1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lili1, 15 јануари 2010.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    пиј бруфен 400мг 3 пати на ден после јаденје
     
    На Lady97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    мене менструацијата ми трае 2-3 дена за време на неа не ме боли многу ама пијам БЕНАЛГИН по пола и ми помага ,ама от кога ке ми заврши кога ке ме фати наеднач не можам да се свестам од шо ме боле ,ни апче не ме спасува :| ке трпиш тка едно 30 минути ама ми стои мене цел век :doh:
    А за беналгинот мн. се добри јас пијам по пола и одма поминува а иначе у проспект писе за Болна менструација ]:)
     
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Највеќе болки имам првиот и вториот ден, додека да пробие.Потоа ми е полесно. Ми се случило да скокам од кревет од болки. Кафетин менструал не можам да се напијам бидејќи сум алергична на него. Пијам по еден парацетамол на 8 часа.
     
  4. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    ме боли стомакот 1 недела пред да ми дојде и неколку (3-4дена) од кога ќе ми помине. Пијам кафетин менструал па сега за сега помага.....
     
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    4.990
    Jас порано си одев на инфузија, седев пола саат да ми истече инфузијата и после како нова. Ми беше малтретирање, да, ама немав друг начин.. Ни кетонал не ми помагаше.
    Сега веќе една година немам отидено на инфузија, се ми се регулираше со апченцата за контрацепција...
    А ако ме подболнува нешто, еден Налгесин С и пак ко нова! Имало спас за мене! :)
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имам и те какви болки.
    Но има некоја чудна работа понекогаш ми се јавуваат грчеви само денот кога ќе добијам, и тие се повремени и лесно издржливи зошто се куси, по неколку секунди. Но доста често од 10 менструации мене 9 ми се екстра болни, само 1 е ОК.

    Тоа болки невидени, неколку дена пред добивање почнуваат болки, од време на време. Кичмата мислам ќе ми се скрши, штом се наведнам некој како нож во крстот да ми забодува. Минатиот месец перев нешто и бев наведната над када едно 10-тина минути, после тоа едвај се исправив, ко 70 годишна старица, за плочките се држам, полека се исправам и офкам.

    Денот на добивање е убиствен, а богами и првата капка, која е проследена со еден убиствено долг и јак грч, штом ја осетам знам дека е време да одам да ставам влошка.
    После почнува некоја непостојана ужасна болка, која би можела да ја споредам со сечење на живо, мислам дека кога би зарила нокти и би си ги извадила јајниците помалку ќе ме боли отколку тие грчеви.

    Вториот ден и болката се намалува, се издржува некако. Третиот веќе немам болки и таман ќе помислам дека завршило се и менстрација и болка, доаѓа тетка болна овулација да ме мачи уште некој ден.

    И така секој месец :( .

    Пијам Кафетин менструал, и за некое чудо ми помага, пу, пу, пу, да не го урочам. Го пијам одприлка на 6 до 8 саати, но темпирам секогаш да ми испадне да пијам половина час пред да спијам, зошто се имам разбудено од болка имав чуство дека умирам. Пијам само првиот ден, ретко по потреба и вториот.

    Иако да признаам Кафетинов неколку пати ме има изневерено, а и организмот ми полуде. Болка неверојатна, мислев дека се пораѓам во сон сум рикала како магарица од болки, цела куќа сум ја разбудила, со моето пиштење. Кога ме разбудија мислев дека телото од папокот надоле некој ми го гмечи. Кафетинот што го имав испиено пред спиење не дејствувал, се напив уште еден, саат време крештев и врескав, ниту тој не ми помогна, термофори, топли ракии, свашта ми става, додека мислев дека умирам.
    На крај видов невидов си голтнав 2 Кетонали и малку од малку се подсмири болката, можев барем без солзи да ја изржам, иначе ако и после Кетоналот немаше подобрување ќе одев во Итна да ме средат.

