"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Чепнаа таму каде што боли, сега нека се носат со гневот на илјадници обожаватели и почитувачи на Тоше.
     
  2. aahhsddcjd

    aahhsddcjd Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Sdsm malku ste malku ste pickici:punch:
     
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Чувме што чувме приватни муабети, ај сега нека ги дадат сите разговори и да ни ги пуштат и нивните муабети во последните 6 години и да ја слушниме и другата страна, многу ме интересира колку тие биле „фини на муабет“.
    Го отрувте народот со глупи приватни разговори.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Овде не видов ни еден приватен разговор. Не слушнав за приватни разговори како да се замесат кифлички. Ни кај да седнат да пијат кафе. Ни кој со кој се швалерисува. Не слушнав да се зборува за лични примања или плата. Не слушнав каде седнуваат да ручаат или кој што гардероба купил.
    Слушам како да се отворат гласачки кутии. Слушнав како планираат да запалат нечива кафеана. Слушнав како војниците нема да бидат војници ако не гласаат за ВМРО. Си се изнаслушавме(poolparty). Само не сфаќам кој уште овие разговори ги смета за приватни:fubar:
    А нека ги извадат и тие од другата страна, и за тоа не сум против8). Тек така ќе имаме слика за целокупната политичка сцена^_^. Не демек сега немаме ама ај да се комплетираме.
    И така на крај сите ќе плачиме;( Сите за брзо ќе не однесе матна вода^_^
     
    На Mimi123, Viki693, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462

    Нови сезони :l:
     
    Последна измена: 11 март 2015
    На i...ja и troublesome им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.438
    Пол:
    Женски
    Тоше богами заслужи многу поголема почит, нема да влезам во грев да кажам дека неговото семејство не ги заслужува тие 3000 еура, зашто сметам дека заслужува и поише од тоа. Мајка еднаш раѓа таков син. Исклучително добар човек, благороден, единствен, Македонец во срце и душа, кој секаде си ја промовираше својата земја, беше исклучително горд на неа и никаде не се срамеше да го каже тоа. И во неколку наврати имаше изјавено дека доколку парите што би му ги дале на него, да ги даваат за хуманитарни цели тој би пеел за секоја партија. Зарем треба нешто да се додаде на ова?
    Ова конкретно за Тоше, а што се однесува до други граѓани, дискриминирани од правото, тука сите сме сложни. Многу не добиваат ништо, а исто така имаат право на истото. Ама тие се друг муабет и тоа не значи дека на семејството на Тоше треба да им се стопираат тие 3000 еура.

    Кога ќе слушнам некој да каже.. "Избегав од таму" (проследено со благо потсмевање, мислејќи на својата земја), автоматски ми иде да прашам... а што тоа си згрешил ти толку за да така вртоглаво избегаш од тука? Пошто нели, бегаш кога ти ќе згрешиш нешто, а си одиш кога другите (во случајов државата) ќе ви згреши. Сега.. избега или си замина? .....И добро.. пошто таму кај што сега сте, ви е прекрасно и неспоредливо со тука, ослободетесе од гневот и не мора да ги навредувате тие што останале тука, зошто не сите се "колатерална штета" (како што вие не нарекувате), верувале или не, некој по своја волја е сеуште таму кај што е, а вие не знаете кога ќе се деси да треба да се вратите назад и да ги проголтате сите погрдни зборови што излегле од вашите усти. (овој пасус се однесува на конкретна ситуација за која што лично бев сведок).
    Да не бидам погрешно сфатена, апсолутно неам ништо против оние кои си заминуваат, на крајот на краиштата секој има право да си ја бара својата среќа надвор, само ме иритира потсмевањето упатено кон она што некогаш те хранело. Секоја чест за оние кои иако надвор, оваа земја секогаш ќе ја сметаат за своја и ќе ја спомнуваат со топлина во срцето.

    И не можам да сфатам како луѓево така лесно и без џвакање го проголтуваат ова што се слуша на снимките.. Мислам во ред е, ние свесни сме дека се дешавале криминали, ама не е исто да мислиш и истото да го слушаш... да слушаш како конкретни луѓе планираат разно разни п*здарии... а ти да седиш на стол мирно и коментираш по статии на курир дека се е монтирано?! Познавам многу луѓе (на есдеес луѓе) што рекоа есдеес си го доби тоа што го заслужи, ги критикуваа есдеес по многу основи и за многу обелоденети криминали, што го критикуваа Заев кога изјави дека ќе јаде живи луѓе, што навистина беше крајно незрела и одвратна изјава...а еве не знам никој од ВМРО што си ја почешал главата и рекол ..ејј.. абе овие стварно ја претераа... еве не знам....
    Од своите им беше кажано дека ги сметаат за гревови.. и овие пак со глава у ѕид ги бранат... е тие да ми се објаснат...

    Конкретно за бомбава, иако наликуваше на митинг, мене ми се свиѓаше тоа што се овозможи поише луѓе да чујат што се дешава, конкретно постарите лица кои што немаат пристап или имаат ама не знааат да користат интернет, да слушнат, па самите да си донесат одлука дали ќе веруваат на едните или другите, зошто барем овој пат ќе можат да напраат некоја паралела...колку толку...
     
