1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.939
    Не сум член на СДСМ, и не сум била на власт. Не мора Македонија да влезе во НАТО и ЕУ, ама сакам стабилна држава, каде граѓанинот е заштитен, каде има некој ред и мир. Кредитите кој ќе ги враќа? Оваа криминална влада не само што треба во затвор да оди, туку и да се конфискуваат нивните имоти. Во која држава се убиваат луѓе и никој не одговара?Во која држава власта организира контрапротести?Во која држава се носат гласачи и гласаат којзнае на колку места?Платите во приватен сектор не се доволни сметки во зима да се платат. Сиромашни сме, јадни, бедни. До кога Македонија ќе биде земја за потсмев?Оваа политичка криза како и да заврши многу лошо ќе биде за земјата и за народот.
     
    На Quincy, anakonda88, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    @koritsaki ама зошто не сакаш да разбереш дека и сега луѓе чекаат пари од странство и пензии од стари лица што ги чуваат? И полошо - на другарка ми и’ ја блокираа сметката на мајка и’, на која ги земаа единствените приливи - минимална пензија и пари за нега. Зошто? За сметки од МТВ. Пари за нега на болно лице блокираа еј!
    Ама добро, твоите познаници од СДСМ имаат по две коли и одат на одмор, се’ е во ред во државава.
     
    На Tanjamm, butterfly4, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    По дифолт според овие форумџики овде мораме сите да плачеме кукаме да се жалиме и да сме пред умирачка за да бидат задоволени нивните страсти. Само тогаш нема да не извреѓаат, кога ке бидеме бедни и очајни а се додека живееме нормално #nismonormalne
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^^^
    500 е минимална во Грција? Цените горе долу исти а во Мк минимална 150. Ти Грците ги жалиш сиромашни биле а на Македонците супер им е, што им фали. Логика.
     
    На Quincy, Golden, Giovanna и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Не биди безобразна, никој не вика дека треба да плачеме и кукаме за да бидат задовлени страстите.
    Само сакаме да бидете реални да гледате подалеку од вашите надурени партиски носиња кои удобно седат во фотењите до кои јасно ни е како сте се дочепале. Не за друго зашто гледаме како игнорантски се понашата и секоја критка којн вашиот мил работодавец ја сфаќате како удар на државата а не сфаќате дека сте таму за да загоите уште толку нечие его кое сака пердашење и тапшање по рамо од вас кои ги гласате, им трчате на конгреси а тие за захвланост ви фрлаат коски.
    Ми одиш на нерви од поодамна кога се закачи со нeкоја феминка, кукаше како те нeвредувале а ти си таа што не отру со безобрзија, некултура и осовно непознавање. Насмеала се кука на крува бука работава.
    @Elissa
     
    На julie77 и Luna91 им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Да ви откријам една тајна.
    Не сите што сме незадоволни од власта сме СДСМ. :D

    И аман не е тоа поентата на темава. Ако немате што да кажете за бомбите, не пишувајте само колку да се испокарате со некој.
     
    На calliope, Tanjamm, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Ма се’ се тоа соросоиди, комуњари, и најново - некрофили. Добро знаат ли што значи зборов, баш ме интересира?
    Па има речници бе мајку му стара!
     
    На julie77, Luna91, s1a1n1d1r1a1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.912
    Допаѓања:
    108.161
    Пол:
    Женски

    Не ги жалам Грците , а и цените не се исти. Не дај Боже овде да ти притреба лекар , ако немаш 50 евра да дадеш на приватно ќе си чекаш по болниците месец и повеќе. Осигурување нема.
    А и во Македонија , мајка ми зема 150 евра плата ама има некои што земаат и 1000. Немојте да зборувате дека Македонија тоне во сиромаштија :shake::nod::hai:
     
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Кажи им на тоа Грците да не протестираат туку да си седат мадро, земаа ја запалија Атина кога полицијата го уби тоа детето, прашај ги зошто демонстрираат 7-8 години уназад и тоа протести спрема кои овие нашиве се `не лути се човече`.

    Грција се наоѓа во најголема економска криза а сеуште овдешен народ оди да работи сезонски таму и сеуште грците имаат којзнае колку инвестиции тука.

