Некогаш толку неподносливо ме боли што мислам дека ќе ја изгубам свестта. Си ставам топла крпа на стомакот и ќе се напијам или аналгин или парацетамол. Не велам дека ги намалува болките нацело, туку малце, ги ублажува.
Zdravo,vi pisuvam bidejki imam golem problem sekoj mesec Odkako ke mi dojde mesecniot ciklus 7 dena jas imam problem,me boli premnogu stomakot,imam grcevi vo nozete....MI pomaga samo ketonal injekcija,no odkako ke primam injekcija bolkite mi prestanuvaat samo 3-4 casa. i potoa moram povtorno da primam....Ve molam dajte mi nekoj sovet sto da pravam,apcinja,caevi ili sl.Fala odnapred.... [mod-kirilica:2uwyu1na][/mod-kirilica:2uwyu1na]
Нешто што стварно ми помага ( препорачано од гинекологот заради болната менструација) 240 денари мислам дека се, има 20 шумливи таблети. Се пие по една дневно (бар јас толку пијам). Ги намалуваат грчевите и болките ми поминуваат за саат време.
Пробајте една недела пред да ви дојде да пиете бедоксин или Б6. Полесно се поминува и ПМС-от, а и во тек на менструацијата помалу болки и полесно се поднесува.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори женски скоро време добив менс. и имам ненормални болки во стомакот. ми рекоа дека ако чувам термофор болките ке се посмират.Може ли да ми кажете каде да најдам термофор во скопје?фала од напред
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори па немораш баш термафор можеш и пластично шишеда си употребиш наполни го со топла а не жешка вода снајди се па живеј хаххаха
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Термофор ке најдеш во секоја аптека но од топлото повеќе ќе крвариш.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори никако не ставајте топли облоги на менструални болки, значи најстрога забрана е тоа, ни топло ни ладно на стомакот за време на менструација, подoбро лекови напијте се одколку сопствениот живот да си го ставите во опасност.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Да топло никако ,еве ако имаш силни болки напиј се 2 апчиња кафетин менструал и едно вит.Б6 за 20 мин. че ти се намали болката.
http://www.femisan.info/index.html девојки ги имате ли користено овие капки,ја планирам да си ги купам
и јас при менструација имам неподносливи болки, првиот ден проследени со повраќање. испробав секакви апчиња, аналгини, кетопрофени, кафетин менструал, кетонал и ништо ама баш ништо не ми помогна. од сите кетоналот се покажаа како најефикасни ама кога ги пиев се дуев цела, желудникот ме болеше и имав гадењe. од неодамна почнав да пијам дикло дуо. капсули се, имаат ист ефект како кетоналот само што не се штетни за желудникот. ми потврди аптекарката. значи сите вие што имате ненормални менструални болки, ви ги препорачувам апчињата, немате поим колку сум најзадоволна. би требало да ги има во сите аптеки, а чинат некаде околу 130ден 20 капсули.
На сите што имате менструални болки, јас ви препорачувам МНООГУ физичка активност. Запишете се на некаков тренинг, часови танцување, трчање, планинарете/пешачете секој викенд по 3 4 часа... Испотете се квалитетно! Ќе ви се среди за месец два, ќе заборавите на болка и на апчиња...
Јас незнаев дека топлите облоги се толку опасни . Секаде прочитав дека топлите облоги ја намалуваат болката а дека се опасни не прочитав The third method is hot compress. During the menstruation, it is rather important for you to keep warm, especially to keep the pelvis warm. In order to keep warm, you can drink much hot water or you can use a hot-water bag cover the belly. Some minutes later, you can feel that your belly is not so painful any more. Water can be used in its various forms like steam, ice, hot or cold water etc. to relieve the symptoms naturally. Hydrotherapy can be done by anyone and in the comfort of your home. All you need is water and hence it is a safe and easy to use as well.
А дали некоја од вас има болки во пределот на ректумот (односно аналниот отвор) таму позади? Болките се преостри и траат 10-20 секунди и потоа исчезнуваат. Од тоа што имам читано, на многу доктори им е нејасна оваа болка, но најчесто ја објаснуваат како контракција на мускулите во тој предел... Болката се опишува како да те сече некој со нож и слично Јас грчеви во стомак немам, мене ми се случува горенаведеново и си умирам додека трае..
девојќи да ве прашам знае ли некоја некој друг лек за менструални болку освен кафетин менструал бидејќи ми го забранија на доктор а заборавив да прашам дали има нешто за замена
јас ги пиев кетонал форте но многу ме болеше од нив желудникот па преминав на диклодуо капсули. исти се како кетоналот минус болката во желудникот.
Зависи зошто ти го забраниле, консултирај се задолжително. Можеш и во аптека да прашаш за замена која има поинаков состав од кафетин менструал. Има налгесин, беналгин и сл. против менструални болки ама прашај сепак за сигурно дали смееш да земеш.
Беналгин - топло препорачувам! Ама, значи АМА ако се испие непосредно пред добивањето на менструацијата. Ќе си приметите по симптомите и ќе немате мака. Јас сум пишувала и порано, имам ужасно болни менструации и речиси сите се проследени со повраќања, лошења, онесвестување. Едноставно кажано - се губам скроз. Случајно ги бев купила и од тогаш рајот ми се виде, најсикрено. Само, мрзелива сум и обично добивам наутро, па ме мрзи да станам и го одложувам земањето на таблетата, па си ја барам белјата и одвај се опоравувам, ама добро е. Сепак полесно се дише и не е како претходно. Пак ќе повторам - најефективно е и најлесно се избегнуваат несвестиците и нагоните за повраќање ако таблетката се земе непосредно пред добивањето или веднаш по добивањето. Така е и со било кое апче, ама реално, до сега овие ми се најдобри. Кетоналот не го поднесувам, а Кафетинот е за никаде.
vcera mi dojde nemozam da izdrzham od bolki, dali ke mi dadete nekoj sovet? [mod-kirilica:1z3f5bpq][/mod-kirilica:1z3f5bpq]
Општи прашања Девојки ај ве молам помош.Незнаев каде да прашам па реков тука. Многу ме болит стомаков,добив.Незнам што да се напијам,неможам да се помрднам. Се напив аналгин ама не поминуват.