"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Душто, ова е стара приказна. Заев самиот откри како една година го местеле, и пак не успеале да го наместат.

    Ама мене солзи ми надојдоа откако слушнав за Тоше. Срамота за Миле, срамота за владата.

    ОСТАВКА
     
    Последна измена: 10 март 2015
    На makedonkamak и Viki693 им се допаѓа ова.
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Срамотилаци за насава дрзава.....цццц:puke:
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    А што било за Тоше? :o :(
     
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.947
    Од она што го прочитав на четот на каналот на youtube додека одеше пресов, се засрамив што живеам во државава и што делам воздух со такви мизерии. Не за џабе рекле дека секој народ ја заслужува власта што си ја има.
    А за инволвираноста на Тоше во бомбава треба ли да се коментира? Срамота!
    Го жалеа само додека им сужеше за собирање поени.
    Ете зошто не дозволија Универзална сала да го носи неговото име.
     
    На Viki693, Edie.S, Rose96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Теравме сеир за Цаци и Сармата, после за Гоца и Зоки, ама ова со Тоше и децата од домот е крајно нехумано. Кој сељак е оној Миле, од џеб да не им дава случајно 3000е на родителите на Тоше?!

    Мене не ми се допаѓа што во сите овие гадотии го споменуваат и Тоше, не дека не е страшно, ама па да собираат политички поени на негова сметка, не знам - неумесно и непромислено ми е.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.947
    Мене па баш во ред ми е што го споменаа. Барем ни е јасно зошто не дозволиа универзална да се вика Тоше Проески.
    Треба да видиме колку монструозно делуваат и дека гибаат и по најсветите нешта.
     
    На Viki693, Hipster и crazylady им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Треба да се засрамат сите до еден , а особено овие без мозок што се , што ги бранат уште и си викат оправдано ....

    Ете како си добиле избори , затвореници , деца , војници кој ако не гласаат нема војници да бидат , откажување на лифтови и еден куп други работи ....

    Страшно , за овие и нивните симпатизери не треба затвор , него еден колец у шупак да им се набие .....

    Страшно !
     
    На galapce, Edie.S, blueberry93 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Не супер што го објавија ова за Тоше одлично, зашто жмро си собираше поени на грбот на Тоше години, години уназад. Се имаат фалено во министерство како они му плаќале и го помагале и додека беше жив, а тек па откако почина се изнасликаа вмровчињана во музеот со слоган под сликите, татковината се грижи за своите идоли. Видовме сега како се грижи.

    Е сега нешто битно сакав да кажам одамна, ова ништо не е заслуга на Заев, он е само курирот во прикаската, писмоносецот, кабелот за пренос на слика и глас и за ништо друго не го ни бива ниту има некоја поголема улога во операцијава бомбите на Заев.
    Говорот сега му го гледав баш, не знам, мене ми е благоужасен, никаква дикција, се сили ко прле пред магаре, се дере наместо да зборува самоуверено и моќно. Чекај малку брат смири се, не цицаме палци, знаеме дека и ти утре истото ќе го правиш.
    Само одлично што ги објавија сиот прљав веш, за да голем дел од народот што гласа за нив да се увери за кого гласа.
    Баш е диктатурата на дело на пусти Љубе му се остварија зборовите.
     
    Последна измена: 10 март 2015
    На calliope, Elena69221, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Јас во случајот зборувам исклучиво како почитувач на неговото дело, згрозрена сум од бесчувствителноста со која зборуваа и калкулираа. Но, додека беше жив стоеше настрана и од едните и од другите, па и сега да се прашувам јас - не би го мешала во сите овие гадости. Но, не се прашувам јас, сигурно снимките се објавени со согласност од семејството. И апсолутно се сложувам, дека не бираат средства, дека се служат со ниски удари, но камо ова за Тоше да беше најстрашното од се во случајот.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    Не сум член на никоја влада, ниту почитувам некоја....но ова е трагикомично ги следев сите така наречени бомби и не бев воопшто изненадена, сител-живееме во Германија возиме ламорџини премиерот може да направи и слеп да прогледа и се е кул.Секој нормален можеше уште пред овие траги комедии дека нешто страшно ни се случува со државата,па не сме овци мајке му....Најсмешто е тоа што пред неколку часа издадена е потера за апсење на Заев заради незнам кој долг бла бла глупости.Добро е ова што ги слушнаа разговорите се надевам ќе и им ги отворат очите на квази патриотчињата. Итна отсавка на хохо Gossip girl , министерката за антикултура и оној што направи да се страмиме дека сме Македонци....
     