    Не само Грција, по цел свет има протести и демонстрации, од САД до Бахреин, од Мексико до Кина, нели наместо да си седат мадро.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Жено тие што земаат 1000 евра плата се 5 посто од населението. А тие како мајка ти што земаат 150 евра се 50 посто од населението.
    Средината зема или под или над 300 евра, но не поише од 500.
    Мајка ми цел живот работи била и раководител на оделение со факултет и со милион обувки и докфалификации па далеку е од 1000 евра.
    Не се жалам ни се фалам, само да ти докажам дека гаиш некоја илузија или некој многу различно ти ги прикажува работите. А грчка не е далеку па да не можеш да дојдеш и да видиш па и голема си сама за да направиш разлика.
     
    На galapce и poenta им се допаѓа ова.
  11. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Мислиш 0,5% :D
     
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Искрено ова очекував да го искоментираш. Вообичаено луѓето кои го застапуваат ВМРО се фаќаат на затварањето на фирмите за време на создавањето (ќе морам вака да се изразам) на нашата држава. Многу е нормално кога една држава се одделува од друга да и следи период на транзиција. Затварање на инвестициите кои до тогаш биле наши а сега веќе се туѓи затоа што доаѓаат од земјата од која веќе не сме дел. Па која партија и да беше на власт ќе се соочеше со истото. Но да, се сложувам дека тоа време на промени беше ужасно макотрпно за секој Македонец. Затоа што не постоеше фамилија во која немаше барем еден кој не ја загубил својата работа. Но тоа беше во секоја фамилија и сите отрпнавме на тоа. Сите поминувавме низ истите се извинувам на изразот - гомна и сите сочувствувавме еден со друг.
    За разлика од денес. Ова не се случува во секоја фамилија. Се случува во мојата и во оние НЕ ВМРОвските. Буквално како ние да имаме шуга. Па ние сме тие кои мораме да бидеме жртвено јагне во оваа политичка гарнитура. И таа ситуација многу повеќе боли. Комшијата не напредува поради неговото образование и квалитет, туку поради фактот што е само член на владејачката партијата и дреме бранејќи ја на форуми. Да признавам ме боли. Слободно мислете дека сум му љубоморна.

    И за разлика од денес порано сите што ги изгубија работните места поради немањето доволно закони пак си подработуваа по нешто, моите без работа едвај скрпија крај со крај за да ме пратат на факултет, но ме пратија. А денес кој ќе ја вработи мајка ми на 55год. Не дека застапувам сива економија ама барем порано ќе му сработиш на некој нешто ќе ти даде колку да го поминеш денот. Кој сега ќе те земе со овие закони. Па и ти самиот нема да се нафатиш знаејќи дека тој што ти ја дал работата ќе те условува дека ако ве фатат ќе ја делите казната која е енормно висока.Оди сега да те видам да го пратиш детето на факултет ако двајцата не работите. Или ќе позајмиш па прво ќе го пратиш во Америка да заработи нешто па да ги врати парите па да се запише факултет.

    Гледам сакаш да збориш врз основа на туѓи искуства. Еве земи го моето искуство.... И моите во времето на СДСМ изгубија работа но пак се снаоѓаа. Сега е многу потешко.

    @Elissa душо, нема потреба да се преправаш дека не ти е добар животот само за да покажиш дека ме разбираш. Јас доволно сум возрасна и академски образована за да знам дека постојат различно ситуирани луѓе. А и искрено мене ништо не ми значи твоето разбирање на мојата ситуација. Тоа нема да ја промени мојата состојба. Во животот постојат и падови и подеми. А најголеми луѓе се оние кои со крената глава ќе поминат низ двата периода. Од тие душо треба да учиш а не да ги разбираш. Биди ми поздравена, се надевам цел живот ќе ти биде мед и млеко.
     
    Последна измена: 8 мај 2015
    На julie77, Quincy, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Поише се од 0.5%
    Има многу менаџерчиња на банки, сосптвеници на ресторани, барови, фирми адвокати, лекари во приватни ординации архитекти и ред други што земаат плати 60 000 денари.
    Не треба да е тоа за потцена и потсмев, напротив треба да е пример за сите работодавци, дека НЕ СМЕЕ некој со знаење, искуство и докторат да зема плата 300 евра.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    10.372
    Не знам само дали ги видовте сликите од гезмињата кај Игор Спасов во келија, не можам да ги најдам пак да ви ги покажам. Многу му е тежок животот, а и се гледа дека безизмерно се кае што убил младо дете така немилосрдно. Те прасиња делка со јаболкце во уста, те некои специјалитети во земјена тава, пици, па по некое пивце ќе си џапнат со уште четворица таму...ехее туленцето го заболе него, далеку е он од тоа што му следува и што официјално му е доделено пред суд, кафана си тера секој ден. Се прашувам со што го заслужил третманот само, а и чив џеб се празни за неговата 14 годишна „голгота“ во Идризово.
    Зборувајте и понатаму за правда, ве молам.
    Иако како што и сто пати се кажа до сега, не е тоа поентата на протестот, ама нема врска, за вас правдата е задоволена. Само нека ви текне друг пат кога ќе се помислите 5 пати пред да купите кило домати, риба или јагоди, дека убицава си крка од пиле млеко, а џанам требаше за казна да му е ова.

