1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vecheslav

    vecheslav Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Следете го патот на енергоресурсите кои треба да ја снабдуваат Европа
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.753
    Допаѓања:
    162.768
    Кога сме мнозинство, ништо не ни можат.
    Можат само да се држат до параполицијата на Урко од 900 души што се ништо во споредба со сите нас.
    Сите имаме по некој кој е или во полиција или во армија. Внатрешните муабети се следни - никој не поддржува, на 17ти да не се изненадиме ако сите им откажат послушност. Немаат за што да трпат наредби и да удираат по својот народ. Особено па од армијата која треба да биде облечена како полиција, а немаат ниту една привилегија како полицајци. Можат да условат 10 души на позиции, но не и сите останати кои немаат ниту сакат да имаат врска со нив и немаат како да бидат уценети. Впрочем, гледате колку не се ни координирани, ни организирани, се решаваат ад хок...
    Допрва ќе биде...хаотично, што е благ израз. Ви препорачувам да излезете, но да бидете трпеливи и неподводливи кон насилство. Идејата е нивните да испровоцираат, цајканите да нападнат, со тоа да разгневат и од нас за да возвратат за да има повод за примена на сила и апсења. Кој сака нека пали, нека удира, нека мава со што му дојде, повлечете се да не бидете повредени и стојте си мирно. Нека си ги апсат и млатат своите (ако дојде уопште до тоа).

    И да, вчера беше мирен протестот и таков требаше да остане се додека не дошле вмровци, последна багра и не направиле лом. Барем од мојата населба препознале 10тина кои биле иницијатори на палење и мавање со камења кои се членови на ВМРО, безрбетници, безработници и насилници.
     
    На mims-89, okcenzi, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.313
    Да бидам искрена никој пат не сум сакала да се занимавам со политики и слични работи иако станува збор за моја држава во која јас живеам.Не сметам дека се добри ни едните ни другите(морам да напоменам зошто голем дел ја мешаат темава).Искрено многу ми е жал што требаше некој си Заев да почне да објавува снимки за народов да почне да се бори(искрено се надевам дека тука со ова од вчера нема да застане).И повторно ме чуди што толку време му беше потребен на народот да се крене и да го искаже својот револт.Верувам дека сите сме биле и претходно свесни дека постојат вакви работи,ама ете друго е кога ќе слушнеш како и на кој начин излегува од устава на овие(несакам ни да ги именувам).
    Морам да кажам дека прв пат сум навистина изреволтирана,до тој степен што ми се плаче за сите луѓе во државава,како и за самата држава.Бескрајно сум разочарана,и не знам дали некогаш ќе се опорави оваа држава од сите овие бесчувствителни луѓе што владеат со неа.


    I can't believe this is the land from which I came

     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Криво ми е што на мајка ми се развикав и кажав дека нема да седам дома и да молчам како и тие, и да не ми кажуваат да се пазам! А таа беше само заштитнички настроена! А татко ми дојде до кај мене и ми рече: не можеме да спиеме. Страв ни е за тебе! Ве мразам ВМРО, те мразам Грујо, владо! ! За сиот тој страв во луѓето! Другар ми е во зтавор, тепаа пред мене стари лица, млади луѓе. Не провоцираа додека стоевме во првите редовие имаше одвоени штитови каде маваа со нозете, плукаа, вреѓаа. Се знае дека им е тоа целта, да настане агресивност за да имаат одврзани раце за да млатат, за да ни влејат страв. Полицијата треба да го брани народот, не да ја брани диктатурата! Ми се блуе. Не понижуваат на секој можен начин. Го обврзведнуваат животот и постоењето на личности поради нивна власт. На ова мора да се стави крај!
     
    На NoellePage, Edie.S, butterfly4 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ја слушнавте изјавата на директорот на библиотеката Браќа Миладиновци?
    Ги демантира човекот сите случки ( за кои има и видеа од присутните), и кажува дека специјалците нормало си влегле за да проверат дали некој има во план да создава немири?!

