1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    36.942
    Пол:
    Женски
    Претпоставки???
    Местењева судски за тебе се претпоставки? Режирање на ТВ известување е демократија? Апсење во холивудски стил само за да се покаже сила е исто така тешка демократија, нели? И сето ова за тебе се претпоставки. Ништо лошо, секојдневна работа? :^)
    Толку од дискусијата.
    Се надевам утре на детето ќе најдеш начин да му објасниш зошто си придонела да опстане ваква диктатура.
     
    На makedonkamak, galapce и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Прееска се шокирав од муабетите во третата бомба, ама еве сеа гледав вести на Сител и душата ми дојде на место.


    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    Да плаќаш даноци и да не те интересира политика е ко да му ја дадеш цела плата на комшијата и да му кажеш да си купи што сака.
     
    На Mimi123, Night Rider, fighter и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На mims-89, crimson и Hipster им се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам ми се згрози од било кој разговор кој е објавен. Тој па на Латас и Мијалков...
    Кој како сака нека рече ама не личи за „високи личности„ Политичарите, нели треба да бидат попаметни за да ја водат државата а тие пич** споменуваат(facepalm)
    Тоа за детето нема да го споменувам:shake:
    Само јас едно ќе прашам, како Латас од најголем комуњар стана најголем вмроовец? Или се продаде за еден џип:rock:
     
    На anichka94, makedonkamak, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Вашето емотивно гадење од редоследот на зборовите, тенденцијата и самовиелето на оваа т.н партија е оправдано, исправно и точно. Јасно е дека тоа што го слушнавме е во најблага смисла болно за родителите на Мартин затоа што човечките трагедии остануваат речиси сосема незабележливи во политичката бесчуствителност и безмилосниот свет во кого живееме.
    Голема злоба и чувство на опакост кон туѓиот криминал (Љубе Бошковски) ситење, омаловажување и многу други “карактерни симптоми“ се карактеристична појава на болеста на едно општество, наречена политичари.

    Она кое ми е особено криво е што @Петре Прличко е сосем во право, а тоа е дека ние во суштина не го слушнавме бомбастично најавуваниот криминал во снимките, напротив слушнавме јасна дистинкција на Мијалков и на неговото потврдување дека Љубе е фатен навистина со незаконско финансирање на кампања. Се надевам дека идните снимки или докази ќе алудираат точно на тоа.

    Меѓутоа, постои нешто што е побитно, посуштинско од овие “бомби“, а тоа е прашањето - Зошто обичниот народ решил меѓу себе да се мрази заради двајца недоквакани што решиле да си играат сакате ли војна со државното - општествено уредување на една (каква - таква) суверена и независна држава? Дали се свесни дека сопствениот народ го туркаат на работ од граѓанска војна и дека ниту двете партии не заслужуваат никогаш повеќе доверба?
    Едно теоретско прашање кое верувам дека ќе биде повод за раскол меѓу обичниот народ. Што ќе се случи доколку за СДСМ излезат исти или слични снимки бидејќи и тие се прислушкувани? Како ќе му објасните на дете на стечаец или невработен на 50 години (отпуштен со приватизацијата) дека старо - новото раководство на СДСМ е чесно? Како ќе објасните Вие на вашите деца кога ќе дојде ред за избори дека ВМРО се партија во која членуваат и раководат чесни политичари со перфектни идеологии во кои Вие 10 години не успеавте да најдете работа? Дали ќе се самоубедуваме дека денешното е помизерно од некогашното бидејќи сме го заборавиле ТАТ и воопшто најкриминалната приватизација, тендерите и се` она што остана од Македонија, а портокаловите го задолжија? Зарем како народ не би требало да бараме демократска трета опција, нели е досадно веќе 25 години да ги слушаме и гледаме изморените и остарени лица на оние што масовно ја искрадоа и задолжија Македонија? Како да сето тоа не е доволно, па и народот треба да се заколе меѓусебно за криминалите на власта.

    Ова што се случува во Македонија, од двата табори и невкусно, мизерно и со голема тендеција кон вистинска и суштинска поделба на народот само ради двајца недоквакани кои се натпреваруваат кој повеќе да изеде од “државниот“ мед собран од даноци, казни и од џеб на мене, вас и уште милион други македонски жители.
     
    На MiloMalo, mims-89, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    На темава, колку што читам, никој не е за ни една партија туку се против моменталната гарнитура на политичари кои се на власт. Никој не вели дека Заев е супер туку дека ова кое се случува во моментов не чини.
    Зошто, секогаш кога некој не се согласува со власта мора да е со опозицијата?
    Јас не сум за СДСМ ама сум против овие лигуши кои се на власт.
    И не чекам на родителите да ми кажат за кого да гласам. Сите кои гласаат се доволно воздрасни за да знаат каква е ситуацијата.
    Што има дете да го убедуваш за политички партии?
    Веќе имам пишувано за тоа дека овој простотилук и ваква политизација на народот нема никаде
     
    На butterfly4, Elena69221, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Според моето досегашно толкување зборот убедување значи некого да увериш или разубедиш, зборот објаснување значи да се даде одговор, да се разјасни, толкува нештото. Те молам посочи каде во мојот пост е употребен зборот “убедува“?