    Инаку секој има таква трогателна приказна за тоа како неговите останале без работа или како биле оставени на милост и немилост во некој период од животот. Ете моите и двајцата беа стечајци, па пак сметам ова моментално што се случува дека ја осакати државата и дека треба под итно да се казни исто како и другиве што беа казнети за нивното. Престанете веќе да гласате само за партија, кога под исто име се прешлепаа сите и се испоменуваа од една во друга. Видете кој стои позади тој параван и што прави. Не знам како може волку слепо да ги следите.

    Кортисаки извини ама врска немаш со муабетов, вака искрено да ти кажам. Проста статистика е во прашање. Да, овде има луѓе што земаат и плата од неколку илјади евра но тоа не значи дека не преовладува сиромашното население. Овде скоро и да се изгуби средната класа на сметка на тоа што мал процент поединци дебело се богатат на грбот на останатите. Такви ги има секаде, ги има сигурно и кај тебе, ама овде таа бројка е застрашувачка и цел регион е пред нас, дури и една Албанија на која и се смеевме, Романија што сите љубат да кажат, ај бе пушти тоа цигани се, Бугарите, Србите...сите ама баш сите.
    А за здравството не ми се ни отвара тема и тоа колку се чека за термин, каква услуга се добива и каков кадар те пречекува. Срамота е и да се споредува.
     
    Последна измена: 8 мај 2015
    На Quincy, galapce, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Некој ми направи риплај на твитер: Државна болница е Идризово за непрестапници.
    Ако не сте стапнале во државна, ај без коментари за нашето здравство, зашто смешно е. Уствари тажно е, смешни се споредбите.
     
    На Giovanna и Hipster им се допаѓа ова.
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    http://faktor.mk/2014/07/21/samo-1-4-od-makedonskite-rabotnici-zemaat-plata-nad-40-000-denari/

    Добро сега, постојат и ``новинарки`` кои земале над милион евра и пратенички кои земаат 25.000 евра за патни трошоци но тоа е занемарлив процент од вкупното население, мислам дека третина од населението живее под праг на сиромаштија.

    Во секој случај има милион причини за протести, тоа ми беше муабетот :)
     
    На anel и Hipster им се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Лелеее што сме се жалеле. Не сте вие нормални бреееее... Примам социјална помош дека сум со еден родител од ИЛЈАДА ДЕНАРИ!!! 1000 ДЕНАРИ! За газо бришење.
    Вака кога ќе ми збора некој дека сме имале ние и џабе сме се жалеле ми иди да си пукнам во кожата! Солзи ми идат на очи оти очигледно не знаете како е да ти е тешко на татко ти 100 денари да му побараш за излегување. Кај мене дома се берат пари настрана за да можам да се запишам на факултет наредниот семестар! Имаме сол и леб јадено. Ненормални едни. Татко ми се печи по цели денови копа на нива за да не прехрани оти нашата ПРЕКРАСНА И БОГАТА ДРЖАВА толку му овозможила.
    Срам да ви е!
    Ај што се исперени во мозоците и што се газолижачи ама ве молам немојте мене да ми кажувате како се живеј во Македонија.
     
    На Quincy, calliope, Valerin и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    14 годишна казна за свирепо убиство, гозби во ќелија, за година две можеби и викенди надвор и 2017-8 магично помилување, тоа е ``казната`` за убиецот за жал.
     
    На Luna91 и Salome им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ама правдата важно е извршена. Што да се каже повеќе не знам, уште некој ги брани овие, срамота е, срамота е луѓе, освестувајте се додека има време.
     
    На naturally, galapce, butterfly4 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ти го сфатив муабетот, нејсе биле мои 5, твои 0.5 или 1.4 е жалосно.
    Туку кога кај нас вака?
    http://faktor.mk/2015/03/06/putin-si-ja-namali-platata-za-10/
    Наместо да им ги намаплуваат на чистачките и на рударите, од самите себе нека почнат.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.