"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Точно така @referentka . Мислам СДС многу се занесе во улогата и мислат дека луѓето се на протест затоа што ги поддржуваат. За било какви политички промени, мора да дојде некој трет инаку ништо работа не се завршила.
     
    На Viki693 и referentka им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    @Moira зошто го избриша постот?
    Јас сум самохрана мајка на 47 години и никој ама баш никој не може да ми нареди ништо. Ме повреди искрено, јас сум само дете на работници кое само се борело низ животот. Двојчето ми е 15 години и научено е на скромност, ама кога ги гледа овие напуваните било која партија да е и тоа сака веќе е во пубертет.Сабајлево за на раобота кога идев деца стојат со плакати на кружните текови излезете на 17 -ти чија наредба е А!? Препознав некои од ни активисти на опозиција. Нека ме избркаат ако така треа ама јас не отстапувам од мојот став. Сите се исти.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Јас ништо не избришав, не знам ни за кој пост станува збор.
    Стојам зад се' што напишав.
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ок се извинувам малку сум вознемирена постот што го имам на маил и овде е, сега го видов.
    Само да повикаш некого на 50 години (тагната бев)дека е партиски војник не е во ред. За пријателката ако го зачленила и синот за да добие поени тоа е сосема друга приказна.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    @Daleron а зошто да е друга приказна? Факт е дека повеќето од луѓето се зачленуваат од немајкаде - за да најдат работа. И ете, гласаат на избори. Тоа значи дека мора да ги поддржуваат без разлика на се’? Под закани и притисоци?
     
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Никако да ве разберам вас, кои сте во моментов неопределни, а сакате трета опција, а таа ја нема?!
    Епа луѓе, промена не се прави со седење дома и чекање на тацна друг ви ги донесе промените.
    Мрднете со газето, покажете став ако не сте задоволни од оваа власт и протестирате на 17 мај !
    Немањето никаков став во овој момент, е страшна работа, барем според мене.
    Еве јас, како политички неопределена, секој ден сум на протести затоа што сум граѓанин на оваа земја и тоа е сега моја морална обврска. За промена, потребно е да се сруши прво овој диктатор !
    А тој не си дава оставка, затоа што знае добро колку е поткуплив и поделен овој народ. Зошто дозволувате да ја искористи таа ваша неопределеност ?
    Покажете дека не сте за оваа ВМРО -ска насилничка багра ! Вашата индиферентност е погубна во моментов
    и само докажува дека ви е убаво вака да живеете.

    Ама, да не испадне дека со ова агитирам и ви поповам, на крајот на краиштата ваше си е што ќе правите.

    Толку од мене.
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    @Daleron овде може да дочекаш и да те навредуваат за твој став дека ЛАЕШ и дека НЕМАШ ТРИ ЧИСТИ и ред неубави зборови.
    Таков уличарски речник знаеме кој има
    Ама реков да не им замераме, деца се, така ги воспитала мајка им дома...плус од каде да знам, може некој од позиција/опозиција да ги храни дома сите
     
    На Daleron и veren им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Да бе сите членови ги вработија сигурно тврдам.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Скроз друго нешто прашав.
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Не сите,само тие на приоритетна листа.
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ни тие мила моја приоритетните не важат веќе во ниту една партија, туку кој како ќе се снајде.

    Притисоци имало и ќе има.
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас сум неопределена и конкретно на памет не ми паѓа да одам на 17 мај заради нечија туѓа кауза и агенда. Сум за протести, мислам дека овие ја претераа, ама за што да одам по улиците?! За Заев да се дуе ко паун на парада? Ајде молим те..
    И тврдам утре да има избори ВМРО пак ќе победи. Толку добро имаат се „сработено“ во последниве 9 години и се имаат инфилтрирано во секој можен сегмент, што за сега сеуште никој нема шанса да ги сруши. Природно е сите партиски вработени да се плашат и да не им текнува да гласаат против ВМРО. Леб вадат од таму - зар ќе си плука таму од каде што лебот го вади?!

    Додека нема трета опција ништо не правиме! Да бидеме реални!
     
    На Rama и referentka им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Важат!
    Доказ-последното мое патешествие за јавен службеник.
     