    Нема, нели? :)

    Едно е да објасниш некому што значи партија, нивни идеологии, а друго е да го убедиш да гласа за истата. Ти бар си возрасна, треба да ти е јасна разликата меѓу овие два поими. „Дете“ на стечаец е во преносна смисла, бидејќи и јас сум дете на родител од СФРЈ иако имам 20 и кусур години.

    Друго, каде е посочено дека сите од форумот се членови на СДСМ затоа што се против оваа гарнитура? Па дури и да се, каде увиде ти дека јас плукам по оние што ги подржуваат едните или другите? Јас се раководам по принципот “рибата смрди од главата“ и треба од неа да се чисти, а не од опашката. Како последица на тоа не го сакам Груевски, плукам и по Заев бидејќи двајцата го користат народот за сопствени цели.
    Дали сега е јасно зошто јас плукам по нив, а не по членовите?
     
    Последна измена: 21 февруари 2015
    На Annath и omg92 им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.799
    Допаѓања:
    163.078
    Вие батиња длабоко сте заглавиле во нечии ануси. Ама нема зима за вас, вешто ќе се упикате во туѓи (токму на овие спротивните, зајковци и сдсмовци или кој и да дојдат веќе на ред, во солзи со меури од мрслули во носот ќе викате дека сте ја согледале политиката и горко се каете), така функционира секој добро истрениран паразит, во случајов кучешка тенија. И кога сме кај спопикување, ви го спопикале квалитетно...
    Низ киселите насмевки ви се гледа паниката.
    Патем, слабо аргументирате, се кажавте освен содржината на разговорите.
    Да речеме, Заев е виновен и како што вие љубите да кажете - нека му судат институциите.

    Туку што ќе кажете за содржината на разговорите?
    Што ќе кажете за прекумерното силеџиство? Егоистичното и сељачко ситење на нечие понижување?
    Така не постапуваат ни со апсење на терорист, а не па за некој што земал поткуп или заем, што и да било веќе не знам.
    Како го коментирате однесувањето на Горде, чистки ќе правела, си поигрува и со вашите животи и ве нарекува - гревови (па и не греши да ви кажам право)?
    Изјавата на Иво за небитноста на нечиј живот?
    Мислев дека вашиот патриотизам ве тера да ги сакате сите ваши браќа и сестри македонски или сепак не било така...

    Некој од вас рече - епа таква е политиката. Добро, нека е таква, ама еве кажи ти како човек, како гледаш на ова? Ти самиот, со твоите чувства, морал и етика, скрупули ако воопшто ги имаш? Како човек за човек? Сеедно ти е некој да врти пари на грбот на сите, да уништува човечки животи од негова суета, за инает зошто не се со него, туку против него, оти тој некој има сопствен став или во најмала рака, сака да лапа како него? Сеедно ти е да се однесува некој насилно и крвнички? Да умираат дечиња и млади луѓе?

    Да ве потсетам, утре вашите деца ќе ги растете во оваа држава, немојте да се изненадите ако некој нема слух тогаш за вашите проблеми и тек тогаш да се чудите кого сте поддржувале и како вашето напорно членство и допринос не се ценел... Зошто и вие сте само обични...

    А и немојте многу за поделбите на форумов и навредите, прочитајте си вие како прво делите и навредувате оти поаѓате од себе си, па потоа дадете си за право да го кажете ова.

    Многу пати кажав и пак ќе кажам... грдо е да ти зависи животот од партија оти си неспособен да стоиш и да се бориш сам за себе.
    И се молат дечиштата родени после 94-95 да се подизгубат од темава... од многу различни причини, да не испадне не сум спомнала.
     
    На MiloMalo, Kitten, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  9. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Настрана тоа што имаат апсолутна доминација во парламент, судство, медиуми... До кој степен ја доведоја државата... Диктатура во која лидерот и компанија убиваат, колат и бесат... Како што Сталин ги носел своите политички опоненти во гулаг, така и овие со наместени случаи ги затвораат своите неистомисленици.

    Јас она што не можам да го разберам во моментот е народот. Како да не знаевме досега дека власта е корумпирана, дека прават криминали. Сега па, и покрај доказите пак ништо. Како да се навикнавме да трпиме се, се навикнавме на корумпирани политичари и не веруваме дека нешто може да се смени на подобро... Сериозно, јас стварно не знам што уште треба да се случи за да си одат Грујо и компанија од власт?!
     
