ова навистина е така , и јас сум приметила дека ако имам редовен секс (не мислам секој ден ама барем 2 до 3 пати неделно) помалку ме боли.
И јас имав болки во текот на менструацијата. Имам прочитано дека при консумирање на цимет се намалувале болките. Бидејќи летово бев физички ангажирана речиси секој ден , некако ми исчезнаа болките ( не тренирав и не вежбав во текот на менструацијата ) и плус имав околу 4-5 дена. Сега само 2-3 и сосема малку ( последниве 2 месеци , т.е откако почнав физички да се ангажирам повеќе )
Поболна од мене никој нема . неможам да станам од кревет само се виткам додека не почне да делува апчето (кафетин менструал) .
^^ Јас пијам кетонал форте+ аналгин+Б6.Колку сака нека е штетно не се издржува таа болка, а не сум во можност да одам на инјекции цело време. Отприлика ми кажаа дека ова им во инјкециитее, нормално со апчиња е поштетно ама јбг. Сме се родиле жени, мораме да прогураме некако
Јас секој пат имам болна менструација... значи мора тоа секој пат страшно да ме боли ... Еднаш се имам и онесвестено од страшна болка... А инаку пијам Кафетин Менструал и Кетонал! И бај д веј малце сум офф тема ама слушнавте ли за овие новите влошки со анјони ... па нешто како да ја намалувале болката бла бла.. незнам колку е точно тоа ама јас не верувам во тоа... Апче си е апче
Кои се тие влошки? Да ти кажам се би пробала, да не треба да се клукам со толку апчиња, иако искрено ни јас не верувам ама ајде, од мака човек се ќе проба
Обично првиот ден од менстрацијата имам болки и кога не можам да ги издржам ќе се напијам едно Ибупрофен 200 и Б-компекс и раат сум после
Само Кетонал 100мг, ништо друго не ми помага :/ Гледам колку можам да избегнам да се напијам, ама не функционирам без нив.... :/
Порано пред да родам имав многу болки секој месец бев со кетонал сега одкога родив болките престанаа .
Ете со тие маки моментално се справувам, а иначе пијам парацетамол и за 15 тина минути ми поминува болката, порано со 1 парацетамол сите 5,6 дена не ме болеше ама колку иди ми се привикнува организмот на парацетамолот и пијам ако не секој ден, секој втор. А и се ,,разгалив,, и неможам сега воопшто болка да поднесам, само што ќе осетам нешто и одма за апчето се фаќам
Ejj, кажувајте ако дознаете било што за оние влошките спомнати погоре, макар биле и поскапи би прежалила и пари и се', само да не морам да се редам апчиња, шишиња со врела вода, чаеви - се мразам што сум жена во тие неколку дена на почетокот. Инаку, ако ви е од помош (не знам што сум пишала претходно), јас имам значи ужасни, ама баш ужасни болки - небаре јајниците рокади ми прават таму доле и притоа вруток ми извира со кујзнае колку метри кубни во секудна - значи ужаси претрпувам, само да не стигнам до инјекции, ги мразам. Пијам еден аналгин, си приготвувам чајче од било каква билка (нане, коприва, камилица, ајдучка трева, мирудија), го пијам без шеќер, ама врел и ми стана навика топлата чаша да си ја држам на долниот дел на стомакот додека се излади. По потреба држам и шишенце со врела вода, или пак перниче - колку да ми грее. Поминува, не сум имала потреба да висам по болници, ама ужас е. Чудо некое, последниве 2 менструации ми поминаа супер - како воопшто да немав добиено. Да не се почудам, ама се надевам дека така ќе остане.
Имам болни менструации и пијам кафетин менструал, но станав зависна од нив и ако немам дома апчиња, а ме боли многу болки си мислам готово отидов јас по ѓаволите
Мојава последна менструација беше хорор. Не можев од дома да мрднам, ако седев подолго од 10 минути, кога ќе ме стегнеше стомак... Ужас. Плус проследена со дијареја и лошење, дури почнав да се сомневам дека ми е стомачен вирус. Поим немам од каде дијарејата ми е поврзана со менструацијата, но не е добро поврзување, верувајте. Пијам обично Бруфен ако имам болки, но ова последнава ептен ме потресе. Пиев по два Бруфена на ден.
Дузи нормална е појава на дијареа и гадење при менструација. Ужасно е кога ќе дојдат заедно со болките, ем не можеш да излезеш од веце, не можеш да лежиш, не можеш да седиш, ни да јадеш, ептен те разбирам.
Ауууу менструалните болки ми се....по ликот човек познава кога “црвената тетка“ ми доаѓа на гости и све шо ми праи . Спазмекс мене најдобро ми делуваат, ама две одеднаш, од едно исто ми е ко да не сум се напила. Инаку избегнувам апчиња секогаш кога можам. Исхраната десетина дена пред менструација навистина може да има свој удел во степенот на болка. Јас тој период јадам јајца, брокула, внесувам многу железо, избегнувам благо најмногу што можам (затоа што шеќерот ја стимулира менструалната болка) и гледам да не претерувам со млечните производи (чаша јогурт заедно со појадокот и парче сирење во состав на еден оброк во денот се сосем доволни овој период, а така и јас практикувам).
девојки кога имам менструација имам големи болки во пределот на кичмата,дали може да се спречат некако тие болки?!