"Бомбата" на Заев

Discussion in 'Политика и настани' started by Acisal, Dec 3, 2014.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2011
    Messages:
    1,144
    Likes Received:
    17,999
    Леле луѓе аман, доста мешавте баби и жаби! Каква врска си има патриотизмот со протестите? Се протестира против една диктаторска власт, поради корумпираност и криминал, и за прикривање на убиство. Доста више со Вмро до смрт, името не го даваме и патриоти сме треба да умреме за државата. Леб немаме да јадеме патриотизам ќе гледа некој, изумре тоа во една ваква држава.
     
  2. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Денешнава бомба го сјеба само името, поимот, делото и се она што значел Младенов во новинарството за обичните луѓе. Не се знаело ама еве Заев помогна да дознаат поголем дел од нас дека Младенов бил пијаница, уценувач, рекетар, ваљда и курвариште. Видовме дека и покрај тоа што учесниците во сниманите муабети го знаеле ова, најчовечки излегле во пресрет на семејството, помогнале тој да се лоцира, овозможиле независна истрага, па дури му искажаа последна почит и му посакаа лесна земја.
    Заев му посака немир и превртување во гроб. Ѓубре.
    Голем % од „Вистината за Македонија“ му е брцање и претурање во коски и остатоци од мртовечки сандуци. А очигледно е дека тоа годи и кај симпатизерите. Им се свиѓаат вакви работи. Не им требаат програми, нема дали и како ќе се вработува, како кон подобро од ова сегашново...? Не им е битно ни ним, ни на новинари. Никој не прашува.

    Сака ли да дојде на власт, затоа нели и бомбите се фрлаат? Нека даде проекти, идеи, стратегии. Нека им даде на тие што му плескаат раце и нека привлече уште плескачи. Нека им даде на тие таму илјадници и овие од форумов неколку што во име на СДСМ, а не во име на подобра иднина одобруваат палење влада, млатење полицајци со метални цевки и жабици од скелиња, кршење џандарски глави со бекатони без причина. Нека им даде на оние чија намера за паѓање на владата, колку и да е бедна, нереална и неостварлива, да претпоставиме дека би успеала, кои не знаат што потоа. Да, сигурно, Заев ќе ни биде вечниот владетел, а неговите снимки ќе привлечат инвестиции, ќе придвижат економии, стопанство, ќе не хранат... Под фантазија и претпоставка да успее пучот, како да ќе нема избори за нова влада и како да народот ќе нема шанса да оценува и одлучува за својата иднина врз основа на свои видувања. Колку и да би биле транспарентни и организирани тие избори, знаеме колку е поддршката на СДСМ. Видовме баш таква ситуација пред некоја недела. Баш поради бламот пред некоја недела во Центар и поради неприложување стратегија за „што ако падне власта“, мене ми личи дека целите на СДСМ немаат перспектива. Понеспремни за стапнување на власт не биле никогаш.

    п.с. Фразата „Како маж на маж“ беше нешто најсељачко и најпримитивно што може да го извади еден политичар на официјален настап. А објаснувањето со Уставот како колата била демек вртена, удирана, ебавана, вртењето, мавтањето, неможноста да искаже што мисли, беше знак дека и сам сфати дека оваа бомба му била скроз непотребна.
    Му беше потребно само името Младенов.
     
    orevokrsacka and manja666 like this.
  3. anel

    anel Популарен член

    Joined:
    Feb 2, 2015
    Messages:
    583
    Likes Received:
    19,936
    Gender:
    Female
    image-ff7f46e03d7e5dbbba3781e132e174305b5f1543141ff3086000196919469f70-V.jpg
    Сега веќе не станува збор за политика туку морални вредности, човечност.А кај нас повеќето не само што се индиферентни, туку и влегуваат во одбрана на неморалот.
     