    И како после се ова да не се плашам од природен пораѓај за кој велат дека боли дупло повеќе отколку менструални болки?
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Едноставно се онесвестуваш од болка, отрнуваш и не си свесен што ти се дешава (бууу :sweat: се зезам). Нема везе, немора да значи, кај секого е различен интензитетот на болка и секој различно ја сваќа ,,болката,,.
    Пред породување и јас имав болна менструација и тоа неколку пати завршував и во брза помош а сега после породување многууу ретко, дали 1 или 2 пати во година ќе биде болна.
    Најубава на Петко :) практикувај секс, ден-два пред да добиеш па кажи резултати ;) (чудно ама вистинито, ја уништува болната менструација)
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Во она што го напишала Најубава се пронајдов. Исто и јас имам ужасни болки дента кога добивам. Два пати се имам онесвестено во веце. Инаку мене ми поминува со кетонал и ја виткам половината со кебе и кога ке ја стоплам и кетанолат ми е ок и морам да отспијам малку и подобро ми е. Многу пати на работа се виткам ама неможам да си одам и тоа ми е умирачка. Ахххх ние женските сме само да трпиме маки :D Се мислам и јас ако ова ужасно и неиздржливо боли како ке биде ако треба да се породам природно. :| :x
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Абе Цаци, сум практикувала и практикувам, ама па кај мене тие денови и сексот знае да биде болен. На сред чин се има случено да ме стрефи грч, и инстиктивно да се трудам да спојам нозе.
    Трае неколку секунди, и ми крши мерак, башка и секоја акција потоа има болна реакција.

    А она за пораѓајот верувам дека не е дотолку страшно колку што јас сум го замислила, ама сепак имам некоја аверзија.
    Но до тие моменти имам уште време па ваљда ќе престрашам некако, мечка-страв, мене-не страв. :D
     
    На thelittle17 и slavica999 им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Епа жено.....раѓај :$ :D
    Се зезам, се во свое време, а аверзијата ќе си ја побиеш сама кога ќе дојде време, зашто не си ни свесна што ти се случува тогаш, и само очекуваш да го зграбиш тој бебуш
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ти сигурно си најубавата на Петко?
    Исто значи потполно истото го доживував секој месец.
    И јас исто неможам да имам односи пред добивање, зашто ми се болни тие односи и имам грчеви.
    Болката е како да ми се превртуваат јајниците а во исто време некој со нож ми ги боде.
    Ме боли 1 до 2 дена, а потоа за овулација пак ми реагираат јајниците. И јас се имам будено со болки пред умирање.
    А пред да добијам недела дена јас сум нервозна со болки во кичмата, подуван стомак ко трудница и гасови, гадење, нередовна столица, некогаш и нервоза која неможам да ја регулирам, едноставно ќе се раздерам и тоа излетува од мојата уста а неможам да се контролирам.
    Ебате женски хормони.
    Со таа разлика што јас наместо кафетин пијам кетонал, кафетинот воопшто не ми реагира.
    Последниве месеци имам тактика, ќе добијам и пијам кетонал, после 7 ипол часа пијам пак кетонал, не чекам да добијам големи болки, зашто кетоналот има околу 8 часа дејство. И после тие 8 пијам уште еден спазмекс.
    И морам да кажам последниве месеци каде каде подобро ја поднесувам менструацијата.
    Е може ќе ми се погоди помалку болна меструација што е реткост, една годишно, ама барем не се мачам последниве месеци, со пиењево редовно на апчиња. Претходно се трудев за издржувам, па штом видам не иде ќе пијам апче, па чекам да дејствува, па ем умирам од болка ем пијам апчиња и секоја менструација иста приказна. Вака имам нормални болки и ги прекратувам пред време со апчиња.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Леле Роси, напатена сестро елај да се гушнеме и тешиме.
    Јас не спомнав хормонално стање кое е динамично како Формула 1, еден момент сум како мало маче, мислиш предам, додека си се свртел малото маче вришти, и се кара за свега и свачега.
    Само Шумахер, или некој изузетно добар Ф1 возач може да ме прати и контролира, Петко пати заедно со мене, он секогаш го добива најдебелиот крај, па кога ќе ми текне дека он не е ништо крив, сакала-нејќела се извинувам и умилкувам.

