"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    najsmesno e sto i dvojce i tufi stanaa gradonacalnici
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Епа имаат на ЦВ пишано.... генијалец :wasntme:

    Оти тика така? Нова ли бомба имаат најавено?

    :o:
     
  3. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Не ме интересираат муабетиве ама слушнав имало песна напраено од оваа како вика шу праиш и не можам да ја најдам на youtube, ве молам дајте ми линк да се посмеам :D
     
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    I ship Гоца & Ставре so hard. [​IMG]
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205

    denes bese sedmata
    osmata izgleda ke bide vo vtornik univerzalna sala


    Код:
    https://www.youtube.com/user/SDSMtube/videos
    
     
    Последна измена: 6 март 2015
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање за сите тие што се убедени дека објавените телефонски разговори се монтирани.......новинарите изјавија дека нивните транскрипти се точни и дека навистина се прислушувани, што ќе речете за тоа???? Никој ама баш никој не смее да прислушкува и да биде прислушкуван освен во точно одредени случаи.....сето тоа што го објавуваат ние го знаевме но не сме ние тие обичните грагани што имаме сила и моќ да промениме нешто....а доколку не се умешат однадвор непартиски професионалци (немора да се странци имаме ние и домашни добри професионалци) нема да има разрешница и се плашам дека кога народот ќе почне ва верува ќе биде касно за сите....И уште нешто колку што оние кои што велат дека се монтирани разговорите се сигурни дека и не се вистински...или веруваат само на едната страна....мислам дека од интерес на сите е да ова лудило добие разрешница.....
     
  7. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    I mene da mi zavisese plata/rabota od vmro ke vikav deka se lazni snimkite (tuka davam hint za ako saka nekoj da me potkupi za u partija)
    e arno ama ne sum u nitu edna partija, neam rabota ni vrski nikade + go mrzam vladetelot deka izgleda kako frustriran covek so golem emotiven tovar(body language), taka da kolku pari tolku muzika (ako od utre gi branam ili sum dobil rabota ili me drzat u pritvor u nekoe internet kafe dodeka ne postiram 200 poraki u niven korist :rofl:)
     
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    11025950_790736854348792_5262674414822704933_n.jpg
    @corto.maltese
    "racinja kolacinja" e kodno ime za stranska sluzba?
     
    На Orthophill, Giovanna, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.947
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    „Кажи му ако не послуша, жена му, децата, во ендек ќе ги најдат. Мајката ќе му ебам педерска комунистичка“ - Протуѓер
     
    На imelda и galapce им се допаѓа ова.
  11. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Само доживотна робија пропратена со насилно секојдневно мачење за овие, какво тргање од власт бе за убијци, психопати, мачители на народот бее, треба да платат еден по еден, и ВМРО и идиотите од ДУИ што знаеја за сите нивни зделки.
    Ваква психопатска власт ја не сум видела човече страшно:punch:
    А тек што следи со Младенов и Смилковско, се ежам од самата помисла до каде може да идат болеснициве :x
     
    На Luna91 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.222
    Корто ај те молам доста со евтиниов ПР. (мислам не ме изненадува, кога дознав кој ви го пишувал стратешкиот маркетинг план, а потоа го пренел на тие што вам ви го пренеле, јасно ми стана... само треба да сте многу ретардирани сите до еден ако мислите дека такво нешто функционира на долг рок.)
    Овие пуфки да му ги продаваш на некој друг што книга во живот не прочитал и верува во она кое што ќе го пласирате.
    Муабетиве ти се иста структура како оние кои се договарани во овие разговори кои ги слушнавме.
    А башка, верувам ни во штаб не ти објасниле, последователно користење на исти зборови и терминологија има одреден ефект, научно потврдено и видено, ама за жал повеќе не успева, мислам за ваша жал. Пробиена е идејата и нема ефект, смислете нешто друго. А да ти кажам, алал да ви е ви успеваше на забулениот народ.

    Само кажи ми КОЈА доверба и рејтинг на ВМРО? Со наместените избори? :D Оди бе шетај, можете да се соберете и да основате клуб на политички ентузијасти и романтични сонувачи.

    Кои нови работни места бе дечко? Оние кои јадат леб од буџет? Не ти се рачуна, не ти го качува бруто домашниот производ (кој веќе воопшто не се ни спомнува, само во оваа држава магично се подзаборави како мерка за економски развој, оти не е нели сјаен...) . Кои инвестиции? Тие кои исто така не го качуваат бруто домашниот производ, ослободени се од секакви давачки и даваат минималец на ЧОВЕЧИЊАТА?
    Не си ти нормален. А ти каков газоложач докажуваш дека си? Кај лижеш па и рбет немаш?
    Срам да ти е!