    Јас сум згрозена од сите случувања.
    И мака ми е што знам, дека ваквите протести нема да имаат некој особен ефект.
    Зошто?
    Ко што спомена една феминка претходно, премногу корени пуштија Вмровците.
    Се наоѓаме во ќорсокак. Од сите страни сме притиснати, и тоа поради работните места.
    Никој нема да сака и да дозволи да биде избркан од работа. Една плата помалку во фамилија, кој искусил, знае како е.;(

    И ете Груевски денеска присуствувал на отворањето на фабрика во Кочанско. Ко вообичаено, да се заташка случајот..:x
     
    На kim.k и Hipster им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    10.382
    @Daydream искрено и не побарав да ми се правдаш. Јас разбирам зошто сакаш да си одиш, немој да мислиш дека и јас немам соништа и дека јас не сум размислувала да го фатам истиот пат како и ти. Немој да мислиш дека не знам зошто толку луѓе си отидоа, а и тек ќе си одат.
    Но индиферентноста не ја разбирам, извини тешко ми е, непознато ми е чувството, без разлика за што и да е. Протестите се последица на тие бомби и разговори, не можеме едното да го одделиме од другото во случајов.
    Мижењето го гледам токму во тоа, баш во таа индиферентност и во тоа што не може повеќе да изненадат убиства и тешки криминали кои не осакатија како народ...нас и нашите родители и оние со кои пораснавме. Што секој нов криминал се прифаќа ладнокрвно како уште еден во низата, како да нема градација и како секое зло да е исто, а не е.
    Бурталните вести не би ги дочекувала индиферентно како нешто очекувано ако не си замижала.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    За жалење сме ние македончињата.......... во една песна од една македонска група се вели " македонче ке порасне ли во Македонец" штета баш штета е се ова што се случува
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Дејдрим извини не може да ти биде сеедно и да бидеш индиферентна кон бомбите и разговорите а да проджуваш протест.
    Убаво ти кажа Џована, ако ви е сеедно пакувајте куферите со среќа нека ви е.
    Ама да знаете каде и да одите не е мед и млеко. Од искуство кажувам.
    Секој со својата среќа, не ги судам тие што заминале и им посакувам се најдобро, ама само бегство не е решение. КОлку и да бегаш тука никој оставаш, мајка татко, роднини пријатели, некои луѓе што ми значат толку многу и се грижам за нив како што се грижам за самата себе.
    Од индиферентност и одмафтување со глава до тука стагнавме.
    Се продадовме за ич пари и сега ќе страдуваме. Јас стравувам за својот живот и за судбниата на сите околку мене. Зашто сите се како мене, никој не е вморовец, ретко кој е во администрација, не зависиме од нив директно ама индиректно да, да не се лажеме. Они ги имаат пушетно нивните пипици ко на медузи насекаде и во секој сектор.
    Правник сум а не гледам правна држава, не гледам правда.
     
    На galapce, crimson, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Едно нека ви е јасно народот не протестира за СДСМ да дојде на власт, туку да си заминат сите овие што ја направија државата ваква!
     
    На omg92, ljubam, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А зошто некои од вас мислат дека е срамно доколку во некои од нас патриотизмот речиси и сосема да го нема а љубовта спрема државата исто така со текот на годините изумира.
    Едно време гласав за Вмро, делумно затоа што мислев дека го бирам помалото зло а делумно затоа што сеуште бев дете кое што не ги разбира работите и не е свесно што навистина се случува. Од мала си имам некоја љубов спрема политиката, дипломирав оваа година политички науки но како се повеќе созревам сфаќам колкаво зло е истата.
    Си признавам еве, ме освестија бомбиве онака целосно, иако во последниве години станував свесна дека тие што ги гласам се само едни обични криминалци, сепак овие снимки ме треснаа од земја и буквално сфатив за кого си го давав својот глас последниве години. Дека се каам се каам, ама исто ми е мило што конечно некако се освестив, затоа што гледам дека уште има многу исперени мозоци кои што некако одбиваат да ја прифатат реалноста дека веќе 9 години сме сведоци на тоа како пред очи ни пропаѓа државата. Не знам како можете да пуштите Сител и да верувате во нивните небулози, греота е за вашиот народ, греота е за сите оние деца и луѓе кои излегоа вчера и протестираа, за брат му и мајка му на Мартин, ми се плачеше кога ги видов сликите, татко му се самоубил, толку е жално и трагично што мислам дека по тажно не може да биде.
    Јас одамна изгубив надеж, уште од мала сум свесна во какво живееме, едните ги затворија фирмите во кои работеа моите родители, другиве не докрајчија. Гледајки ја мајка ми како секој ден едвај сврзува крај со крај и од ништо прави нешто за да имаме за јадење ја искористив првата прилика и избегав во странство. Мизерувам овде, дојдов со минимални пари едвај колку да се прехранам додека да ја земам првата плата. Секоја вечер плачам зашто сеуште сум дете, имам 23 години, не сакам да сум овде, и мене ми треба топлината на семејниот дом и мене ми требаат другарки и излегувања но немам избор. А кој е крив за ова ? Грујо, Бранко, Гоца кој и да е...сите се исти, сите до еден. И да сум во Скопје и да излезам да протестирам што ке добијам? Ќе паднат едни ќе дојдат други исти такви, не верувам повеќе дека нешто ќе се смени кај нас и дека не чекаат подобри времиња, колку и да се негира иднина во Македонија нема, да жално е ама вистинито!

