"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Кога го слушам Гујо во разговориве, морам од петни жили да се напнам за да разберам што тоа зборува.
    Незнам колку е точно, ама кога оди на негде надвор од земјава и кога зборува на (facepalm) англиски, велат дека преведувач мора да го преведува неговиот англиски на разбирлив англиски, инаку неможат да разберат присутните што зборува.:shake:
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Абеја и Чка, внимавајте што хејтате оти утре вие тоа ќе го правите :D

    Демек против нашиот протест, против бомбите, против кампување, а кога ќе и издиктира диктаторчето одма се протестира, се кампува, се објавуваат снимки за Заев.... Грујо полека станува се тоа што врмовците го хејтаат кај Заев. Таа негова контра-политика е толку лицемерна и толку срамна, без достоинство бре.

    А што тоа на вмровците кампери им давале (освен нели скапи сладоледи), плус и 1500 дневница.

    Св. Никола те молам спаси ги кутрите вмровчиња, испрати ги по цигари и потоа потапшај ги.
     
    На kjukli, calliope, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    ^Јас пак слушнав на тие од СДСМ им давале дневница од 1200 денари, а за овие од Вмро прв пат слушам.
    И така одиме до бескрај со напади на едните кон другите и обратно. :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.235
    Пол:
    Женски
    @Magnolija & @Feodora е нели се води контра политика, нормално дека двете страни земаат дневница. :D
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ^ јас за СДСМ немам слушнато, ама можеби, од кај да знам. Па вмро да зимаат контра дневница.

    Ама дека овде има повеќе вмровки отколку сдсмовки, затоа. :devil:

    Плус кај камповите пред Влада има луѓе на кои им е доста, на кои им е преку глава државата да ја води искомплексирано диктаторче. А овие пред Собрание оти висат? Ако веќе им е толку прекрасна државата (валјда затоа се таму оти се им е толку убаво, па сега Заев одеднаш и прави да им е неубаво) нека го слават нивниот прекрасен живот. За секоја странска инвестиција нека излезат групно, да пијат, да лумпуват. Сигурно повеќето се со фамилија, ги оставаат децата за диктаторот.

    Ова што го прави опозицијата е сосема нармално, кај нас и во секоја држава. Нејзина цел е да дојде до позиција и затоа ги бира средствата. За нејзина среќа има граѓани кои се незадоволни од оваа тупа влада, ама има и такви како мене кои се незадоволни од двете, ама, сигурно нема како нездрава да одам и да протестирам против опозицијата.

    Плус студенти имало пред Собрание, а тие не дека одат онака на факултет, јас да ви кажам. Пошо ги знам.

    Овој идиотизам нема граница. Кај се видело позиција да глуми опозиција?

    Кај се видело медиум да пишува за македонски граѓани дека се курви, наркомани и пијаници како Миленко. И другите да сметаат дека тој медиум е веродостоен. И не само тоа, да го копираат и да го објавуваат и си ствараат утеха (Миленко ги тапша) дека тие се тие прекрасните, само тие се луѓе, и така треба да бидат над сите. Ама знаете зошто се палат на безобразниот Миленко? Чиста психологија: во себе знаат дека многу нешта не се како што треба, дека ги играат, дека не треба така, мислам секој со малку човечност, ама не сака да признае. Зборовите на Миленко и доаѓаат како залет на тие луѓе, во смисла хахахахахах шо ги е.ам, да хахахах такви се они. ВМРОУУУУУ. И така ги теши еден недотелкан. Жално.
     
    На anakonda88, theowndemon, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.094
    Допаѓања:
    257.408
    ^
    А Шанац, моронот Тони Михајловски, кај го заборави? Го читате ли? Јас, ете не знам, абе нормален е човекот?
     
    На referentka, kjukli, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ^ избегнувам да го читам пошо не можам да се соочам со толква глупоќа. Како уметник, овој ме навредува со тоа што самиот се прави уметник. Пред мене има глумено, катастрофа е. Каде со таа иста та иста фаца? И тоа глупавите негови фори... и најлејм ми беше кога изгледаше како детенце кога Грујо му беше на гости.