    Заев вакви глупости не прави за ситен интерес и го прави еднакво идиот како и толку спомнуваниве, тебе не ти е јасно дека луѓето не го почитуваат Заев, туку се згадени од содржината на снимките кои немаат врска со ликот и делото на Заев. За да ти биде појасно, ние обичните сме извадени од памет каква разрешница ќе има сето ова. Ваква дестабилизација не се прави за ич пари и ич интерес. Ако дојде ред Заев да ја води државава јас мислам масовно самоубиство да извршиме.

    Не сакаш да си ги отвориш очите, како слеп за стап си се фатил за КУРТОНСКИТЕ муабети на Латас - рејтингот, инвестициите, вработувањата, довербата, друго нешто имаш во речникот?
    Да, ве видов како како мравки се собирате во штаб, матни ви се фаците на сите до еден, па дојде тука да проповедаш, па ќе ја затераш на хумор, демек да еве, мене ми рекоа баш вас да ве убедувам. Прави си ти бајрам на паметов, ама форумов го чита х раја, од едни ЦИГАНИ ЗА УШИ ЌЕ ГИ ИЗВЛЕЧЕМЕ, 40 души ви фуфка, не па од содржини кои на секому се достапни и се луѓе кои во просек имаат барем средно образование и знаат да ракуваат со компјутер.

    И како што знаеш, против правилата на форумов е да вршиш евидентен политички маркетинг. Можеш да дискутираш, а не да лепиш плакати за ТВОЈАТА Македонија која очигледно не ја сакаш и размислуваш само за сопствениот беден задник.

    И ве молам да ми објасните што точно значи - ДОЛГА Е РАКАТА НА ВМРО?
    Се однесувате насилнички, вие кои тврдите дека сакате да го обедините народот. Извинете ама јас не сакам да ме обединува во држава насилник како тебе и тие околу тебе.
    Веќе од вашиов патриотизам... вие би само да биде ваша државава, а останатите ваши робови истомисленици. Лиглевци. Имате среќа што не секого го интересира политика, а и морално не му одговарате, од вас има многу поспособни кои ако би имале желба политички да се активираат, би ви го собрале медот и ќе го поделат со останатите, оти се попаметни и посовесни од вас, ама штета, таквите сакаат независно да пливаат и остваруваат, да не зависат од некого...

    А гледам сега се фати и за лузерска линија и хиромантија, муабетите кои не те интересираат, очигледно ти фуфка, да те потсетам - баланс, би рекла долга е раката на науката, универзумот и математичката формула која ќе го докаже твоето лузерство какво и да било. Јас на твое место... би се подуплашила. Овде нема помисла и клетва, јбг, наука, а и не евтина позитивна психолгија пичкематеринеглупости.

    А вие бе што дремете пред компјутер чекајќи бомби, арни сте?
    Се смеете на турските серии и бабите, се дупнавте од правење пресмешни монтажи за ситуацијава и ништо не направивте. Што кое такво и бомби? Правиме нешто? Не! Пукаме сеир и лелекаме. АУ СЕ ИЗВИНУВАМ НИЕ СЕ БОРИМЕ ПРЕКУ ПЕРОТО И ПИШАНИОТ ЗБОР ПО ФБ и имаме херои на нашето време... оооо несреќи едни. Веќе кога ништо не се прави, и бомби и се у пичке материне, барем да не не нишаат политички.
    Што е поразлично од оние што дремат и чекаат да дојде термин за серија и после со комшиките прераскажуваат....
    Ќе искочи некој фб херој кој се готви за политичка кариера, оти мисли дека ако го бива два реда муабет да напише, ќе го биде и за политичар и тука следи групен аплауз за мудролијата што ја истресол и на тоа останува...
    И чуму сево ова?
     
    Последна измена: 7 март 2015
    На Marossa, Mishela, Vertigo TJ и 13 други им се допаѓа ова.
  13. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    После ништаријата и „пуф“ ефектот од седумте бомби, Зоки најави нова тактика-собирање на членството и објавување на бомбите во Универзална. Да имаше помала сала таму ќе ги пукаше бомбите.
    Ќе се чека како ќе се одвиваат работите и која е поентата на Заев со ваквите собири, и не на првата ама на некоја наредна ваква бомба, пред нејзиното пукање, Зоки ќе биде церемонијално уапсен и стрпан во притвор за предавство и соработка со странски служби. Сите кои ќе пробаат да го бранат или протестираат ќе бидат етикетирани како бранители на предавник, а ако претерано запињаат во тоа најдемократски ќе окркаат некој пендрек и толку. Понатаму претпоставуваме што ќе се случи со СДСМ. На крај жртвите од целата оваа афера ќе бидат ДПМНЕ.