    А за апчињава, за некое чудо мене Кафетинот ми помага, можда е и на психичка база, зошто доктор ми има кажано дека Кетоналот се хемиски јаки апчиња, и дека треба да се пијат во исклучителни случаи, па затоа можда се тешам со Кафетинот, а можда и ми делува поинаку, зошто нели секој организам е различен.

    Женски маки, и покрај сиот страв, и покрај сите болки јас упорно сакам некогаш да имам женско дете, но кога ќе размислам низ што се ќе треба да помине некако си подразмислувам, но о том-по том, сега за сега ќе "уживам" во болките.
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    до пред неколку месеци имав мн болна менструација,со гадење и мн големи болки,а сега овие неколку месеци немам голема болка али мн обилна ми е менструацијата сега :@
     
  14. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Јас открив како да ми се намалат болките.Си купив од оние гумените што се полнат со топла вода(заборавив како се викаат :D :D :D ) го ставам на стомакот и болката бргу поминува,пробајте ...
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку читав во списанието КОСМО дека тие девојки кои се физички активни, немаат болна менструација, што стачи девојки акција
    и тоа од искуство ви кажувам(тој месец и нешто кога вежбав пилатес не ни чуствував болки кога добив)
    а инаку ми помага ментол бонбони
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Драги мои напатени души, јас од кога знам за себе имам болни менструации, и тоа го разбирате сите оние кои сте го поцуствувале на своја кожа. Не односи пред циклус, не физичка активност (5 години се бавев со кошарка), нисто не помагаше. Сега во моментов, сум на хормонална терапија јасмин пијам (анти беби пилули) ии да казам дека одлицно се Чуствувам. Ем ми ги решава проблемите со хормоните, ем ми е чисто лицето, ем си заштитен, ем стомаков тук тамо ке ме заболи. Пред тоа, беа болки кои се појачуваа со одереден интензитет, па повраќање па треска, и пагање у несвест. Сега да цукнам у дрво сум добра. Ве разбирам сите кои имате болни менструални циклуси.
     
  17. maggie75

    maggie75 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ajduckata treva e bilka broj 1 kaj zenskite bolesti.I kaj mladi i kaj stari zeni vazno e sto pocesto da se pie po solja caj od ajducka treva..pozdrav
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас имам ептен ама ептен ептен ептен болни менструации :( ви кажав, ќе си голтнам Kаферин Mенструал, првиот ден :tmi: знам и да претерам со нив, ама што да правам не можем од кревет да станам
    Kога мочам, едвај напон давам :)rofl: ) 1000 иглички осеќам во јајниците :(
    Aбре, се препотувам од болки, плачам, до сега и неколку пати ми се има случено и да повратам од болка.
    порано 1от ден ме болеше, а сега па чудно 2 и 3от :^) . A за пред добивање, и јас имам гасови, подуен стомак, силиконски гради, болка во кичма, ама тоа не престанува и кога ќе ми дојде, туку се влошува ситуацијата :D

    Jас имам слушнато дека 2-3 дена пред менструација ако јадеш лесна храна нема да биде толку болна... па сега не знам :)
     
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Ма, нека доаѓа редовно,да не доцни,па болката ќе боли,ќе боли па ќе помине.
    Да не се вадам од памет,дали ќе чувам трето или мм на бесилка да го праќам :lol:
     
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Има еден чај јас го имав порано,ама сега ич не ми текнува како се викаше,нешто менз микс ли беше... :?: Прашај во аптека одма ќе ти кажат кој е,се пие 2-3 дена пред да ти дојде и многу ублажува болки.
    Јас првиот ден обавезно сум со кетонал,друго ништо не ми делува :doh:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.