    Пресмешен ми е најмногу ради син му кој беше со нас на протести. Е сега, имам кој да прашам ама не ми текнало дали е таму да не нагледува или вистински протестира.

    Го знаеш тој твитот, не знам од кој е: Имате апчиња против Тони Михајловски? - Не и тие се продадени како и него. муахахах
     
    На kjukli, JuLleE, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не ми се допаѓа уште од самиот старт, играњето со Смилковско и сите шпекулации што произлегуваат од таа "бомба". И тоа е доказ, а Заев веќе со месеци го чува во својот сеф. Сето што произлегува е криминал, тоа е факт, меѓутоа знаеме ние каде најмногу не боли. Се држат во неизвесност семејствата на загинатите, се држат во неизвесност затворените, се држи во неизвесност цела нација. Срам да му е, ако има срам. Знам да, знам, па чекајте, па да се искалкулира, па дали е погодно времето бла бла, човеку ако се мислиш подобро не го спомнувај Смилковско додека не се решиш да ги објавиш тие разговори. Или немаш ништо, или се пазариш со некој, колку подолго одолговлекуваш толку повеќе си го валкаш и онака не чистиот образ. Со месеци, кампања тера, глупости. И тие пред влада и тие пред собрание, се уништи идејата за протестирам. Што прават? Смешки од оваа држава. Овие пред влада се забавуваат? Одржуваат маратони? Филмски проекции? Музички настапи? Не ги следам искрено, револтирана сум, не сум ни пошла, сакам да протестирам пред оваа влада, а не да им дозволам да ме гледаат како супер си проаѓам на забавата пред таа грда зграда. За овие пред собрание ич да не зборам... изгубен случај. Нека си ги соберат камповите и едните и другите, вака не правиме ништо, нема ефект. КОга ќе прочитам која позитивна енергија се ширело во кампот пред влада... дечки стварно ви е позитивно? Океј е, разбирам, се зближивте, се сплотивте, си најдовте другари, може се сликавте со Заев, ху керс, доста беше.
    Не знам, не знам... во моментов ни двете групи не ги подржувам, смешки...
     
    На GeoDidi, BezglasnaBukva, mami blue и 8 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    јас денес видов програма со активности за кампот пред собрание. Мислев монтажа е дур не видов кој постира. Ова ги помина границите! За помали "кризи" имавме многу пати предвремени избори, а сега за кризиштево ништо не се случува.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Дајте линк од бомбата од денес
     
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Претераа со бомбиве, навистина си играат со чувствата на граѓаните...ги најавуваат како да се турски серии....ми се повраќа веќе од нив.Што бидна со бомбата од Смилковсото езеро,зошто ја чуваат уште?
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Што е финтата со становите?
     
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Искрено не ги слушам воопшто, финтаџии се и едниве и другиве и им посакувам самите да летнат во воздух со тие бомби.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А јас слушам...
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Па се знаеше дека газдата на Адора еден влез цел изгради само за нив...машала по два стана...така треба од заштеда.
     
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    ne e tocno ova , jas imam drugarka sto kampovase 3 dena tamu i ne e vistina toa deka im davale pari , ne znam sto uste ke sirite dezinformacii
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Нема валда да кажеш дека за без пари висела таму по цел ден???Дај молимте нека не те лаже, сите имаа дневници,јадење и пиење а и така треба, па за лепи очи нема да денгубам ни за родена мајка а не па за сите тие лопужи.Они во топли кревети а другиве во шатор за бадијала!!!!Такво нешто не постои ни во фантастични филмови.
     
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Добро сега , јас потполно те разбирам дека ти рекле од партијата да ширите дезинформаци за да се создаде омраза и да перите мозол иако тоа више не проаѓа , али јас не те обвинувам ниту сакам да контрирам нешто тоа си е твој избор, али пак ке повторам не е тоа точно дека даваат дневници , доколу даваа толку дневница ке отидеше пола Македонија таму бидејки луѓево немаат за леб
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Е па кој друг може да безделничи по цели денови?! Еве јас морам на работа. За да дремам таму 1. Мора да немам што друго да правам 2. Нема да одам да седам 24х7 за ништо.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.