Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lili1, 15 јануари 2010.

  1. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    еве и ја нешто да кажам.моментално имам добиено и на работа сум а така ме боли стомакот што ке полудам ама тука ми се кетонал и смируваат.но сакав друго да кажам сум слушнала дека нешто кога ке те боли поготово ако имаш добиено стави си до тебе ако имаш маче или куче како што кажа една феминка над мене и кога предат стварно поминува.гушни си го или на боното место стави го да поседи и поминуваа :) позззз
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас имам страшни болки кои обично траат првиот ден а некогаш и вториот.мене ми помага само кетопрофен од 100г,понекогаш пијам и две,пијам и чај од нане плус па се справувам некако...еве се ближи денот утре треба да добијам... :doh:
     
  3. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Мене порано некогаш ме боли стомак а некогаш не ни осеќав дека имам ама од ова лето па наваму секогаш ме боли стомак, добро сега не се некои страшни болки понекогаш помалку боли понекогаш повеќе, ама сепак мн ми е глупо што понекогаш морам да пијам кафетин а и4 не сакам да пијам ап4иња. А и порано напиј се кафетин за 15 минути поминува, а сега дури после еден саат... се плашам за некои време да не по4нат и4 да не делуваат ап4ињата, а други немам ни пробано овие сега за сега ми вршат работа...
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Јас веќе неколку години пијам Вентор, исто ми делува како Кетоналот, ама не ме боли желудникот. Имам читано многу за штетните последици, ама нема друго чаре. Имам премногу болни циклуси, многу малку крварам, ама затоа првиот ден не можам да мрднам од кревет.

    Помага електрично перниче на нозете, во комбинација со топол чај е добар начин на олеснување на болките.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Кога жената има болки обично рефлексно се склопчува со нозете и се стега. Помага ако ги исправиме нозете и малку ги истегнеме неколку пати. Ако болките не се големи, ова може да придонесе за моментално олеснување.
     
  6. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Првите 3 години немав ни б од болка при менструација, можев да трчам, скокам без никакви проблеми. Е потоа се се смени. Скоро секој месец имам неиздржливи болки, не само во пределот на стомакот туку по целото тело. Ми се има случено дури и цел ден да не јадам и да повраќам само од менструација. Лек? Задолжително апче, и дел од првиот ден секогаш го прележувам во кревет со шише со топла вода на стомак за да ми ги ублажи грчевите. :)
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Јас бидејки сум алергична на кафетин и слично, отприлика една недела пред тоа пијам магнезиум растворен во вода и стварно е ефикасен.. се продава во сите продавници како витамините на растварање и нејбитно тоа е природен лек :)
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Ина4е да кажам нешто, зна4и стварно се изнервирав дека мн по4на да ме боли стомак, и си викам сега седнувам на ком и ќе најдам неш на интернет, оти овие лекарите ништо не ти кажуваат против болки освен аналгетици.. и најдов таму зна4и пишуваше 4-5 дена пред да добиеш менструација, да пиеш магнезиум ( на пример јас пијам шумливи таблети, по 1 на ден) и Б-витамини, оти тие ги опуштале мускулите, и сега за сега да не се подре4ам фала му на Бога многу е подобро всушност само првиот ден ме болеше малку ама тоа не е толку многу за ап4е да пијам, па така дури ни таблети не пијам последните 2 месеца да не се подре4ам...
    Ама зна4и болките може да се од разли4но потекло,(може јајниците од неш да те болат -воспаление или неш друго), но ако болките се од контракциите на мускулите на матката тогаш магнезиумот помага стварно помага... сепак мислам дека вреди да се проба... :)
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам многу јаки болки и најчесто пијам Кафетин Менструал, еден не ми помага и пијам 2 одеднаш. Ама веќе и тоа престана да ми делува. :(
     
