јас претежно немам болни менструации, може само малку да ме боли стомакот..или воопшто некогаш и ништо да не почувствувам..ама затоа пак овој ПМС ми е ужасен :lol: Ама се случува 2-3 пати во годината да имам многу болна менструација, незнам зошто така ама еве последниот пат имав страшни болки..а бев излезена и толку ми се вртеше што ќе паднев да не беше другарка ми..Значи ептен големи болки во стомакот имав и ми се лошеше, а многу ретко тоа ми се случува..Пиев кафетин менструал и некако се подобри ситуација откакако си отспав :)
    Како се справувате вие?Имате ли проблем со болни менструации ?
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Со оглед на тоа за какви болки имам слушнато од страна на некои девојки, не можам да се пожалам.
    Се трпи, подносливо е.
    Имам болки само во задниот дел на половината.
    Порано, краток период пиев кетонал, ама знаев дека е штетен и го прекинав.
    Кафетин менструал мене ми е бонбонче, а не апче.
    Мене не ми делува за жива глава.
    Другарка моја пие прополис капки растворени во вода и вика дека и помагаат не сум пробала.
    Јас првиот ден си лежам, си се топлам, чај и чоколадо ми вршат работа.
    Имам и секс, дефинитивно ја намалува болката и ме опушта. ;)

    И онака ми трае 4 дена, така што менструацијата не ја доживувам стресно.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aуууууууууу :sweat: ;( Eве сега имам добиено! 3 апчиња се напив кафетин менструал... и уште ме боли... Hенормални болки имам, како некој да ме пара со нож позади кај бубрезите, а за јајниците да не правиме муабет...Hекогаш дури и повраќам од болка.... Cкапана сум цела, се ме боли, сите ми се криви, грдо се осеќам, подуено, ми мава на психа ненормално.... значи и физичка и психичка болка оваа менструација ми носи! Aлал да ви е на вас, што ова не го доживувате
     
    На ljubicicaa му/ѝ се допаѓа ова.