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    17,881
    @orevokrsacka a koe e resenieto spored tebe? Da molcime gledajki kako prpoagjame samo zatoa sto nemame podobra politicka opcija? Da ostanat ovie uste 20 godini na vlast?
    Jas resenie gledam vo ekspertska vlada ili nekoj popameten ke smisli podobar nacin. Resenieto vo nikoj slucaj ne e navednata glava.
     
    anakonda88 and Tanjamm like this.
  5. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2014
    Messages:
    1,389
    Likes Received:
    8,354
    Gender:
    Female
    Добро бе вие свесни сте дека државава нема пари. А викате не храни. Со што??? Со земање кредити, со задолжување.
    Господинот премиер се задолжува до гуша за едни плати на администрација. А за друго незнам ни дали останува.
    Колку проекти се започнати, објектите изградени, а зјаат празни.
    А ваму се фалат демек отворале нови работни места.
    Па не сме слепи бе.
     
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    17,881
    Остај бе Натали, на кого објаснуваш?
    На овие со испрани мозоци (како што милувам да кажам) со шампон сперма од Грујо. Штом ги величат и после циничните смеења на смртта на невино дете, апсени на правди бога луѓе, зацрнување на фамилии, тие за мене не се луѓе туку монструми. Овие се до степен мајка им да им ја убие пастирот, ќе речат„во право е досадна беше жената„ . На нив ли ќе им докажуваш?
     
    anakonda88 and Tanjamm like this.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,587
    Експертска влада велиш? Хмм, чекај да ми текне кои експерти ќе ги стават.
    Можеби оние кои на чело со Бранко ја направија приватизацијата и ги оставија нашите родители буквално на улица, или оние што шуруваа со Милошевиќ за време ембаргата, па експертски шверцуваа нафта и цигари преку граница, или можеби оние на кои им текна да ни ја наденат привремената референца (привремена е само гледано од Божја перспектива), може па и Бучко да биде експерт, зошто многу експертски ги клатеше ушите кога секоја реченица ја почнуваше во идно-неопределено-никогашдочекано време - „ќе направиме, ќе направиме, ќе,ќе..“.
    Во моментов ми текна само на овие. Ама на „некој попаметен од нас“ ќе му текнат и некои други. Ќе им дадеме шанса и на други. Само од многу давање шанси на секого, ми е страв да не почне да не бие лош глас по светов.:$
    Обавезно! За се ова ќе се потпишат и ќе го заверат на нотар!
     
    Prijatelot and Madonna like this.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,581
    Likes Received:
    13,973
    Вие што мислите дека Македонија е на прав пат, дали сте нормални? Кредитите ќе се враќаат со години. Нема да мрднеме од мртва точка. Нема НАТО, нема ЕУ. Па вака ни во Африка не би не примиле. Катастрофално лоши денови доаѓаат за земјава и џабе оптимизам кога штетата е направена.
     
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    17,881
    Аман веќе скурчивте со таа приватизација. Приватизацијата вака, Бранко така, Ранко онака. Свесна ли си дека од приватизацијата има поминато години и години. Овие морониве се на власт речиси пола наша независност и кажи ми што направија? Кажи ми колку твои другари, роднини, познаници заминале и сакаат да му ја спраштат од земјава? Зошто? Зошто е многу просперитетно овде во времето на груевизмот. Аман веќе не живејте во минатото и во времето кога не сте ни биле родени или свесни за себе. Гледајте каква сегашност имаме и каква иднина не чека?
    Приватизација, па приватизација за тоа сте се фатиле и ко навиени само тоа го зборите.
    А само тие ли ги имаме во држвава? Колку не искористен потенцијал имаме во професорите во сите области и нови генерации што сега се докажуваат? Ама ограничени умовии гледаат или Бранко или Грујо нема друго. Ако треба ќе умреме ама шанса на друг не даваме. Господ нека ни е напомош со ваков ограничен народ. Се помалку имам надеж дека ќе останам во државава.
    Инаку многу добар глас не бие во светов моментално. Ова говедово не изолира, со кого стигна се избрука. Сите му се душмани, сите него го мрзат...
     
    Last edited: May 7, 2015
    Quincy, butterfly4, macovska and 4 others like this.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Па сигурно нема Латас професор да го наречам :^)
    Појма немам што се, не заслужуваат да им се обратиш како на луѓе ама ај....навреда би било и за некое животно ако ги споредиш со него...
     
    galapce likes this.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Joined:
    Apr 2, 2015
    Messages:
    1,468
    Likes Received:
    20,046
    Gender:
    Female
    Така научиле од Грујо и како стифотворба и мантра цело време само тоа верглаат. Толку од лимитирана памет и ограничена перспектива на се околу, а не подалеку од нивниот нос.
    Приватизацијата беше применета според закон чии креатор беше Никола Кљусев.
    Тој закон, ако не беше Бранко, ќе го спроведуваше Петко, Цветко, Рајко......
    Вие, затапени ВМРО-ци, излезете од пештерата и погледнете малку лево - десно.
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2010
    Messages:
    4,029
    Likes Received:
    25,023
    Според неофициални извори , во вторник ќе биде бомбата за езерото а во петок за името ...