    На sweet-cherry, Luna91, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    да ајде нека ја пуштат и др страна да чуеме.....
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Јас незнам за која друга страна се збори ???
    Сега на власт се овие и се разгледува прашање дали треба или нетреба да останат на власт !!!
    Што сега опозицијата ја ,,чешате,, ???
    Таа што си посеа тоа си жнее и затоа е опозиција и затоа никој не гласа за нив...
    Сега во фокусот е позицијата и треба да се разгледува таа...ја величаа, по вести по ТВ, отварања, сечење ленти секој ден, мавање лопати...ај да видиме што се криело зад тоа...
    Бранко енд компани ги разоткрија, сега и овие се на ред


    П.С.Некои на форумов се однесуваат како оној вицот-колку кеца имаш ?? а детето-комшијата има пет...
    Абе ти колку имаш, остај комшијата....
    Така и овде-СДСМ што имале изгомне..то....имаат, ама не се тие сега на власт...да ги видиме сегашните
     
    На galapce, Luna91, anel и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.223
    Дури и да беше идејата да се крене емоција... фактот е факт.
    Овој Миле ми е исто антипатичен и нехаризматичен политичар како и Заев, па и за некоја класа подоле.
    Ама ете ти, тивка вода брег рони. Толку лошо човече во живот немам сретнато. Интересно мајката, најнеспособните секогаш се најзаангажирање за правење на вакви местенки за да си го наместат задникот на удобно.
     
    На mackica1 и galapce им се допаѓа ова.
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    и шо ако дојде опозоцијата на власта да не порано ке биде хахаха смешки
     
    На mackica1 и troublesome им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Опозицијата си го отсвира своето.
     
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    A poarno e vaka da tapkas vo mesto celo vreme...? ;)
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Епа ај кажи решение тогаш за да не се тапка во место
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  14. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    кога ке опозицијата на власт нема да тапкаме во место ...ке цветат рози .
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Предлагам овде членките на форумов да основаме една партија, па да да ја оправиме работава8)
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.009
    Зошто да плаќа? Па се знае зошто. Нема потреба, ама за собирање на политички поени е добредојдено.
    Затоа се плаќа не дека нив им е мн гајле и жал за некого.
    Истото се случи и со кошаркарска репрезентација. Ги величеа како наши херои, ги мрцвареа под тринфална, се со цел да соберат поени на нивни грб. На крај кога им требаше помош и поддршка ги оставиа да се распаднат.
     
    На Mishela, Hipster, f.e.m.i.n.k.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    аххах може се согласувам ...
     
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Еллиса не ги бранам ни едните ни другите ама ова вашево е како поговорката „За добра свиња нема лоша храна„. Значи, не се само бездомниците и мајките на 3 деца, граѓани на оваа држава. Има настрана од тие „заштитени групи„. Тоа сме ние „обични смртници„ кои не трчаме по митинзи и штабови и не сме добиле ништо од државата. Ни работа, ни леб, ни ништо. Апсолутно ништо. Мене државата само штета ми прави. Штета ми направи со отварање на милион факултети па мојата диплома со просек 9,8 можам да ја изџвакам. Штета ми направи со вработување на партиски неспособен кадар во администрацијата. Што јас би работела со моите Политички науки? Зошто некој со Туризам и црвена книшка го држи моето работно место во општината каде јас живеам? Зборувам 6 јазици а никој не ме вика ни на тестирање за да ми го процени знењето. Работев по маркети затоа што каде и да сум аплицирала ме одбегнуваат заради „семејниот статус Комуњари„.
    Ми направи штета со покачувањето на цените на сите производи. Ми направи штета со воведувањето на минималната плата бидејќи никој од приватњациве не дава повеќе.
    Ми правиогромни штети кои ги чувствувам на свој грб.
    Поентата ми беше дека да, некои имаат корист и земаа многу од државата ама повеќето се како мене. Секаде во светот има незадоволни маси ама тие се помалку од оние кои се задоволни.
     
    На Mimi123, mila25ve, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.223
    Па ако добиле што им следи и е нормално за многу држави, а од друга страна општата атмосфера во државава е никаква, особено економијата и здравството, како треба по дифолд да гласаат за ВМРО?
    Има нешто што се вика колективна свест и одговорност.
    Ако некој добил нешто, а генерално гледа дека се останато не е во ред, тоа значи само дека не гледа само за својот личен интерес, туку ја гледа пошироката слика и интересите на сите свои сограѓани. Добро за мене, добро за сите, не знам, ама отприлика тоа се вика патриот човек што вие толку го силувате како термин. Си го сака народот и си ја сака државата и иако добил ситниш за кој е свесен дека го добил за да биде поткупен, а не дека многу им е грижа за тебе, одбива да прифати ваква реалност и бара подобро како за себе, така и за сите останати.

    Не ми е јасно...навистина не ми е јасно со каков морал и етика размислувате, ама ако мнозинството така размислува, сериозно подобро државава да се распадне.

    Ова нема врска со ниту една партија, ниту идеологија. Туку со основен морал и етика, чувство за сите, држава во која удобно сите живеат, имаат еднакви права и шанси, а успева посилниот како во сите нормални европски земји. Треба да си благодарен за нешто кое што е нормално да го имаш и те уценуваат со тоа да гласаш? Ова е надвор од разумот.
    Оу, се извинувам, додека тие нагрнуваат милиони од наш џеб... и тие не се чувствуваат уценувани, туку и без срам не уценуваат.
     
    На Edie.S, lunicka, anina и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    @anina затоа јас не се трескам тука да бранам било кого, само некогаш зборам за одредени ситуации кои за некого се добри и супер е што се спроведени од актуелните.
    А секако дека од друга страна постојат работи кои некому штетат и за кои секако ниту се согласувам ниту планирам да ги бранам. Мене најкриво од се ми е што уште многу години ние граѓаните на Мк ќе бидеме етикетирани, и криво ми е што и сдсм да дојдат исто ќе биде, сега веќе и бетер. Ама тоа е најверојатно што сме мала држава во која сите се знаеме и сите зависиме еден од друг. Ќе дочекаме ли и ние да го видиме и тоа, на пример луѓето со просек да бидат на чело на институциите и компаниите.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.