    Ме фаќа носталгија кога гледам што се случува, а истовремено сум и горда на својот народ што покажа заби и што допрва ќе покаже дека сите овие криминали нема да пројдат незабележително. Па и по цена да избие граѓанска војна, ние веќе го допревме дното со оваа влада, подобро е и војна отколку рамнодушност. Доста трпеше народот, доволно па и премногу...одете си!
     
    На ljubam, Marossa, Giovanna и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Малоумни вмровци ми пишуваат во инбокс потресени дека сум бил предавник на татковината. Децо, татковината е Македонија, не е ни ВМРО, ни СДСМ. Вмровец чиј татко е високо рангиран во ВМРО признава за неморалноста на специјалците, ама овие најропачиштата, што денот го трошат на кафе пиење нашле да ми се закануваат.

    Плус, национализмот е соуууу 18ти век.

    И овие неутралните што си ги сликаат грдите фаци и се прават дека ништо не се случува, е, тие одвратните еден ден ќе имаат деца.
     
    На ljubam, Giovanna, referentka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Sto se slucuva vo drzavata toj izlegol mi zboruva za seminja za cveke..Da si gi napikas znaes kade (wtf)
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски

    ФАЛА! Е ова е најбитниот детаљ од целата оваа случка! Слушав сега на сител какви не глупости изнакажаа наводно сите платени биле од СДСМ. Добро која будала верува во тоа?
    И да сте вработени од ВМРО, и да сте нивни следбеници дали е можно некој да е толку прост и слеп? Не уништија бре луѓе! Та едните та другите... Подобро сами да си раководевме со државата без претставници помалце анархија ќе настануваше. Тотално сум разочарана и гневна и најмногу од се посакувам да бев Скопје! И полагам петок и ништо не можам да научам чекам вести и искрено сум возбудена што се буди народот и се надевам дека ќе се оди до крај. Само мирно без инциденти и тепачки. Не подлегнувате на провоциите.
     
    На anichka94 и referentka им се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Протестиве се платени од СДСМ, а контрапротестиве се од револтирани граѓани.
    Дал да плачам, ил да се смеам.
    Сител и се е можно.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ауууууу не можам да се соземам. Леле девојчето како вриска од страв. Леле дечкото како го удрија. Ааааааааааааааааааа треба да летаат овие педери од работа.
     
    На referentka и butterfly4 им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    [​IMG]
    "Иако девојката била со кренати раце во моментот кога специјалците ја расчистуваа толпата која протестираше пред владата, еден од нив замавнал и ја удрил иако не се спротиставувала на припадниците на МВР."
     
  17. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.468
    Пол:
    Женски
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    http://a1on.mk/wordpress/archives/486325

    Ова е на исто место како првото видео каде девојката плаче а дечкото го собираат буквално како да е предмет, поточно ова е во близинана на бившо вулкан, на булеверот кај излет и грчка амбасада.
    Тоа е пред влада дури две улици. Што мајка барале нив да ги гонат?
    Гниди.
     
    Последна измена: 6 мај 2015
    На referentka и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не барајте сочуство, не барајте милост ниту пак дека ќе ги предомислите, овие луѓе се посебно одбрани, "мозокот дома во тегла го ставаат пред да излезат" нив нема ни око да им трепне, насилството им врие во крвта. Бидете внимателни, мирно на протест!
     
    На Giovanna и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Ke ima li protesti denes?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.