    Истотака имало бомба за тоа во Гостивар што убил тој полицаецот двајца албанци и се двоумеле дали да ја прикажат, демек се смееле на телефон овие имало 2 шиптари помалце за гласање и слично , сеа колку е ова точно незнам , сепак се само неофициални муабети од поблиски извори , али ако во случај се точни , онда овие албанците како што се накрвени ни гумени куршуми не ги спасува.

    Е сега ако точно за езерото , зашто ја ставаат пред името , треба да биде како завршен јак удар и после на протести да се симне влада , е сеа дали тука мислат дека името повеќе ќе има револт , или немаат доволно докази да прикажат за езерото ... што им е стратегијата незнам али ајде ,

    И пак ќе кажам ова се од неофициални извори , т.е од другарчиња кој се блиски со други другарчиња и си знаат ова-она ....

    Ајде бидејќи гледам никој се замара да те чита и реплицира , јас само ќе потенцирам смешкиве на кратко.

    1. А од кај знаеш дека нема проекти? , тој си има стратегија сигурно , а неможе да мрдне оти ропациве од власта све имаат под нивна контрола , друго кој се тие проекти на владата? вработени 2 милиона луѓе? или пак еве кажи ми еден проект преку кој владата нема испрано пари ? или мислиш на оние проектите уништи го водно со свои плацеви и подигнати палати ? , или пак можеби уништен плоштад и исечени дрва еден куп ? , еве кажи си слободно.
    2. Кажи инвестиции што привлече вмро а ? , СУБРАТА РОЈ најголемата до сеа така ... сеа уште малце и 20 илјади овци ќе дојдат така инвестиција , и онака веќе ги има да гласаат за нив , сеа уште толку ќе дојдат само од овие барем волна може да се стрижи
    3. Да имаше нешто против заев ќе го затвореа уште во Јануари , а не да се шета 4 месеци веќе , или пак можеби све што имаат е постови на курир?
    4. Блам е да има повеќе гласови да се задржи фасадата на гтц него за прецедателот на Македонија?
    5. Дури и да пропаднело , тоа не е ни голем приорититет , повеќето не отидоа бидејќи не се замараат со тоа , да има избори кој мислиш ќе тепа? ропацине од власт да не ќе тепаат , пази да не .... плус повеќето имаа закани да не излезат како и фамозното да се исклучат лифтови (во мојата зграда исто) , трето да беа добри вмро ќе победеа во Центар нели ? а не и со 3 криминални круга пак да изгубат...
    6. Имаат стратегија , да дојдат со што помалце штета , ако е за тоа , можеше уште први денови да прати докази и да направи дестабилизација , и да си почне војна и да дојде , ама за разлика од ропакон Грујо овој не е спремен да жртвува 100 илјади граѓани за да си земе столче у влада ....
    Тоа е , нешто друго има ли што не ти е јасно ?

    Доказите си се иначе во ред , објасни зашто лажеле дека не бил најде мобилниот кога го лоцирале со тоа? , зашто биле камерите исклучени ? , зашто немало крв и стакло , зашто летнало телото 22 метри кога било пишано 7 метри (или обратно беше незнам) тие прашања можеш да ги одговориш ?

    Не се секирај и ти заедно со Елиса и препоса и адоки ќе пеете на улица nije ovo moja noc од Саша матич ноќта кога ќе ви падне вашето фамозно вмро ....


    edit :
    Истотака провокаторите што ги нарекуваат сите , не се ни активисти на сдсм , повеќето се неутрални навивачки групи или пак вмро-овци што сакаат и чекаат да може нешто да наместат , нешто како Ивона што се глупираше на протестите ....
    Еве ти и доказ
    [​IMG]
    "Едно од лицата кои за време на вчерашните мирни протести, со фантомки и дуксери врз лицата, со камења, шишиња, и други предмети фрлаа по полицијата, бил Александар Варга, член на навивавачката група Лавови од Ѓорче Петров, и симпатизер на ВМРО ДПМНЕ! ""

    Изгледа и овој како Елиса отишол само да види што се дешавало и колку излегле така ...
     