    @Lilit, ластичињата од маската на интелектуалец ти попуштија од премногу вадење и ставање на истата. Во иднина прикачи си ја со сајла. Набави си и поголема маска. Од сегашнава ти „вират“ самобендисаноста, егоизмот, ограниченоста,...
    Човек кој дозволува текстовите да му се пребиваат со идиотизмите на Политико, Рубинчо,.. за мене е бетер и од гзолижач и од безрбетник и од ретардиран. Пантличара, тенија, такво нешто. Егзистира, постојано го има, буричка, шеремети, секаде се движи, се меша, а корист нула.
    Седењето на две или повеќе столчиња не го може секој. Гз треба за тоа. Голем и широк гз. А според старите, ако Бог дал на едно место, смалил на друго.

    Како што гледаш јас продолжувам со проповедите, со мојот клуб на романтичари, продолжувам против СДСМ, и иако не е мој стил, и против секој што лично ме навредува. Објавите се лично мои видувања и бистрење политика, без влијание на штабови, партиски и непартиски личности, сакал некој да верува или не и сакал некој да ги чита или не. Опцијата за блокирање на објави од членови ти функционира. Уфрли ме. Лиши се од евтини ПР. И јас ќе се лишам од „најдобра сум“, „знам све“, „еј, видете, ми тече мозок“, „само јас го имам ковчежето со формулите и законите на универзумот“, „моја мама је боља од твоје маме“ итн.

    А мед центрифугирам во лето. И го делам и давам на многумина. Тоа да ти значело способност, совесност, умност.
    Конечно нешто убаво и од тебе кон мене. Фала.
     
    Последна измена: 7 март 2015
    На troublesome и Azriel1 им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.222
    ^ Ти пустиот гледам спротивното го докажуваш.
    Затоа што си неограничен колку и целиот универзум гледам ја рашири твојата слика и погледна во содржината на сите разговори каде што понижуваат се човечко и создаде морален став за истите. Оу, што е морал? Во некоја прилика ќе ти подобјасниме ние сезнајковците кои те вадиме од такт, бу-ху!
    Ма браво!
    Сашо Мијалков ни покажа на сите како треба човек да се изразува културно, гледам па ти засметало, внимавај што зборуваш, да не го извлечеш подебелиот крај. А и Протуѓер фино и културно некого отера во ендек. Миле им ја цитирам ебал мајката во пи*ка, Гоца со човечињата и цикруз Медрано. Емил сече струја, Миле дораснал мобилен да исклучува...треба ли повеќе?
    Се се тоа еклатантни примери како треба, така Корто? Овде сум ограничена, а ти неограничен? Ова е двојното гледање на интелектуалноста? Оу, замисли, овие ти ја водат државата, ама од рака им јадеш, што да правиш, тешко ти е.

    Да бидам искрена, три пати те прочитав барајќи суштина во она што го напиша, ама како што гледам ни трага ни глас како и поголемиот дел твои постови. Освен пропаганда и побивајќи се самиот себе си - констатирајќи ги костатациите на другите докажувајќи ти каков си низ твоите зборови. Тоа е тажно.

    Да, точно, од маската ми виреат самобендисаноста и егоистичноста, па се фати и за мајка и шајка. Ма браво Корто, браво, затоа што ти нели си вистински човек, прав човек, го знаеш вистинскиот живот на вистинскиот човек, животот на нечија мајка. Да се изразам во ВМРОВСКИ манир - ти си една обична политичка плачипичка.

    Твојот висок интелектуален капацитет гледам па и проговори за настаните, не се послужи повторно со евтината кампања, сосема игнорантно нели, демантирајќи ме и покажувајќи ми како треба.
    Просто фасцинирана сум како ги креваш критериумите за дискусија, овај...

    Не знам ти каде мислиш дека живееш, ама имам некое чувство дека си во заблуда и конфузија, веројатно од препраниот исцентрифугиран мозок, па нешто ти се врти.

