Мене не ме боли секад стомак, али вака некад ко ќе здоболи, си плаќам за сите пати што не ме болело. Се сумњам дека ми е од стрес, па затоа вака
Здраво, Неколку пати ми се дешава, втор ден од циклус да имам тапа болка на левата страна, околу јајници и странично, понекогаш и ми пречи во движење и спиење.Посетив др, се во ред. Дали некоја има слично искуство. Фала
Имам болна менструација.До толку имам болки што не помага едно апче,секогаш пијам по две три.Сега купив кетонал,зошто читав овде дека помагал.Ама му го читам упатството за употреба и гледам дека многу јак лек е.Па сега ми е страв да пијам од него за да не ми наштети од друга страна.
Нема да ти наштети, напиј се, ќе ти помине. И мене само тоа ми помагаше порано кога имав болки. Фала бого ги немам веќе со години.
Во раните 20 ти само со кетонал ми поминуваше, па дури и во средно. Се сеќавам еднаш на час пиев скришум затоа што мислев ќе се онесвестам од болка. До ден денес си имам болки, кога многу јаки кога послаби без оглед на тоа што имам родено веќе.
Мислам дека имаше ограничување за колку кетонали можеш да испиеш, конкретно кај Кетонал Форте ми се чини дека во упатството пишуваше до 2 таблетки на ден. Провери убаво во упатството, ама мене така ми има останато во сеќавање. Ги пиев и јас во рани 20-ти, ама за брзо ги баталив искрено. Поефикасна комбинација ми е Ибупрофен + магнезиум една кесичка. Има еден магнезиум што се раствора во вода (од ДМ маркет го купувам) и ептен смирува менструални грчеви.
Напиј се. Девојчиња/жени. Менструација која е болна не е нормална. Мора под итно подлабоко да анализирате со гинеколог што е она што ја предизвикува болката. Односно болна менструација, која поминува со обичен аналгин и бруфен е сосема нормална појава, болка која не поминува со три таблети одеднаш и ве спречува во вршење на секојдневните активности, тоа НЕ Е нормално.
Која е таа шо успеала кај гинекологот да ја реши оваа ситуација Одиш таму ти вика напиј се апче, стави си топла вода, и чекај до кога ќе родиш за да ти помине
А, јас сум од тие на кои Кетоналот не им помага за ниедна болка и се чудам на препораките. Ти пробај ако другите не ти помагаат веќе.
Мене ибупрофен ми помага ако не се издржува. Иако се обидувам да избегнувам апчиња ако ептен не морам. Патем имам приметено дека болна менструација имам ако сум била многу под стрес претходниот месец. Не знам дали е ова индивидуално или и на други им се случува. Меѓутоа дефинитивно има разлика.
Какви таблети обично земаш? И јас сум цел живот со болни циклуси, ќе видиме сега после породување дали е нешто сменето. Бруфен ќесички од 600мг или Налгесин форте ми помагале, плус ако сум дома обавезно шише со топла вода.
И јас пиев Ибупрофен и ми помага ама од друга страна ибупрофенот го намалува крварењето и користејќи го повеќе време од што не се исцедуваше крвта ми се зголеми слузницата на матката повеќе од што е вообичаено и затоа престанав да го пијам,и од тогаш се стабилизирав ама пак имам болки.
Пиев налгесин ми помагаа ама потоа ги имаа нешто ослабено и не ми помагаа,потоа инупрофен ама ми направи проблем пошав погоре што.И сега барам нешто друго.