    Last edited: May 7, 2015
    Quincy, MilaP, Kala22 and 7 others like this.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    17,881
    Ако збориме за приватизација, дотичната нека ми каже една земја каде што истата се извршила без последици ? Смена на систем секако носи кризи. Не викам дека никој не профитирал , меѓутоа тоа се случувало сегде. Ако не бил Бранко ќе бил некој друг, убаво си кажа. И нека ми каже каде се другите земји во кои се одвивала приватизацијата, а каде сме ние? Србија со војни, ембарга, припојување со Црна Гора, рааздвојување и 300 други чуда не шишна. Ама што зборам за Србија, во Косово има повеќе просперитет од тука. Овие се запнале приватизацијата, а не се свесни дека ова што сега ни се случува е полошо од приватизација. Тогаш ни останале родителите без работа, сега капацитети со 10 просек трпат за леб и бегаат од државата. Каде е разликата?
     
    anakonda88 likes this.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Трендо, јас дојдов за Трендо. Ех интелектуалецу толку ли ниско падна?
    Сега смешно ти е тоа што те има во бомбите, сите сме ние нискоинтелектуални амеби не сфативме, само ти сфати, види богати.
    Не сакам да ликувам ама за тебе важи онаа добрата стара српска- знам те пушко кад си пиштољ била.
    Скриј се те молам, ти и твоето его- ина фина или колку и да сте што и да сте молчете. Ти ќе ми зборуваш за независно новинарство.
    Јипи пријателче мое паметно не се нервирај, остави ги нека се бламираат и ние мора да се смееме на нешто.
    Елиса на сите ни е позната на темава, со нејзината омилна опструкција од штаб-комуњари. Не знма бе дебили да бевте ќе сфатеве дека не постои комунизам дека е само утопија. Викајте ги социјалисти, браковисти како сакате СДСовциве, ама до кога ќе глумите начитани со комуњари? Се смешее мојот професор во средно по филозофија, џабе од негови клупи излегле многу политичари а ништо не научиле од неговите предавања.
     
    galapce, Kitten, Orthophill and 2 others like this.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,758
    Likes Received:
    162,794
    Трендо сликовито објасни во неговиот роман денес каде фино измастурбира.

    Пријателите ги бираме обично по нашите слични вредности и верувања, ако не ни се исти, не можеме да се дружиме и сакаме. Не за џабе е извадена онаа стара добра - ским си такав си.
    Tрендо си пати од комплекс на виша вредност и мисли дека е единица мерка за квалитет на пишан и сарказам, а во принцип зад сето тоа се крие еден огромен страв од неприфаќање. Не знам дали сте приметиле дека секогаш кога ќе биде фатен во тесно се користи со вулгаризми, со безобразно одвраќање, никогаш аргументирање и одмереност и пред се неговото мото е - ми се може. А како тоа ти се може? Кој си ти?

    Од друга страна, одамна не го среќавам Саше, ама денес кој знае што направил, сто посто жена му трудна е останата... еве не знам.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Чекај Саше не го сака ич Трендо?
    Имаше многу смешен твит, денес на Саше му е слава:rofl:
    Трендо ис трендинг, не не крај се некогаш со твитовиве.
    [​IMG]
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    Last edited: May 8, 2015
    mims-89 and anakonda88 like this.
  17. macovska

