"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    А ти кај го виде мерцедесот?
    Или кај имаш докази за било што, освен снимени приватни разговори кои се дел од кривично дело шпионажа, а кои не можат да докажат апсолутно ништо.
    Слабо логикава некако :D

    Всушност требаше да напишам- Така е Јипман !

    А за митото на ЗЗ конкретниот доказ го потрошил бате Вице може за јахта, ама ќе собере нов.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не бранам никого сите се исти. Некаде напишав. Зошто Заев не даде оставка, а пратениците ги остави на просјачки стап?
    Кај него паролата еден за сите сите за еден не важи, а Вие палете се на петардите. :puke:
    Чекам само да излезе со нешто бомбастично, ама нема, психопат малоумен без 2 грама мозок.
    Да да имаме јака опозиција и да ја смени оваа власт Да, ама зајко кукурајко само ствара немири, а вие утепајте се ако сакате.
     
    На glosipgirl, zekzeki и senza.parole им се допаѓа ова.
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Бомбава беше најмизерната досега. Се очекуваше нокаут на демек измлатениот Грујо, а он пушта бедници кои со саати фактура не знаат да склопат, а пари ќе ми переле.

    Зашто никој од новинарите не го праша Заев што ќе му прави на контроверзниот мерцедес доколку дојде на власт?

    Во врска со оставките каде @Cataleya бараше коментар, дел од одговорот ќе биде мојот самоцитат од порака од февруари во темава
    Е сега прашање е што ќе одлучат ДУИ вечерва. Ако излезат од влада (што не ми се верува), оставкиве се пропадната работа. Владата се растура, тогаш ДПМНЕ нема да сака да биде дел од техничка влада, нема да гласа во парламент за нејзино формирање, прашање е дали и ДУИ ќе гласа, а што понатаму појма немам, треба да се праша Каракамишева :). Ако ДУИ останат во владината коалиција, оставкиве и тоа како добро ќе му легнат на Грујо затоа што во идеален момент се откачи од едни од најслабите алки во неговиот тим што ќе биде за поздравување и меѓународно и кај приврзаниците. Како што реков откажаниве играчи пак ќе бидат во тимот како советници во министерствата или како управувачи од сенка.

    Има и еден куп работи за расправање меѓу кои се оние
    -дека 17-ти мај и бомбите никако немаше да го засегнат и дисциплинираат Грујо како што го направија странскиве амбасадори,
    -дека Заев никогаш немаше да ја размрда и реконструира владава да не беа истите амбасадори,
    -дека Куманово политички им одговараше и на двете партии (СДС и ДПМНЕ), ама ич на ДУИ,
    -дека прашање е како Заев со радикалните мерки за бркање од работа и изјавата за безпотребноста на Турски тек во РМ како единствена (но дебилна) изнесена во јавност економска проекција на СДСМ, ќе преточи дел од 450 илјадна ДПМНЕ-овска гласачка маса во неговите нешто повеќе од 200 000 на евентуални предвремени избори,
    -дека постои можност (малку веројатно) ДПМНЕ да бојкотира или намерно загуби на следните парламентарни избори за по кусо време под незадоволство на народот од веќе докажаната неспосбност на СДСМ да владее, на вонредни избори да влезе на голема врата со повеќе од 65 пратеници,
    -дека оние што одма рипаат со Идризово, зандани, робии, најверојатно не се или станале полнолетни лани или па толку им е дадено. Ниту Бранко, ни Заев, ни Љубчо, ни Бучковски, ниту Костов, ни Фрчко, ни па било која голема политичка фаца одлежала или ќе одлежи кој и да биде на власт. Интерен партиски кодекс ли е или којзнае што, ама така е.
    - и уште многу други работи кои зависат или сега веќе не зависат од Груевски, Заев, Ахмети, нас, македонскиот народ,...

    ... ама мора да се спремам за уживањето наречено Реал-Јуве, па за сево ова во други прилики.
     
    На Victorian и Yipman2 им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.594
    Пол:
    Женски
    Исчитав сума страници наназад.. навредите и жустрината за воља на вистината доаѓа од "власта" тука, ама како викаат... кој ја има мувата над капата..он рипа прв...
    Некои коментари посебно одредени изрази ми се страшно.. тажно недолични...anyway..

    Ја би да гласам за сдсм ако има сеа избори, ама искрено ич патка не ме боли кој ќе биде на власт. Ја сум против овој режим. Нека падне режимов, па нека биде вмро на власт, fine by me.