    На Daleron и Viki693 им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Па ако ме вработиле од било која партија и ми обезбедиле егзистенција не треба да ми кажат да излезам сама треба да ми текне. Услуга за услуга, кој ви се нашол во животот за џабе. Ај нека ви помогне некој без притоа да треба да му возвратите или наплатите.
    Не ми е јасно зошто како возрасни луѓе дебатирате овде за најпростата работа, Партиски вработувања, па кои се членови и двете партии?? оние кои гледаат некој надеж и имаат очекувања од истите.
    Што овие од сдсм за џабе ли рипаат на протести, и нема да бараат ништо за возврат ако дојдат на власт (facepalm)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе друго!Уствари исто.
    Алелуја!!!
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Во право си за ова и јас горе истото го кажав... Ама кој е проблемот со ова госпоѓице?!
    Суштината лежи во фактот што треба да се вработува по квалификација, а не по книшка. Тоа што не сум ничив член значи дека не треба да ме вработат ако ме бива за соодветна позиција?! Или ај да сум веќе примена, значи дека не треба да напредувам затоа што не лепам плакати!?
    Професионална администрација може да се има само ако се вработува по квалификација, а не според партиска книшка. Сите ние ја плаќаме оваа администрација - сите треба да имаме еднакви шанси. Па ако мнозинството гласало за ВМРО, не значи другите да ги заборавиме и да ги „заебаваме“ додека ни се може..
     
    На butterfly4, Annath, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Абе ова треба да престане.Никој со никој да не се дира. Реално јас мислам дека све ќе се опрае прво заев да престане да плаче за фотелијата затоа што ние страдаме, во смисла на немир, "крволични" протести и омраза се шире меѓу лугето.Грујо нека остане кај шо е, нека си ја тера работата а ако нешто нема да ни се свиѓа, НИЕ лугето да му се буниме не некој друг, оти така еве.што се случува... меѓусебно се мраземе и тоа, зашто? а? Јас ќе сум вмро а тетка ми сдсм, и сега да се мраземе!? Ич не е у ред тоа. Мене само една работа не ми се свиѓа и тоа ниските плати, ако сакаш поголема треба да идеш Скопје и на повисока функција, а овде Кочани треба да си некој газда за да имаш плата за сите потреби...
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    За ова не се согласувам со тебе , од неколку причини
    Сега веќе тие 30% од население што беа неопределени барем пола ако не и повеќе ќе излезат на избори да гласаат против вмро ,т.е како едиствена опција за сдсм , друго сега сдсм веќе ја има и подршката на повеќето албанци , плус и ако ја пушти бомбата смилково ќе има уште повеќе (т.е тука зависи што е бомбата) , како и има вмровци кој веќе не си ја подржуваат власта , еве доказ за тоа е кога беше биран Никола по 4ти пат да биде лидер на вмро , сега беше избран со 82 гласа помалку него пред 3-4 год кога бираа. А на следните избори на пример , ако даде Никола оставка , многу луѓе кој се плашат од него , веќе нема да се плашат ...

    Сакам да ти кажам за разлика од минатите избори , сега има многу нови фактори , бомбите сменија многу работи и ќе видиш следните избори вмро сигурно нема да ги тепа , затоа е и тој страв , затоа праќаат членови на форуми и фб да пробаат да сменат мислење , затоа прават ициденти , затоа местат сценарија ....

    Да беа сигурни дека ќе тепаат на следните избори немаше да го прават тоа што го прават последниве 2-3 недели....
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам ниту јас не ја поддржувам оваа работа со партиски вработувања и слично ама тоа е тоа,а и не е од сега. Било и ќе биде во оваа наша мала држава, ама да не зборам какви комуњари исповработија овие од вмро и сега вака кога гледам како нивните фамилии протестират ми иде мака. И најлошо од се знаеш ли што е, пак обичниот народ ќе си пати од било која партија да е, овие другите дали сме ги бранеле напаѓале, дали сме со нив или против кога ќе им заврши мандат лесно им е. Нас нема да не биде.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Ама стварно не се читаме. Напишав НЕОПРЕДЕЛЕНА со син вработен во ПРИВАТНА фирма во Ск која врска нема со власта. Сега појасно е?
    И што има врска колку години имаш? Со сета должна почит кон тебе, ама и мајка ми е самохрана мајка од 2001 со 2, не 1 дете. И сега? Ќе се мериме на форумот која има потажна животна приказна?
    Премногу сме себе-ориентирани за да ја видиме пошироката слика. Илјадници незадоволни луѓе на улиците, уште толку во виртуелниот свет, скривања УБИСТВА и малтретирања фамилии, и пак се враќаме на: Ти ме навреди МЕНЕ со постот.
    Ај, доста ми е на темава, ја пренасочувам енергијата на улиците. Се најдобро на сите!
     
    На Magnolija, Hipster, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.