    Не би те ставила на блок листа од причина што ми треба пример како не треба и како точно се однесува човек на кој не му е важно што сограѓаните се во мизерија се додека тој е среќно среден. И пример како се однесува себичниот граѓанин кој го мрази се поразличното од него, што не му е важно како се чувствуваат другите. Оу да, другите, комуњарите (затоа што нели не се со него се спротивно е комуњар) затоа што неговото ЕГО (оу, еве го пак, его, ха!) не се помирува да биде еднакво, туку мора да покажува моќ, кога би бил еднаков и би го сакал својот народ онака патритски како што се подудараат во гради, не би го можел тоа.

    Е супер, и јас (ние) го правам истото, впрочем фамилијарно, според тебе може да отвориме и дискусија дали твојот е поарен или мојов, зошто сите твои реторики на форумов се такви. Ние правиме органски, може малку, ама фер, слушам другите со шеќерен сируп го мешаат, еве не знам. Нашиов мед е во мијачките краишта, прекрасна Македонија која ја шиткате на рати (оу, батали тука тој муабет). А и интересен факт - дали знаеш дека пчелните семејства живеат така организирани како во идеалниот комунистички систем на владеење затоа што тоа е единствениот начин да преживеат и замисли сепак е по закон на природата, најсилните преживуваат? Нели се потруди да ги разубедиш дека се комуњари и дека така не оди тоа?

    Хилеријс... еве не знам...се правам дека се знам... а уствари не знам, дали знам? Ме фрли во конфузност сега.. му пречело што некој нешто знаел. Добро Корто еве, ќе си ги искинам сите дипломи, специјално за тебе, ќе ги замолам сите останати граѓани во оваа држава кои имаат свој став да го направат истото затоа што според широкиот ум на Корто - тоа било сезнаење и его. Да се собереме вчерва симболчно да ги запалиме дипломите и да се лоботомизираме како би не признале овие кутри вмровски луѓе.
    Јас не се трудам себе си да се докажам туку се трудам да ти покажам колку сум огорчена од моменталната ситуација во државава зошто тонеме во беда и патетика, колку ми е тажно што секој ден на сите страни има броеви за донации за болни и сиромашни, затоа што е пребедно што работат луѓе за минималец, па ни за толку, затоа што болниците се распаѓаат и деца умираат, но бидејќи ти тоа си го заклучил така, си тргнал од себе, тоа е така ... депресивно. Мислам што да ти објаснувам Зоран го пуштивте на прес за да го понижите, а самиот најдобро констатираше - што правиме бе ние, ние сме лудаци? Немаме за леб купуваме чоколада!

    Не знам, еве коментирај ја содржината на разговорите, а не да ми кажуваш Заев вака, Заев онака, бомбата пуф, бомбата вака, бомбата онака (не знаев дека тоа е нивото, еве ти се извинувам, прости што не сакам да го бранам Заев за да ти удоволам, од причина што не го поднесувам, сакам да зборувам за содржината на разговорите, исто така не сакам да зборувам како се стекнати тие снимки, што исто така не ме интересира). Сите се трудат да ти објаснат што им е трн во око, ти едно та исто верглаш, се прашувам, размислуваш ли воопшто и разбираш ли воопшто што тука жениве сакаат да ти кажат?

    Ако тоа е за тебе Корто его и себедокажување, нека е за да ти удоволам, само затоа што мојот ментален склоп не се поклопува со твојот.
    Од самиот почеток од кога се појави на форумов ЕДНАШ не се случи да изаргументираш, туку почна со навреди (да не се навраќам да копам) и евтини пропаганди и сега ти дојде ред нас да ни кажуваш како да разговараме со тебе? Те молам оди погледни се во огледало и преиспитај се...
    Маж, дојде на форум...женски форум, за што? Тоа е за запрашување и загрижување.

    Мојата маска е таа, туку која е твојата и биди маж кажи за колку си се продал, дали е од еднаш или на рати?
    А башка што гледам секоја конфронтација ја завршуваш на едно та исто - ти со егото, ти со самобендисанота, ти ваква, ти онаква. Не знам Корто, следно очекувам да изјавиш на женски форум - ти со цицките...и сите чудно да се гледаме оти сите ги имаме...
     