    И онака сметам дека Заев не би се задржал долго на власт. Зошто? Оти тој реално треба да напраи чистка во администрација. Администрацијата мора да се исчисти, што на долгорочен план би донело прогрес, ама на краткорочен план многу гневни и огорчени луѓе што ќе преминат под дифолт во спротивен табор, оти на нови работни места ќе треба да се чека, а никој не е расположен за тоа. Што би значело само 4 години власт.
    Чисто за компарација ќе ги спомнам Грција и Ирска. На Грчка и беа наметнати мерки на штедење и беше скината 13та плата. Грците како доста стар и многу свесен народ, а башка и многу тешки легачи се дигнаа на протести, ја запалија Атина, ама нивната свест доведе до контрапродуктивност, си бараа она што мислеа дека им следува, а не глеаа дека се дават во дугови. За разлика од нив Ирците, после наметнатите мерки за штедење и скинатата 13та плата, со поинаква свест од грците, смирено го прифатија тоа, имајќи доверба во нивните политичари и после 6 месеци штедење - прогрес. Значи на долгорочен план тоа вродува со плод...она што грците не сакаа да почекаат.

    Македонија, видовме дека после 30та бомба почна да се свести и да протестира, дали стварно се освестивме или ај да не се брукаме пред светов ова, пошо бомбиве да се дешаваа во било која друга земја ако не после 1ва, после 3та бомба ќе летаа запалени контејнери по улици. Далеку од тоа дека ја имаме свеста на Ирците..

    Не знам Заев шо си мисли... а богами ме интересира како мисли дека би можел да задржи власт со ваков гладен народ, кој нема да размислува свесно се додека на трпеза често пати дури ни леб нема а не нешто поише. А исто и да дојде на власт, сериозно треба да напраи чистка и во неговите редови, пошо заситени сме од едни исти фаци.

    Читав еден твит пред некое време не знам од кого беше: Разликата во криминалите меѓу сдсм и вмро е во тоа што сдсм има докази за криминалите на вмро. Амин поточно од ова.
     
    На Annath, An-na, НаталиЛили и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.268
    Тоа што амбасадорите го дисциплинирале Грујо само го потврдува фактот дека се е вистина и она кое што вие го пишувавте на темиве паѓа во вода и дека се се сведува на симпатија и ситен интерес кој го имате од партијата.
    Тој е лош владетел кој би убивал од својот народ само да е на власт. Егоцентризам каков што гледаме и кај сите приврзаници на вмро.
    А тоа што тој нема да прифати техничка влада е одлика на неговата самозаљубеност, а не дека има право тоа да го прави. И исто така говори дека тој нема желба да се среди државата, туку дека има страв дека уште повеќе неговите криминали ќе се откријат.

    А што па очекувавте за Заев? Дека е невин ко Богородица? Што очекувате од аболициран човек? Чесност? Смешни сте. Не мора да докажувате кој е Заев, народот си знае и никој не е на неговата страна, туку е на страната на вистината.

    П.С. Ги гледам суративе што џмијат во умс... не знам како да се изразам, ама џибер е благ збор. Луѓе со такви ретко сељачки фаци и ставови на тело не се наоѓаат на друго место на куп... По фацата се гледа што народ се и колку се мафиози во позадина. Демек ќе напраам сеа сериозна препотентна фаца, да ја здобијам довербата, а оно како да издилал 200 кг кокаин и чека шлеперите со нелегално оружје да поминат граница.
     
    На Annath, Abrakadabra, ludoto19 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски


    Сега јасно е?
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Јас да ве прашам @Cka @Abeja за последен пат и ветувам веќе не ве цитирам ...

    Вие стварно мислите дека Груевски не е криминалец и не нетреба да ја напушти владата?
     
    На Hipster, LivingGlam, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Кој сељак ти го напиша говорот, некој како тебе, па дури и тешко читаш.
    Зборот криминалец го употребуваш како оалалааа, а на прашање дали ќе поднесеш оставка вртиш као киша око Крагујевца (уствари немаш таква намера имаш жртвени јагниња).
    Дај оставка од градоначалник и ќе добиеш поголем рејтинг, ама ти не сакаш, сакаш да си лидерот на зајците
    Тебе и на твоите блиски г“зот ви е на топло, доста глумиш лудило (уствари не глумиш) ти си 102,3 % луд..

    QUOTE="Yipman2, post: 2405435, member: 26491"]Јас да ве прашам @Cka @Abeja за последен пат и ветувам веќе не ве цитирам ...