    macovska Истакнат член

    Joined:
    May 23, 2014
    Messages:
    182
    Likes Received:
    203
    Gender:
    Female
    Tаман се изреволтирав од сите коментари што ги прочитав, и оп! Ете нешто најпаметно.
    Секоја чест!
    Се што сакав да напишам гледам напишано.
    Поклон до земја.
    Им објасни убаво.
    Само би додала, околу Младенов,затоа што срцето ме боли кога ќе ми текни каков новинар изгубивме.
    Бил ваков, бил таков. А овие на снимките што го зборат,па за волја на вистината најубави ни се!
    Од 7 до 22 метри има разлика 15 метри!
    Јас не сум чула за сообрајќајна несреќа каде што има превртување на возило,без да се скрши стако,а уште помалку крв да нема.
    Не се случајно изгаснати камерите.
    Не е случајно што го нема Мијалков во разговорите.
    Се сеќавате зошто загина?
    Сакаше да ја објави аферата мислам беше за Словенечки телеком,
    Го Убија! Но излезе.Без толкава прашина како што ќе беше,бидејќи луѓево тагуваа по него.
    Зошто се вратил два пати до Велес? Зошто никој не знае со кој тој се сретнал таму?
    Впрочем прочули ли негде инфо кај бил,со кој бил,што правел?
    Мн ми е криво што не се сеќавам со кој разговарав,но тогаш убаво ми објаснаа кој го чекал,со кои закани се служеле.
    Тогаш беше заканата да не ја гиба и објавува Никола Младенов таа афера. Тој одби.Како и секогаш дежирен и едини што остана критичар на власта.
    И замина...замина да ја објави,не стигна тој лично да го направи тоа.
    Ве молам,значи сите што коментирате тука а што мислите дека не бил убиен погледнете ја 30тата бомба посебно она што Заев го објаснуваше за ударот за возилото.
    И не верувајте! Не ве терам!
    Тој што ви е најблизок што се разбира од таа проблематика само ќе ви го потврди тоа.

    И најискрено,жал ми е на сите кои мислите дека ова со бомбиве не е ништо страшно,дека опозицијаата нема стратегија,имаше бре луѓе имаше! На изборите прекрасна идеја!
    Штета,не им дозволија , да видевме што ќе реализираа,па ако потфрлеа ќе ги критикувавме.
    Како можи да критикувате човек кој со фамилија ЈАВНО излегува со сите докази и покрај тоа што знае дека може утре тој да биде Никола?
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    18,930
    Likes Received:
    108,215
    Gender:
    Female


    Tanjamm , абе до кога ќе водите инат? И што толку плачење по тоа НАТО и ЕУ? Зарем толку многу сакаш да си во ЕУ под друго име? Кој и да дојде на власт Македонија нема никогаш да влезе во НАТО и ЕУ (а и подобро да не влезе)
    И што ви е на вас толку лошо никогаш нема да сватам. Јас што познавам членови на СДСМ ништо не им фали , по 2-3 коли во фамилија , одат на одмори секоја година , сите се вработени и на протестиве (за ГТЦ , за Мартин итн) сите си излегоа за забава , разонода на кафенце... бевте на власт и ништо не направивте , само штета сте за државата , ништо повеќе
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Поздрав до Трендо кој некогаш обожавав да го читам и му се восхитував,а сега е само
    "ТРЕНДО ГОЛЕМАТА ПОЛИТИЧКА КУ*ВА!
     
    anakonda88 likes this.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2010
    Messages:
    4,029
    Likes Received:
    25,023
    Ми се допаѓа како вмровчињава акцентот на дебата го ставаат на "Големо чудо ако се овие криминалци и убици , ШТО ДРУГИТЕ БОЉЕ ДА НЕ СЕ ..." , и целата дискусија им е тоа , ни еден збор не спомнаа за бомбите каде што нивните лепотани признаваат све , туку на тоа дека опозицијата е лоша .... Со вакви логики , грујо династија ќе стане во државата .... страшно

    Инаку еве
    [​IMG]

    Се остварува проектот на владата , се гледа дека градат , ПАЛМИ !!! , толку дрва исекоа па сеа палмички ќе турат лелеелелелел ,

    Друго проектот на владата е , секоја фирма што нема да сака со мијалко соработка или пак со владата , ќе биде или рекетирана , или запалена , или затворена .... Бранко е заминат , заебал работа у 2006 и толку е , си отиде ,
    Овие се далеку од заебуење работа и не си идат , тоа е разликата .... треба на клоци да ги кренеме оти сами не си идат , али стрпливо ќе си почекам да видам смилковско езеро ако е тоа тоа , па после немора ни да се мачиме , доста е албанциве да ги спалат.
     
    fighter and Night Rider like this.
Thread Status:
Not open for further replies.