Отсекогаш сум имала потешка менструација. Единствено што сум видела да помогне е одржување на здрави навики ама најмногу што повеќе физичка активност, како и доста вода и магнезиум и б6, како и поздрава домашна храна. А скоро секоја болка во првите а некогаш и последните денови ме вади налгесин форте 550мг. Во последно време како си одат годините скоро секој пмс ми е со главоболки што личат на мигрена, до сега немав таков симптом ама ете. Исто не знам дали има некој друг болки и после менструација, во денови на овулација. Повеќе се тапави болки, не остри во јајниците. Читав дека е нормално, не знам дали има некој друг со слично искуство?
Ау девојки помош. Три дена не можам да кренам глава, неиздржливи болки во долен дел од стомакот, кичма и грб. Мислам ќе се распаднам, нема што нѐ испив. Три дена сум ма ефридол,чаеви,магнезиум,б комплекс и џабе. ( На ибупрофен или како и да се пишува сум алергична).
Ефридолот е на база на ибупрофен, прочитај состав пред да пиеш нешто друг пат.. Иначе нема друго, уште ден два ќе издржиш, си земала се што можело веќе, евентуално топла крпа на стомакот да ставиш, ама друго немаш што да направиш..
Кетонал е единствениот лек што ми помага. Секако провери ги состојките, да не си алергична. И ставам шише со топла вода на стомакот. Би требало за некој ден да ти помине.
Здр девојки дали некоја од вас имала пореметување на менструацијата поради зголемена телесна тежина еве веќе 1 година немам менструација на гинеколог бев сее океј хормони испитав горе доле добри беа единствено што останува од тежината.. После колку време ви се регулирал циклусот сакам да ослабам ама нешто и не ми оди од рака
Јас без апчиња терам веќе трети месец. Кога ќе ме здоболи легнувам да спијам и среќа што се погодија денови кога не сум на работа. Не е нешто што не се издржува ама не сакам да пијам лекови за болки веќе.
Пред неколку дена кога добив имав такви страшни и неиздржливи болки, што ништо не ми помагаше за болката, завршив на инфузија и ми ставија некоја инекција за болки и тогаш дури ми помина едвај. Одамна не сум имала болни менструации, да не речам од тинејџерка кога бев, тогаш пиев едни апчиња Даливон се викаа, не знам дали уште постојат. Гинекологот ми рече ако имам пак болки да пијам само Ефридол и ништо друго.
Имам прашање..Ситуацијата е ваква, имам редовна и регулирана менструација , веќе две години, одреден период би знаела да закасни , но тоа се 2/3 дена..Немам многу болки, но преобилна ми е и плус густа (ако можам така да ја објаснам), дали некоја се има соочено со истово и дали е потребно да си посетам гинеколог..?
На гинеколог секако треба да одиш, прави си редовни контрли, ПАП и ХПВ обавезно, мислам дека не е нешто загрижувачко сега не знам колку е тоа обилно, јас имав исто многу обилна менструација и исто густа со парчиња.. одкако почнав да вежбам и да внимавам на исхрана многу се смени, еве две години како го сменив начинот на живот менструацијата сега ми трае по 4 дена, на 3-4 месеци ќе се случи првиот ден да имам болки, дури користам сега и мини об тампони, понекогаш знае пак да е обилно но и тоа е ден најмногу ден ипол
Даа густа со парчиња, обилна ми е 5 дена и неверојатно многуу ми тече,после 2/3 дена помалку.. менувам сигурно по 4 улошки на ден, а две години веќе оддржувам тежина, внимавам, вежбам, имав 54кг, сега имам 47 и се надевав ќе се смени ама само ми се изрегулира..
Не е страшно. ХПВ нема да ти направат ако немаш индикација за тоа. Овде секој различно ќе ти пише,но според мене не е страшно. Нормално е да е обилна и густа во првите денови. Истотака на гугл пиши menstrual bleeding colour и ќе видиш што спаѓа во нормала. Не се плаши,важно имаш редовно и се чистиш.
Не си била до сега на гинеколог? 4 улошки не се многу, е сега ако цели 5 дена ти е така, да, не е баш малку ама не мора да значи ништо лошо...сепак треба да си одиш на контроли. А парчињата се нормални(најчесто).