    Вие стварно мислите дека Груевски не е криминалец и не нетреба да ја напушти владата?[/QUOTE]
    Зајко е најчесното суштество на планетава со неговите петарди пфффффффффффффф
     
    На baby-star и glosipgirl им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Нели рековте толку од вас во темава? Ама ве пецка изгледа по малку, пусто срце не ви дава само да читате од страна за криминалот на вашиот психички болен господар, па со последни сили го браните кутриот....
    Зошто Заев одма излегува ако се објави нешто за него? Ете излезе видео и одма се појави во јавност, си кажа што има да каже, дозволи да му поставуваат прашања, се како што треба.
    А каде е Никола извинете? После првата бомба излезе, не знаеше главата кај му е, одговараше само со ДА, НЕ, ЈАС ТАКА РЕКОВ и ЈАС ТАКА САКАВ....и си замина.
     
    На НаталиЛили и Luna91 им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    За видеово од Заев "Ништо ново не кажаа, ова сите го знаеме" :wasntme::D
    Знаете мене вака ми е доста интересно, камо да имаше повеќе храброст тој што ги постираше ова, тоа од кабинетот на Грујо како и видеото со Љубе, со потпис, застани бре човече да те знаеме кој си и што си. И извади ги сите, ако сте почнале веќе, дајте да го видиме сиот прљав веш, извадете ги сите разговори, сите снимки и мрш во Идризово сите до еден!
    А со вас земете си ги и сите "новинари" ви се молам, зашто немам финансии за нов тв или компјутер, а овие едвај некако преживуваат додека ги читам/слушам, соучесници од прв ред.

    едит: сега ја видов изјавава на Заев, и тој што се запнал да објаснува, кажи си убаво лепено, монтирано, сечено, додавано...8)
     
    На Hipster, An-na, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.954
    [QUOTE="Daleron, post: 2405402, member: 92072" Не бранам никого сите се исти. Некаде напишав. Зошто Заев не даде оставка, а пратениците ги остави на просјачки стап?
    Кај него паролата еден за сите сите за еден не важи, а Вие палете се на петардите. :puke:
    Чекам само да излезе со нешто бомбастично, ама нема, психопат малоумен без 2 грама мозок.
    Да да имаме јака опозиција и да ја смени оваа власт Да, ама зајко кукурајко само ствара немири, а вие утепајте се ако сакате.[/QUOTE]


    Никаде немам пишано дека сум фасцинирана од Заев, ниту дека сакам сакам да дое на власт.
    Ама да викаш дека бомбиве се мачкина кашлица со толку скандали во нив не ми изгледа многу објективно.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Мал милион пати напишав дека сите се исти.
    И не се повлекувам, цврсто стојам на ставот дека од бетер има побетер.
    http://infomax.mk/wp/?p=28784
    Кога Макрадули се дрзна сопственото дете да го однесе на протести, немам коментар за ништо друго.
    Едит: Вака изгледа после протестите пред Влада.

    sipki_vlada_sdsm_protest.jpg
     
    Последна измена: 13 мај 2015
  13. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Дојдоа партиските плакатолепачи да ни соопштат дека автомобилот од 575.000 евра на гмујо е за доброто на народот.

    Скап животот во оваа Македонија бреј, ограда не може да купи човек за помалку од два милиони евра, да се убиеш од барање нема да најдеш врба под 250.000 ниту за лек, не може уредничка на телевизија да се ангажира испод милионче, па и за патни трошоци 26.000 евра не завршуваат работа.

    Сигурен сум дека плакатолепачите веќе се спремни да променат страна, истиве кои го воспеваат гњујо за неколку месеци ќе воспеваат некој друг. Барем да си ги променат корисничките имиња до тогаш, претпоставувам дека имаат барем две мозочни клетки во главата.
     
    На mims-89, Hipster, Edie.S и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.954
    Така изгледа од кога дошле испратените хулиганчиња да прават проблеми за да се спречат протестите. Стави слика како изгледаат протестите од кога беа откриени маскираните, за да биде впечатокот потполен.
    А кога ја сум го тврдела спротивното со кој мој пост? У секој мој втор пост потенцирам дека сум неутрална и дека ни Заев не ми е симпа. Што сум јас крива што во моментов се поактуелни криминалите на владава и што повеќе нив ги пердашам? Кога ќе дојдат (ако дојдат) другите исто критички настроена ќе бидам и кон нив.
     
