Здраво женски, дали има некоја членка со иста менструални мака како мојата, значи и пред да добијам еден ден и кога ќе добијам се чуствувам многу лошо како да ме дува ветрот, многу мачно, како да ми се нишаат нозете омалаксана значи тотално без енергија и анксиознооо.. Пијам б6 магнезиум по потреба и хелекс, притисокот ми варира 110-60...
Десет дена пред да ми иде со болка во стомак, омалаксаност, главоболки, умор константени тој период сум со страшно црни мисли, анксиозноста и паничните на плафон, исто и кога ќе ми заврши 2-3 дена.
Пред тоа немав проблем, оваа година ептен и почна ептен стомак да ме боли првиот ден кога ми иде, а пред тоа болеше ама се издржуваше, сега без апче нема шанса. Исто и со извинување пред да ми иде многу одам во тоалет ме фаќа пролив. Еве сега кај и да е треба да ми дојди, денес утре или друг ден треба да е тука.
Исто и јас одам почесто во вц, само што немам болки во стомакот, ама многу се осеќам лошо во главата, како да се нишам, нема сила едноставно...
Сакам да споделам една информација со вас. Пред неколку дена снаа ми беше на лекар и таму и рекоа дека ВЕНТОР влијае на носењето на плодот, дека жена/девојка која пие вентор не може да го носи плодот(бебето).....
Здраво женски Имам 23 години и многу болна менструација. Бев два пати на различен гинеколог, ми правеа ехо, едната ме прати и на испитување хормони - сѐ било во ред, дури таа кажа одлично Некако не ми се чини нормално, но како и да е.. Дали знаете некоја природна варијанта за намалување на болките? Топли облоги и чаеви понекогаш помагаат, понекогаш не. Фала ви однапред
Пиј магнезиум, помага за грчевите. И јади банани, имаат калиум и тој исто помага да немаш многу грчеви. Гледај да си што поактивна, мене лично физичката активност најмногу ми помага. Ако сум вежбала поредовно немам мака, ама ако месецот ми бил улежан, ептен лошо минувам кога ќе добијам.
Магнезиум помага против болките?? А кога треба да ги пијам, пред да почнат или кога ќе почнат болките??
Па најдобро што порано, за да спречиш. Помага магнезиумот многу, само внимавај да не земаш повеќе од две кесички на ден (Mg директ пијам јас, кесички од Алкалоид се мислам) зашто може да направи дијареа. Пробај прво еднаш на ден, па по потреба земај уште еднаш во текот на денот. Гледав пред неколку месеци видео на една докторка од Австралија, збореше баш за менструални болки. Било добро да се зема по еден Ибупрофен, отприлика еден ден пред да добиеш. Објаснуваше што и како, само ми избледнале причините зашто поодамна беше. Ако го најдам ќе го постнам. Не сум пробала да видам дали ќе делува, стално некако заборавам.
Здраво девојки. Имам 29 год. и до пред некој месец не сум имала некој посебен проблем со болки пред менструација. Два три дена пред да добијам малку ме болело, но ништо страшно. Последниве месеци 10 дена пред да добијам почнува да ме боли и тоа прилично јаки болки, да ме будат и од сон. Гинеколошки нема ништо, редовно одам на прегледи, пап, брисеви и се е уредно. Менструацијата ми е редовна. Не знам што да правам не се трпи, многу денови се..
Исто. Без еден кетонал не ми поминува болката. Иам пробано секакви апчиња. Тие добри ми се кога ме боли глава, рака, мускул, нога, али за кога иам добиено ко бонбонки ми се. Е сега, среќна сум што не ме боли секад стомак, али вакви денови кога сум под стрес, прво на ова ми мава.