"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Јас за двете партии реков дека имаат надокнада,не само дека едната дава.
     
  2. n!KoLa007

    n!KoLa007 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    абе луге и груевски и заев се ногу добри они убиват луѓе абе исто како мравки да газат
    само не се родил некој со нив ке ги истреби
    ама и за нив смрте не е казна туку спас
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Фебруари Грујо вика нема шанси за избори
    Јуни Абе ќе има бе ......

    Голем шахиста е Грујо се гледа

    Еве еден извадок што све си кажа шахистот и што све контра испадна


    Груевски и Контра-Груевски – што рече и што порече премиерот досега

    Груевски: Барањата на наставниците се неиздржани.
    Контра-Груевски: Им ги уваживме барањата на наставниците.

    Груевски: Пасошот на Зоран Заев му е одземен поради основано сомнение дека планирал да изврши државен удар.
    Контра-Груевски: Пасошот на Зоран Заев му е вратен и го повикавме на Совет за безбедност.

    Груевски: Не даваме оставки поради сечени, лепени, креирани, монтирани и прелепувани материјали.
    Контра-Груевски: Еве три оставки поради сечени, лепени, креирани, монтирани и прелепувани материјали.

    Груевски: Сакаме независни набљудувачи во македонското Јавно обвинителство.
    Контра-Груевски: Не сакаме надворешна независна истрага за Куманово.

    Груевски:Името не го даваме!
    Контра-Груевски: Само може да биде Северна Македонија Република Демократска (Конго Заир Скопје Амстердам Вардарска).

    Груевски: Добро познати странски служби сакаат да не’ уништат, се вртиме кон Русија оти Западот не ни мисли добро!
    Контра-Груевски: Немаме цврсти докази за вмешаност од странски служби, САД, Германија и Франција ни се најголемите пријатели, иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ.

    Груевски: Нема да има предвремени избори, нас не’ избра народот!
    Контра-Груевски: Ќе има предвремени избори.

    Груевски: Нема да има преодна влада во која ќе учествуваме ние.
    Контра-Груевски: До 10 јуни треба да се договориме за преодна влада во која ќе учествуваме и ние.

    Груевски: Не давам оставка.
    Контра-Груевски: ____________ .
     
    На Mina_Z, theowndemon, Abrakadabra и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Мене лично ''најјака'' ми е Јанкуловска во разговорите што ги прави со Ставревски.Цела вечер ги имам слушано и неможам да и се доначудам на умот.село гори баба се чешла е муабетот.му се запнала на Ставревски абе оди па оди да си ѓи направиш наочарите,и стигнала шминка од Белград и незнам ти што.резил
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    И договорија ли преодна влада?
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Мислам дека тоа ќе биде на 10ти Јуни во Брисел ако добро прочитав. Или ќе биде преодна влада и избори или ни едно ни друго.
     
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    "Германска Лабараторија на барање на телевизијата Ал Џезира ги анализирала прислушуваните разговори кој ги објави опозицијата, а обвини за корупција и криминал.

    Една од снимките кои биле предмет на анализа била разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

    Експертите кои ја правеле анализата на Ал Џезира и потврдиле дека разговорит кој го објави СДСМ не е монтиран.

    Анлизата на барање на Ал Џезира ја направила германската лабараторија Tonambulanc.

    Експертот кој ја анализирал снимката за Ал Џезира потврдил дека на смимките има два тонски канали и дека е многу тешко тоа да се измонтира. Дополнително дека разговорите се автентични покажувал и квалитетот на снимката кој според германската лабараторија е правена од професионалци."




    Не дека веќе се знаеше дека се вистински ама еве и со германски аналитичари да се потврди автентичноста.
     
    На Luna91 и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  8. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Не да го знаевме ова, туку замајувачиве од ВМРО го достигнуваат врвот со глупостите кои упорно пробуваат да ги протнат кај неписмената раја.
    На едно интервју, кога го прашаа Милчо Манчевски за ''мотажава'' на снимкиве, дали мисли дека е можно, тој одговори '' Најдете ми го тој што го монтирал сето ова од снимкиве, и јас веднаш го ангажирам во мој проект зошто таков монтажер е сон за секој режисер, а во Холивид би се тепале за него '' ... и слатко се насмеа :rofl:
     
    На Magnolija, An-na, Yipman2 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Преговорите во Брисел пропаднаа , што значи дека сега за сега нема да има избори во Април.