    На Annath и MacenceEna им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Боже простими за ова ама морам, сите вие што као ви е сосема нормално ова и го правдате или го одобрувате на било кој начин, сте тешки психопати и немате ни грам памет чист во главите испрани.

    Јас сега читам се што се зборело, и го слушам целиот разговор.
    ЗГОРЕЗНА СУМ, ми се повраќа.
    Само бездушни луѓе можат да дигнат раменици и незаинтресирано да одмавнат со главата.
    ПАТРИОТИ?
    Не драги мои вие сте најголемите гнаси и предавници тие на власт и нивните верни подржувачи.
    Не треба да постоими како држава ние. Искрено.
     
    На MiloMalo, Kitten, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  11. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Мене не ми се гади од власта, ни па од опозицијата. Ни од овие, ни од претходните, ни па ќе ми се гади од идните. Не ми се чудни ни бомбите, ни бизарностиве, ни неправдите, ни убиствата, ни кражбите, ни циркузов што се дешава. Кај нас секогаш било така, така е и така ќе остане. Не е ништо ново, не е ни за чудење... Ќе биде чудно ако е толку.

    Ми се гади од овие младиве, партиски пиунчиња што ги одобруваат бизарностиве што се дешаваат, па и заземаат страни и војуваат меѓу себе. Уствари војувале спартанците.... Овие нашиве "воини" се лиглиња, општествени отпушоци кои не заслужуваат место под сонцето.
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Позади некаде прочтав сме верувале во лага, немало протести пред влада. (facepalm)
    Дај бар трошка достоинство имајте за нешто што лесно може да се види/докаже.
    Чисто онака...колку се - толку се, бар разумни се.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ова е пред 7-8 часа некаде. Може после си отишле, може па уште дошле...
    Може па народ само предвремено дошол прочка да слави тука.
    Може па се фотошоп?!
    Исто ко што и едвај 2000 студенти бевме на протестите во ноември/декември.
    Исто ко што и сега луѓе не дремат по факултети затоа што „слободните“ медиуми немаат објавено дека дремат...пошто пу-пу, не се важи ако Шител не каже, нели?

    Странски служби бркнале прсти, ама па толку ќе ни се замараат нас, да туркале не знам што.
    Јаката држава што сме....то работни места за сите од Зимбабве до Исланд, платите астрономски, здравство без сапуни и со лебарки по болнички соби, високо образование со книгите последно апдејтирани во 85та, па то една нафта што извира од река Тополка, па јаката конкуренција што сме на цел свет...само да не разурнеш и да грабаш.
    Да не си ласкаме...
     
    На Mimi123, mims-89, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Хаха, мудреци тие со непресушни политички познавања. Проѕирни како внимателно изгланцан прозорец во просторија на месен штаб.
    Ќе биде некој од вас денешните дежурци доволно љубезен да ми одговори која е точната сума за која се убивате од типкање (и од нервози) на форумот? Да видиме за колцав точно ситнеж станува збор... не за друго, да знам, дали да ми биде жал, дали да не се секирам повеќе за вас :wasntme:

    @corto.maltese
    Ракавицата е фрлена!
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ништо не е вечно, и на овие што ова им е ништо, можеби еден ден ќе се најдете, живот е, се се случува, да сте здрави и прави дај боже, ако има воопшто здрави во оваа денешница, ама и од ништо видовме дека нешто се прави, ако се најдеш на нечиј пат.
    Можеби вие сте храбри, јас искрено, преплашена сум. Горчливо е, нема правда...
    Многу пати се рекло, за овој народ, ваква влада, најголемата вистина.
     
    На Annath, Tanjamm, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Ух, едвај чекам да видам што уште гадости и подлости и криминали направиле ,,поштените,, Вмровци. Мислам дека ЗАЈКО како што оди времево така и бомбите ќе бидат појаки. Па, нека чуе македонскиот народ за какви говеда гласал и кого поддржувал. Ми се грози од тоа што го слушнав, искрено мислев дека вакви високи функционери имаат барем некој убав и културен речник и соодветен начин на разговарање. Начин кој е различен од оној пазарски стил:puke::puke::puke::puke::puke::puke::puke::puke::puke: Гнаси, човечки:puke::puke::puke::puke::puke:Ако имаа трошка совест до сега сите ЃУБРИЊА оставки ќе имаа поднесено. :puke::puke::puke::puke::puke:
    Најмизерно од се ми се НОВИТЕ 3000 ВРАБОТУВАЊА:puke::puke::puke: СО тоа ли ќе го вадите валканиот Ви задник, уништувачи на македонската држава и народ? ЃУБРИЊА, несовесни.:puke::puke::puke::puke::puke:
     
    На Annath, Tanjamm, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Навистина ли таткото на Мартин се самоубил во 2012?
    Ужас...пред очи ми се сликите на братот на Мартин како бара правда,протести,движења....ах штета.