    На Kaley, Mimi123 и An-na им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Ти, твоите сопартијци и криминалците на власт не ја сакате Македонија. Каков човек си ти? Имаш ли морал? Имаш ли деца? Сакаш ли утре твоето дете да го убијат
    како Нешковски и државата да го штити убиецот? Сакаш ли твои роднини да бидат масакрирани како оние на Смилковско езеро? Сакаш невини луѓе да скапуваат цел живот во затвор? Сакаш ли да се иселат уште 200000-300000 Македонци и да бидеш малцинство во твојата држава? Не си нормален кого поддржуваш, а жално е што многу ве има и за клати врата земај плата задникот ви е под кирија.
     
    На makedonkamak, dragan4eDR, Kaley и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Шупрајте бе ?:)
     
    На anina, makedonkamak, dragan4eDR и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Корто земе вие вмровците бидејќи сте многу силни, истепајте си го народот, сдсмовци, предавници, неопределени. Потоа отстапете ја оваа напатена земјичка на шиптарите и владејте во Кратово. Бајки ти мене ќе ми раскажуваш. Младенов кој го уби? Бранителите кој им пушташе пријави и бараше да вратат пари на државата. Многу сакате споменици, ама вие да ги плаќате и нив и пресудите од Стразбур што ќе стигаат. Не ви е срам да браните убијци и криминалци.
     
    На Orthophill и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    @Lilit,
    ти пак егоистички. Немаш право да ми се обраќаш во име на членови на форумов и постојано да се затскриваш зад нивно име. Дискусијава ја започна ти, без никакво претходно мое однесување кон тебе. Така и терај ја. Ако некаде те избрале за лидер, портпарол и сл., а не сум видел тогаш ОК.

    Автентичноста и веродостојноста на разговорите не се докажани. Снимките се предмет на истрага за криминално дело против државата. Дел од делото е признато и судски потврдено. Многумина ќе цмиздрат. Еден е во затвор, а ќе ги има уште. Зоран ќе биде уапсен. СДСМ ќе уназади. Многумина уште ќе цмиздрат по Заев. ДПМНЕ ќе има голема реконструкција. Ако се докаже дека снимките се оригинални, дел од сегашниве чиновници ќе бидат нештетно шутнати. Продолжуваат нови лица. Нема веќе цмиздрење, Заев е минато. Тоа е мојот коментар за снимките.

    Образованието, пчеларењето кое многу го ценам, семејното познанство, веб културата, се само дел од праговите кои не можам да ги погазам за да ти се обратам со зборовите со кои често се служиш, а на моменти на понашање одлично би ти легнале.

    Што барам на форумов? Иако очигледно не ги познаваш добро пчелите, ќе ти одговорам во твој стил и ќе ги употребам нив. На секоја кошница со пчели и требаат трутови. Погрешна е претставата дека тие служат само за парење. Тие одржуваат позитивна атмосфера, хиерерхија, ладат и најбитно не дозволуваат појавување на лажни матици кои залудно работат во кошницата, а мислат дека се божици и кралици на пчелната колонија. Треба да се грижиш?

    И да, ме купија. На рати, повеќегодишни. Исплатата траеше долго. Цело детство.
    Ти ги имаш во посед законите на универзумот, природата, кармите и слични работи. Уште колку ќе се чека на СДСМ да не спаси или ќе морам уште долго да им јадам од рака на еклатантните примероци?

    Ова со цицките само како пример или си се пофали? Да не се една у милијарда. Пардон, две у милијарда?

    Кога сме кај фалењето, мојот е поарен.
    Сладок, вкусен, полифлорен.
     
  19. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Доста го земате како пример тој што е осуден, некако многу брзо и на чуден начин е осуден, и сам си призна а никаде го нема????? па дури и тој да снимал не е битно за кој????? значи службата не е ефикасна и пропуштиле кртови, за тоа се дава оставка и се менуваат одговорни на службата, тоа е како 1, а друго снимките без разлика од каде потекнуваат го покажуваат правото лице на Н.Г.-Г.Ј. -З.С. - С.М.-и остали, немојте толку да ги браните на штета на сите е, ни избега и "ќораво и сакато" што би рекле старите.....не сакам СДСМ да дојде на власт, сакам чиста и одговорна гарнитура, бидејќи очигледно не ја бива работата......
     
    На Hipster, imelda, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Чекај а кој суд ќе му суди на Заев? Тој ли корумпираниот каде премиерот е судија? Како не се разговорите автентични? Па сите афери за кои се сомневавме се потврдија. Нема сомнеж за автентичноста и баш затоа се растрчаа " патриоти" како Миленко да ја бранат Македонија од самите себе. Властодршчиците кои ги браниш се тешки психопати кои го тероризираат својот народ.
     
    На dragan4eDR, Kaley, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.