  10. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    И јас имам јаки болки и отпрвин матичната ми забрани апчина бидејки многу мало сум била но по извесен период кога веќе неможев да ги поднесам болките ми одобри да пијам ама само Кафетин Менструал но им периоди кога пијам и по 2 одеднаш иако ми е забрането :(
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Најчесто се соочувам со болни до страшно болни менструации првите 2-3 дена, ептен ретко некогаш ми се случувало да имам без никаква болка.
    Кога подразмислив малку што сум правела пред неболна менструација сфатив дека несвесно сум реагирала превентивно. Знам некогаш кога имам безвезна главоболка или да чувствувам омалаксаност и како да качувам температура, да пијам аналгин. После тоа ете ја менструацијата ама без болки...така забележав.
    Аналгинот на пример при болна менструација ни под разно не ми помага...ама ете тоа е ретко. Вака инаку ако немам потреба не сакам да се клукам со аналгини пред да добијам (а можда е подобро така..не знам), а после тоа па откако ќе ми дојде и ќе почне да ме боли сакала неќела за да се намали страшната болка морам да пијам апчиња против болки. Имам испробано повеќе видови на апчиња против болки.
    На почетокот пиев кетонал, па ми рекоа штетен е немој да ги пиеш, а тоа време бев 14-15 год.
    Па преминав на кафетин менструал ама за моиве болки кога некогаш се стварно тешки, не е ефикасен.
    После тоа пробав некој друг (мислам дека Лекадол) ама не ме држете за збор, а убаво делуваше. И сега во последно време сум на Налгесин С и исто добро е.
    Ме стрефи последниот пат од тие најлошите видови на менструална болка, не можев да се исправам, да се придвижам дури и не можев да земам воздух убаво.
    Се преплашив, а баш ко за беља во моментот немав никакви апчиња дома и немав кого да го испратам да ми купи. Едвај некако собрав сили да отидам до аптека и ми дадоа Налгесин ама форте. Таму на лице место се напив зошто готова бев да припаднам, па ме седнаа малку додека да почне да делува за да можам да преминам улица да се вратам дома. :sweat: :sweat:
     
    На soul.sk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш,од мое искуство можам да ти кажам дека женското тело е подложно на промени.И јас како девојка имав многу болни менструации,до онесвестување,ако не испиев апче и чај од нане не можев да преживеам,но по раѓањето на децата..болката попушти,боли и сега но се поднесува.Е сега е различно пред да добијам ми удира на психа па побудалувам :D :D да не знаеш што е полошо :emo:
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ахх мене од сега психата ме фаќа по многу, а во иднина па којзнае што ќе ми се дешава :D :D
    Дајбоже на сите да им се случи таква промена :) , па и на мене и да се спасиме од маките. Уште од порано и мене ми кажуваа така дека некогаш во иднина може ќе прекинат болките. Ама еве 7-8 год по првата менструација не престанаа. Прво ме тешеа дека кога ќе почнам да бидам сексуално активна ќе се потсреди али ништо не смени тоа. За понатаму здравје кога ќе имам деца некогаш дајбоже може тогаш ќе се смени.
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Мене ми доаѓа на секои 2-3 месеци, и тоа не да ме боли стомакот, дури лошо ми е, повраќа ми се. Не пијам ништо, освен ако одам некаде.Првиот ден најмногу ме боли,ама само легнам и чекам да помине.
    Женски маки :doh:
     
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мене кога ми доаѓа, првиот ден имам најстрашни болки. :x
    Ни се седи,ни се стои,ни се лежи.
    Ма 10 таблети да испијам,не бре брате.
    Колку имам плачено од што ме боли ,Господ,јас и перницата моја знаеме.

    И ова само првиот ден.Вториот ден болката е многу помала,а другите денови ништо не чувствувам.
     
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Болна тема, болна менструација.

    Секој месец справувај се со истите маки, превиткување, топли облоги, чаеви, коктели од апчиња. Не знам кој е спасот од ова. Уште од првиот пат, се до ден денешен, јас имам големи болки тие три/четири дена од циклусот.
    Имам мали болки и пред да добијаm, ама не е ништо озбилно.

    Абре кога имам добиеno само лежам, облоги, апчиња и што ти уште не.
    Сега пријам Кафетин Менструал и можам да кажам дека ги заблажува болките :D , ама тоа трае само час/два и потоа старата песна.
     
  17. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Имам преболна менструација, единствено ми помага кетоналот. Порано пиев и кафетин и од тоа ми помагаше ама повеќе не. :(
    Бев и на гинеколог и ми откри цисти исполнати со вода, пиев апчиња за нив и пукнаа па потоа наредните неколку пати не ме болеше стомакот толку и сега пак. ;(
     
  18. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас користам Кафетин Менструал бидејќи имам многу јаки болки што не се поднесуваат ..најлошо од се е што крварам многу...исто така кога сум во овулација ми се појавуваат болки во долниот дел на стомакот или на десната или на левата страна (зависи кој јајник испушта јајце-клетка)
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Не ме боли редовно,но кога ќе почне да боли имам ужасни,неподносливи болки.Пијам Кафетин менструал и од него по половина час некаде се смирува болката,но потоа сите денови за време на циклусот константно чувствувам некоја тапа болка во долниот дел на стомакот.Станува подуен и чуден.
    Сума сумарум,многу тешко ја поднесувам менструацијата :worried:
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ее јас сум од оние личности кои најтешко ја поминуваат менструацијата...абе ужас !....ако не секоја секоја втора менструација сум на инфузии од толкави болки :/.......иначе Кетонал Форте и Бруфен се борат со моите болки ....