    На blond.bunny, Youknow, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Некој кажа дека ова било срамота а не бомба. За мене се бомби бидејќи очигледно сум била слепа и не очекував вакви крајности. За оние кои се запознаени со начинот на кој функционира нашата власт, можеби се само петарди.;)
     
    На green.eyes, makedonkamak и EvAngelos им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Бомбите нема да запрат ако го уапсат Заев. Заев има предвидено такво сценарио и сигурно има поставено други луѓе да продолжат со бомбардирањето :) Ич не е смешна ситуацијава ама ај.
     
    На makedonkamak и anina им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    78.123
    Пол:
    Женски
    Со голем интерес ги следам сите бомби на Заев, иако цело време бев свесна што се случува доле во МК, па не за бадијала избегав од таму. Но толку ми се гнасни, одвратни, чудо некое... кога ги гледам како објавуваат по фб и ги бранат, ми иде со телефонот да ги зачукам по глава :rofl:

    Како што ја гледам опозицијата, мислам дека имаат некоја јака поддршка од некој. И мило ми е за тоа. :party:
    Нека распишат избори, земам карта и доаѓам на гласање

    Но целава оваа мафијашка ствар е толку добро организирана, што јас лично познавам луѓе што не беа вмро, неколку години без работа, и сега им вработија по некој од фамилија за мизерна минимална плата и сега цели фамилии ги гласаат без проблем. А и ова со пензионерите, манипулации до бескрај.
    Студентиве нешто гледам се обидуваат да направат, но повеќето избегавме во странство. А од арно никој не бега. Ајде на арно нека е(fingers)
     
    На butterfly4, MaryAntoaneta и anina им се допаѓа ова.
  16. lealealea

    lealealea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Вчера во универзална и немаше ништо конкретно да се слушни.народот ги знај сите овие работи.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас не разбирам кога ќе се спомене Тоше, па многу душегрижници одма реагираат, како навистина да ве заболе вас ! И мене ми е жал за Тоше (како и за билокој млад заминат живот), ама да правам драми ми е преглупо, зошто се знае кој реално жали најмногу.

    Потоа, некогаш беа кажувани и други работи околу неговото семејство, на пример дека не сакале да го направат гробот, туку сакале да им е направен. Па, имаше и реакции од самите луѓе дека тоа им е несфатливо, зошто во реалноста има многу млади починати лица и родителите сами им прават гроб и никој не ги помага отстрана.
    Па, и тие 3000 евра не се малку ! Колку други млади се починати (или млади самохрани родители се борат секој ден сами со децата), а никој не ги помага со толкави суми !!!

    Во овој случај мислам дека е друго да се знаат двете страни, приказната е далеку поинаква.

    Иначе не е муабетот за ова, ама имам право да си кажам свое мислење и секој има право да мисли поинаку.

    Не сум ни за едните, ни за другите, веќе кажав, значи пишувам исклучиво по мое мислење и убедување.

    ~~

    Последниве бомби не ме изненадија, нешто што веќе го знаевме, чисто пазарење за избори, нешто кое отсекогаш сите го правеле во Мк.

    АМА не е крив ли и самиот народ кој учествува во тоа пазарење ???
    Исто и децата од Домот, се слуша на снимките САМИТЕ изразиле да им платат пат и дека ќе гласаат, никој не им ставил нож под грло.
    Значи ова пазарење нема да е доколку самиот народ не учествува во него !!!!
    А, колку продадени души и овци за стрижење има кај нас, тоа е друга приказна.
     
    На Orthophill, troublesome, zvecarka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Potpolno se soglasuvam so tebe
    Ubavo kazano zasto drzavata da plaka po 3000eu na semejstvoto zarem samo toj e mlad zgasnat zivot
     
    На troublesome и zvecarka им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    За децата без родители мислам дека и да им речат и да не им речат сами треба да си гласаат за вмро, реално стварно многу права добија, вработување, стипендии за школување, станови па мислам оти кој и да го добие тоа логички е да гласа. И баш ми е мило што конечно се реши нивниот статус и нема од домовите да излегуваат како бабабонти за да морат да преживеат, туку како луѓе со сигурна и обезбедена иднина.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Се' си мислам дека позади сето ова стои Љубчо.

    Ова со Тоше им беше баш смислено сношти да го пуштат, знаат народот на што ќе се попали...и не ми се верува дека барале дозвола од фамилијата, во разговорот не учествуваше никој од нив лично.
    Содржината на разговорите ми е дно, јас не сум партиски обоена и не знаев за ваквите игри, ама не го оправдувам ни синоќешното претставување на бомбата. Мислев дека целта на овие бомби е да се дознае вистината за Македонија, не тоа да биде слоганот на СДСМ-овиот митинг.
    Целото тоа претставување со драма, глумење, Уууу и Доле влада, ми ја уништи идеологијата на целиот овој процес...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.