Мене ова ми се случува секое добоено. Кога ќе видам дека сум добила, без разлика дали ме боли стомак или не одма пијам Blokmax или Ibuprofen. Ако не се напијам таблета на време, имам ненормални болки и после тоа стомак знае да ме боли 5 дена. Од овие таблети ми се смирува за 10-15мин.
Уфф, знам како ти е, и после Налгезин јас или се виткам по земја или шетам низ соба од болка исто како на порагај кога бев, па дури и тогаш имав помалку болка
Јас наслушнав муабет дека ако сме имале болни менструации ќе се породиме лесно. Инаку, ми помина, денес ми е трети ден ми завршува.
Па јас имав лесен порагај, ама само неколку месеци немав болка кога добивав, сега пак како пред да останам бремена болки со виткање
Za da nemate bolni menzisi probajte da piete po pola ili po cela sumaci tableti magnezium sekoj den. Mesec-dva taka, pa naprajte pauza. Uste prviot mesec ke vidite rezultati. Jas veke so godini ne pijam apcinja koga dobivam samo zaradi magneziumot. No, pak da napomenam, ne se pie bez prestan, znaci so pauzi, dva meseca pies pa dva ne pies itn itn
Мене најголема разлика ми прави физичката активност. Ако се улежам и ако не вежбам, имам огромни болки. Месецов на пример ми беше многу хаотичен и не можев да најдам време да вежбам. Ме сотре кога добив. Кога вежбам макар два пати неделно, ко да немам добиено се осеќам, ептен малку тензија само во првиот ден и толку.
Јас најчесто пиев Спазмекс, ама почнаја некако да не ми делуват, кафетинот менструал поќе ме смирва, и ептен ко ќе имам јаки болки, а сега во последно се почести и почести ставам крпа со ракија, на почетокот е ладно, ама по одредено време ми се смирва болката и ме опушта, е сега малку отпоќе смрди, ама ќе истрпиш
Devojki zdravo Vtor den imam menstruacija i za zal sum na rabota prva smena. Rabotam kako kelnerka i imam 19godini . Vekje od vcera imam golemi bolki bukvalno niz cel stomak ,dolu,gore,levo,desno. Jajnicite isto no najmnogu me maci sto imam silni bolki vo desniot del od stomakot nekade na sredina i ne mozam da pojdam po golema nuzda ,a bev sabaljevo mislam deka samo me provocira. Ve molam kazete mi sto da storam za pobrzo da pojdam po nuzda ili bar da gi smiram bolkive i da ja izdrzam smenava.
Napij se apce, analgin, kafetin menstrual, sto i da imas protiv bolki, barem bolkata da ti pomine a za da odis do wc kafe so mleko i poveke voda pij ( ima i drugi nacini ama na rab toa zasega )
Такви се болките, боли и матка, јајници и црева. Земи кафетин менструал, кетонал или што и да ти се наоѓа. Напиј се топол чај, држи нешто топло на стомакот.
Девојки, дали некоја го има пробано чајов? И што мислите вреди ли да се проба? Инаку чајот е меѓу другото и за болна менструација, а има и друг чај што е за болна и нередовна менструација.
Здраво девојки ми треба мислење , имам болни менструации секогаш и не ги поминувам баш најдобро со гадење огромни болки низ целиот стомак, без сила со инекции и како капак во последно време имам болки кога одам во тоалет по голема нужда болки освен во стомакот и позади што исто се неподносливи до степен да ми е страв да одам во тоалет , разговарано е со гинеколог освен што квалитетно ми се изнасмеа кажа дека може да се хемороиди и дека случајот не е за кај него , да напоменам дека тоа ми се случува само кога добивам првите 2 до 3 дена, дали некој има ваков проблем како се справува ? И дали да барам мислење од друг гинеколог?
А вака пиеш ли нешто кога имаш менструација? Јас ако веднаш не се напијам потоа ќе почнат грчеви во стомак па болки во зглобовите на рацете и нозете и на крај ќе мора инекции да примам. Страшно сосема те разбирам. Веднаш кога ќе осетам дека ќе ми дојде пијам кафетин менструал и се смирува болката веднаш. И каков е тој гинеколог што ти се смее , наместо да помогне , да си го смениш гинекологот под итно.
Пијам иста сум морам одма да се напијам инаку покасно не ми помага ич , ма да еве овој пат испив апче и ништо не смени , пијам што имам во моментот ефридол, налгесин, аналгин , пробиотик обавезно и ми кжаа во аптека магнезиум уште пред добивање некое време ама џабе , исто одкако имам проблем со болките позади приметив и дека помалку крв ми истекува , порано сум имала пообилни менструации, буквално ништо не ми кажа кога му кажав за проблемот си се изнасмеа што дури мене ми падна непријарно реков на погрешно место поставувам прашање ама доколку се случува само во тие денови незнам како може проблемот да не е за кај него , ниту ми даде некој совет за олеснување на ситуацијата папот е океј ехо океј и толку од него изгледа со други работи освен тоа не сака да работи и да навлага во дискусии поштено ме откачи
@ekbq слушнав за чајот од Вирак (вркута) дека многу помагал за болни менструации.. прогуглај малце за него, го има во билните аптеки во Ск... можеш да пробаш со него мн го фалат
под итно барај второ мислење. Не знам каде живееш ама ако си во Скопје оди во Систина или Ремедика. Тоа што не крвариш убаво може да не се чисти ендометриумот, а и болките што ги осеќаш не се наивни. Подитно друго мислење.
Барај друг гинеколог, и да знаеш дека се поврзани болките. Болна менструација може да даде и дијареа и болки во црева, секое одење во тоалет е преболно.
Сум пробала магнезиум и б6 а и само магнезиум нема некоја разлика , само чаеви не сум пробала а читав исто за еден на алкалоид само што не ми дава многу надеж нешто ама ке пробам , и фала ви девојки ке си барам второ мислење @nena2010 да од скопје сум можеш ли да ми препорачаш некој од ремедика ?
оди во темата а препорака за гниколог ќе прочиташ подетално. Ама таму сите се добри. Јас од мое и искуство на мајка ми ја препорачувам Др. Ина. Кај Влада и е ординацијата, многу спремна многу фина и стручна.