    На Daleron, Sky-butterfly и galapce им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Божеее речнициве...|(
    Оти наликуваат едни на други?
    Која огорченост?
    Кога вака овде се изразуваме,како ли надвор од овде?
    А што друго ни преостанува?
    И ова некако му доага од школата на Шанац.Интелектуалност и заслужени административни столчиња.
    Новото плус што се надзира е стравот ми се чини.
    А зошто се плашиме?:^)
     
    Последна измена: 13 мај 2015
    На Hipster, referentka, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Значи пак доаѓаме на истото ,за да се спаси Никоуче ги жртвуваше Бркот и Сашета,со тоа што Мијалков пак ке ги влече конците.Исти ку*ац.
    Абеја и Елиса пак се направија наудрени и покажаа безрезервна подршка на пастирот како оставките се очекувани и добредојдени.
    Но...Прашањето ми беше зошто би дале оставки ако им е чист газот ,а не што мислите вие околу оставките .
    Ете болдирав да нема забуни ;)

    Зајко е најчесното суштество на планетава со неговите петарди пфффффффффффффф[/QUOTE]

    Далерон типичен одговор за партиски војничиња.Зошто еднаш барем еднаш во животот не дадете конкретен одговор туку се испревртувате и одма крив ви е Заев .
    Ало луге не сум партиски определена и никогаш нема да бидам ,никогаш не сум се замарала со политика ама сватете дека иритирате ,и просто човек мора да искоментира.
    Сеуште чекаме одговор на прашањето од Јипман .

    И за крај ...

    Ljubiša @Sulimanovic · 1h1 hour ago
    "600 000 evra za covek kako Nikola ne se mnogu!!" - вмровец кој работи за 9000 денари на паркинг.
     
    На Night Rider, Annath, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Де бре што ме фативте за гуша, само реков дека сите се исти и не повикувајте членки кои што не сакаат да се изјаснат или намерно сакате да провоцирате за да има што да пишувате. Ете има погоре пример партиски војник колку пари зема, ама мора да храни фамилија.
    И јас да сум бе па и вие додека можете ќе грабате и не се правете светици, исто како во комунизмот кој можеше грабаше па затоа пропаднаа фабриките. Во една железара со толку вработени секој по еден шраф ете ти колапс.
     
    На glosipgirl и Abeja им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Не Далерон, во ситуацијава се работи за мене и тебе, или според кажаното, за ''мене'' само, зошто ''тебе'' гледам ок е со позицијата :) МВР, Премиер, 600.000 евра кола? Добро.

    http://maxim.mk/pretsedatelot-na-urugvaj-donira-90-od-platata

    Просечна плата во Уругвај:

    Average per capita income

    17,840 pesos
    777 USD

    Просечна плата во Македонија:

    "Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015, изнесува 21 104 денари." или 390 USD

    Ама затоа ние, а под ''ние'' мислам народот нели, сме ДОЛЖНИ на МВР и на премиерот (кој било да е) да му дозволиме да ги живее своите детски фантазии и да ги исполнува хировите за да ги покрие фрустрациите, без приговор? Ајде, мајка си, детето тука ти расте, сигурна ли си дека сакаш да и оставиш вакви долгови на грб, а лично ништо не сте купиле? Сигурна си дека сакаш да ја задолжиш нејзината иднина за удопството на фирерот? Ако да, нема што повеќе да се коментира.

    И не одговори, а тука би ја повикала и @Abeja, дали сметате дека премиерот е криминалец - финансиски, кривично, прекршочно, а најмногу морално? Не одговарајте со прашање или контра-обвинување, иако дипломиравте на тоа поле, туку со еден прост одговор - Да или Не.
    Фала
     
    Последна измена: 13 мај 2015
    На green.eyes, mims-89, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.268
    Сеа некако ме фаќа жал за членкиве тука... пошо уствари сфаќам дека толку немаат животни задоволства, па низ партијата добиваат тоа што им фали.
    Не знам жени, искочете, прошетајте, поминете време со дечковците, сопрузите, остварете се како мајки, за промена и најдете си пријатели, фрустрацииве се тешка работа.
    За разлика од вас, никој друг не се гневи, а бога ми и нема да мисли само за свој гз, туку за сечиј. Отрпилике вмро ми е партија што е составена од саможивници.

    Штета па Заев што нема капацитет за да креира повеќе. Оу Иванна ќе му помогне... оу, Иванна може да спашава кучиња и да си купи пар чевли. Ако почнат да се сфаќаат пак како сериозна партија, ќе се изгуби девојчето. А Рада се надевам ќе ги намали апетити, прилично богата е за да се лакоми за повеќе.

    Нејсе, ова хаштагов на твитер во нормална држава и глупиве досетки стварно ми се лејм. Ок, а во нормална држава вие би биле доктори на науки така?
     
    На Annath, Hipster, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Ајде, доста трошевте енергија на партии. Мислете со главите малку како граѓани, а не партиски приврзаници.
     
    На Rama и joy1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.