Јас имав болна менструација и користам алое вера и речиси немам болки ако сакате ќе ви казам подетално
Ме интересира дали може да се земе кафетин менструал и при првите манструални болки значи додедка сеуште не ви започнал циклусот? Имам одвратни менструални болки и мислев дали е ок да се земе таблета против болки уште при првите најмали симптоми или треба да се чека?
епа болките може да се распространат низ цел грб и нозете покрај... долен дел на абдомен и пределот околу крстот... ауч мене секој циклус ми е пекол. порано пагав во несвест и ме вракаа во свест со инјекции. после преминав на апчиња а, чаеви глупости не помагаат. ко те боли едноставно те боли. едино чаевите од ла ча на климент охридски улицата шо имаат дукан има една добра комбинација од 3-4 вида билни чаеви конкретно роибос ... и релакс е тие малце помагаат.
Немам многу болна менструација, само првиот ден имам болки во пределот под стомакот. Порано редовно пиев кафетин менструал, ама еве повеќе од година не пијам никакви апчиња. Ако имам многу големи болки, вообичаено се туширам, пијам чај (најчесто од ајдучка трева, по можност бела) и легнувам да одморам.
Јас најбезболно ги поминувам менструациите кога ќе се напијам апче против болки кога ќе осетам мали болки уште пред да добијам. Така не дозволувам да дојде до ненормални болки поради кои сум имала ситуации да не можам да се исправам.
Секогаш имам болки, некогаш мали ..а кога се поголеми не можам да се исправам, ниту пак да дишам. Еднаш дури и се онесвестив од преголеми болки . Најмногу ме болат јајниците, малку половината, ретко чустувам болки во долниот дел од стомакот. Пијам Кафетин Менструал, си ставам шише со топла вода на стомак, пијам чај и легнувам.
Јас го правам истото, чим осетам дека почнуваат одма пијам апче па дури се случува и скоро и да не осетам болки, во спротивно тој ден не функционирам за ништо буквално. Најмногу ми е проблем кога ќе добијам додека спијам, па сабајлето кога ќе се разбудам веќе имам силни болки, па апчето ми делува многу помалце. Инаку пијам Кетонал, а планирам да ги пробам сега Налгесин бидејќи Кетонал се многу јаки.
Девојки дали сте слушнале за Фемисан А, капки на природна база, и дали некој знае каде можам да ги најдам? Многу мислења слушнав дека ги нема по аптеките, иако на реклама убаво си кажуваат- ВО АПТЕКИТЕ.. е ај сеа
Јас имам многу значи многу болна менструација... Обично дента кога добивам неможам да станам од кревет и си пијам кетоналчиња 3 (понекогаш 2 ама тоа поретко се случува)... Имам и инекциии примано за прејаки болки... Знам дека кетоналот е премногу јак но што да правам само тие апчиња ми помагаат.
моментално имам и грбот ме боли премногу,стомакот ретко кога,ама кога боли е неподносливо Спојлер мислам дека слободно можам да почнам со производство:
леле уште сега кога помислувам дека се близат тие денови оффф имам болки и тоа многу,значи првиот ден не можам ни да мрднам од место.. порано цел ден и плачев од толку силни болки алис ега си земам кафетин менструал и можам да казам дека ми помага....
Менструални болки Не сретнав ваква тема па реков ајде да отворам Имам 15 години, порано кога ке добиев ништо не ми беше ама баш буквално се ми беше најнормално можеби една/две бубуљици ке ми се појавеа но ништо повеќе....со тек на време ми стана се полошо сега кога добивам нозете ми потекуваат ужасно ме боли кичмата а стомакот во долниот дел кај јајниците многу ме мачи, не ме боли туку ме мачи како кога имате стомачен вирус на се тоа имам и огромни вртоглавици а неможам ништо да јадам бидејки ако јадам ми станува уште полошо пијам кафетин менструал, некогаш кога ми е многу тешко земам и кетонал разни чаеви ама ништо не ми помага ве молам кажете ми што да правам секој месец по 5 вакви дена ме полудуваат
Едно од ветувањата шо си ги дадов во 2012 беше дека ќе гледам пиење апчиња да ставам на минимум само кога е навистина неопходно, особено коа читнав некои занимливости за спазмекс, кетонал и слични на нив. Последниве 5 месеци мене единствено ми помага чај од кантарион, без шеќер. Откако ќе ја испијам првата шоља, први значителни знаци на подобрување ми се јавуваат по 20ина минути (како и со секое апче) па после уште една и така...Кога не сум презафатена да не знам главата кај ми е, си гледам десетина дена пред менструација да внесувам што повеќе магнезиум, железо и витамин Ц, шо во исхрана шо како додаток во исхрана. И коа го правам тоа немам болна менструација. Ама ете некогаш едноставно немаш време да ти текне да пазиш на тоа.
Сакам и јас да пробам без апчиња да ги поминувам преболниве периоди ама тешко ми оди.. tessie на кој начин внесуваш повеќе магнезиум, железо и витамин ц? Преку oдредена побогата храна со нив или со додатоци, таблети, шумечи и слично?
Преку салати и шумливи таблети (само гледам побогати да се, пример да не се од 100 мг) а за железо си пијам Фероглобин
Пиајм кафетин менструал и имам слушнато дека ако се пиеле тие таблети за време на менструација, за време на бременост ке имало контракции. Дали вие ова го имате слушнато ве молам пишете
Имам јаки болки пиам Spasmex и Analgin.Кога неможам да издржам ме носат на инфузии и инекции.Многу е глупаво !