    МАКЕДОНИЈО,МАЈКО МОЈА МИЛА!
     
    На MacenceEna, makedonkamak и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мене лично ме нервира фактот што кога се плука по власта одма следат реплики „А какви би биле СДСМ?„ Што има да се споменува опозицијата во една ваква ситуација кога е сосема јасно кој е моментално црна точка.
    Тоа за децата го споменав затоа што гледам дека, баш, на децата им се споменуваат политички партии. Мене ми е навистина жал кога ќе видам 11-12 годишни деца кои се вртат околу гласачки кутии.
    Јас и ти стоиме на иста страна дека ни едните ни другите не чинат ама јас акцентот го ставам на сегашната власт заради тоа што сметам дека СДСМ до сега немале добра шанса да се докажат. Владееја во најтешкиот период на државава, после осамостојувањето. Долго време немале можност за истакнување. Така да ако треба да бирам измеѓу овие две партии би ги избрала социјалистите заради тоа што сепак имаат нови редови на политичари а оние старите ги нема, па да видиме како ќе биде.
    Во некој пост читнав дека некој не е задоволен од социјализмот. Јас сум позадоволна од минатото отколку од сегашноста. Се сеќавам кога Родеото беше 25 денари. Се сеќавам дека леб имаше и од 16 денари. Многу добро знам дека цела куќа ја греевме со струја и плаќавме сметка од 3000 денари. Мајка ми и татко ми се вработени во времето на Југославија ама напредуваа додека беа на власт СДСМ. Без партиска книшка, без митинзи, без закани

    Не сакам да коментирам многу на темите за политика. Искрено да ви кажам се плашам. Дипломирав на Политички науки, отсек Дипломатија и Меѓународни односи. Дипломирав со просек 9.8 Си ги сакав студиите се додека не видов дека нема фајде од мојата диплома. Многу сум разочарана од ситуацијата во државава. Чекам да дојде подобро утре кога ќе можам да бидам вработена било каде без партиски трчања. Се надевам дека за сите ќе биде подобро да си ја работаат работа без притисок за тоа кој ќе биде на власт.
     
    На Mimi123, Kitten, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    @anina

    Никогаш лебот нема да се врати 25 денари, единствено ќе се враќаат кредитите со рестрикции и мерки за штедење (кратење на плати) што треба да се случи од оваа власт - ВМРО ДПМНЕ. Нели гледате дека ним им одговара да бидат опозиција, па Мијалков ќе биде газда на Тинекс, Тедико, Зегин и уште многу други приватни компании чии акции ги откупи изминатиот период затоа што се спрема да премине од државно во приватно каде “мајка ќе ебава“. Ќе дојдат другите (сеедно кои) ќе вратат кредит, ќе се намалат плати, ќе се зголемат даноци и после 4 години кога ќе се намали надворешниот долг ќе се рече ејјј овие не чинат бе, у време на вмро имавме 500 евра плата.

    Плус да се добие техничка влада што ќе се случи ако сега членовите на ВМРО - околку 500 000 не излезат на гласање што автоматски немаш мнозинство од 51%? Тие знаат дека се во прашање криминали, многу повеќе пред ова да се објави, ама кога ќе си дојде дома со женичката и ќе си види убава сума на трансакциска сметка секој 15 - ти го боли уво за мене, тебе или било кој што се буни против оваа власт.

    Тој што се задолжил со кредити тој треба да ги врати. Нека се вадат пред народ, нека праќаат свои луѓе во затвор ради криминал и нека осетат сето она што македонците го чувствуваат изминативе 10 - тина години. Вака со мрш од влада, ним им правите услуга. Има ли нешто полошо од државен вмровец кога ќе премине како газда во приватно каде не се почитуваат многу законски пропишани норми?
     
    На fighter, AnaKarenina, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.799
    Допаѓања:
    163.078
    Утрово еден од вмро ми вика, глупости, ова се чаршиски муабети, па што, ова нон стоп се збори во штаб...
    Сашо Мијалков е еден од поспособните кадри во државава - учен е, паметен е, бизнисмен, знае што прави. Малку има психички проблеми, ама нема подобар.
    Гордана е празноглава, никој не ја сака и онака...

    Што да ви кажам повеќе, распуштете ја државава...
     
    На MiloMalo, Annath, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Не сум студент, ќерка ми не е Тамара, не го познавав Мартин, имам малку хонорари, не сум новинар, ама ПАК ќе излегувам на улица за сите вас!
     
    На veronikaveronika, MiloMalo, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.