    Се очекуваше дека ќе пропаднат , Заев сака оставка на Никола , а Никола сака сите да дадат оставка освен него. Ќе тупиме во место , мислам дека е време смилково да ја пушти , таман овие албанциве на 13ти ќе протестираат па вака пред протест да пукне убаво.
     
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.886
    Груевски му ги понудил на Заев клучните министерски места, ама тој да се повлече 2,3 месеци пред избори. Доста итро хаха. Со самото тоа што прифатил техничка влада каква таква и се пазари за време свесен е гревот дека му се гледа крајот.
    Пред тие 3 месеци ќе си муфне некое милонче од буџет да му се најдат де, ќе изгласа зголемување на плати, пензии, нови вработувања и сл . И сите ќе знаат дека тоа е негова заслуга и нема да смеат да зуцнат. И онака на него му е све средено 2 месеци пред избори. Уценувачите се на терен мн мн порано.
    Имам пишано во други теми дека немам симпатии кон Заев и не го сметам за квалитетен политилчар, но во преговориве се покажа како доста храбар , истраен и ги зацврстува позициите да опзицијата. Позрела опозиција и те како е важна за да се свесне власта.
     
    На Yipman2 и referentka им се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Заев во преговорите се покажа како недораснато дете, себичен егоист болен за фотеља, државата тони надолу благодарение на него, бара техничка влада како да така лесно се давало тоа. Груевски некој го изгласал и тоа со 200 000 гласови плус. Нека не се глупира овој шутракот за техничка влада, и сега свесен е оти фиксно губи на следните избори пак. Од што нема врска од политика, и време е онаа малограѓанштината од пред влада да ја собере, не е должен некој по цели денови да трпи гадости од нив. Од тие протестите веќе не ми се живее во Скопје, човек неможе на раат да помине од таму треба да врти километри за да стигне некаде. Проста раја, ни се тера ни се води, ни знае што сака!!! аманзаеводисинеотепа
     
    На samovila.red. и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.886
    Па и премиерот нека си ги собере неговите. Ако веќе си одат нека си одат и едните и другите. А како го изгласале тие 200 000 + се виде од снимките. Со уцени и притисоци и магаре би победило. Штом тој истиот народ го гласа Хорхе 2 мандати, што и врапчињата на гранките знаат дека за свирче врбово не го бива. се знае на кое дереџе сме паднале. Како може упорно да ги игнорирате снимките не ми е јасно...
     
    На НаталиЛили и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас мислам Смилковско ќе биде како за Младенов, ништо спектакуларно.

    И баш како што кажаа погоре, видовме како избори се добиваат :)
     
    На BezglasnaBukva, Bozica1980, Strumka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.886
    Со Смилковско ја напнаа скроз. Нека ги објават веќе еднаш. Ако постои пазар со тие снимки срамота. Ама и јас се си мислам дека не е ништо спектакуларно.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Mislam deka bombata za smilkovsko neka da ja pustat> nekoj dobro ke se opari za da se zatai rabotata a se znae koj Zajko Kukurajko.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Заев ја кажа бомбата па беше предупреден дека мора да се филтрираат муабетите.
    Во снимките има разговори и дијалози кои не би требало да се чујат во јавноста бидејќи најверојатно се вмешани и ,,другарчињата,, кои го штитат него во моментов.
    Имиња не сакам да спомнувам, ама се надевам дека ке ви текне
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Искрено и да биде како Младенов , доволно е да има неколку докази за сомнителност и толку треба за револт.
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Што е битен мал револт и кревање тензија?!
    Срам треба да му е на ЗЗ што толку време зборува за тоа Смилковско, а ништо не објавува. Па фамилиите на жртвите нели се луѓе со емоции...
     
    На Nausicaa и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Заев не треба да ги објавува разговорите за Смилково од проста причина што полош момент за објавување нема од овој во кој сме сега. А колку што се сеќавам и самиот Заев рече неколку пати, дека нема да објавува разговори за настанот се додека не се создадат порелаксирани услови за тоа.
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.886
    Се надевам дека тоа е причината. Ама ако се затаи скроз работата и не се објави ништо е срамота и греота за засегнатите семејства. Таа бомба кога тогаш мора да ја објави штом веќе ја ветил, ако не ќе си направи политичко самоубиство. Се надевам дека е рационална причината, инаку бесмислено е да се држи народот во толкава неизвесност. Во меѓувреме се даваат и други бомби, ама некако како да не се мн битни (иако и во нив има доста спорни работи), затоа што сме во исчекување на таа најбитната.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.