"Бомбата" на Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Acisal, 3 декември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Епа од такви ко тебе што ги "боли" за демократијата никад нема да успее државава.
    И камо сите нивни гласачи да зимаа по 30.000! Страшното е што ги малтретираат луѓе за 7.000 по конфекции и ги шетаат после по митинзи, со наши пари секако.
    Аманте бе луѓе утре и вие ќе имате деца... сеедно ли ви е што ќе растат во ваква држава? Не ве разбирам стварно.
     
    На Annath, Golden, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  2. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    па народ и на приватно умира , оди во матичната служба да видиш колку умрени се пријавуваат од систина ама ова е сосема друга тема на муабет, одам и јас на приватно а сите други анализи ги правам на државно за да заштедам не плаќам осигурување за ништо..не го бранам гвујо нека си оди ама дајте зар заев и шеќеринска да дојдат -.- нека дојде било кој друг само да не се они, ќе ни прави таа уште бонбона бизниси и со тоа малце што остана :P
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Абе после кога некој ви враќа соодветно на вашите мислења, плачете, па филозофирате како некој многу се сменил, па како сите смениле мислења за него (од комуњарска гледна точка) и слични гомненици...
    Искрено и не ми се пишува после вчерашното фијаско од митингот. Ви оставив да се соземете после неуспешниот митинг и да шминкате фотографии во фотошоп. Да не зборувам за бројката, и на зајко му беше срам што се обрука со планираните 100 000 кои испаднаа едвај 20 илјади.
    А за психопатите кои излегоа да говорат јавно во ваше име немам зборови, јака дрога е во прашање, тој Милчин како да беше најнарокан, таа во белиот чаршаф леташе дури, за најчевска па тоа си е стандард, изгубена во просторот и времето, па дури и бугарски криминалец и предавник викнале.
    Затоа сум повоздржана, оставам простор за ваше опоравување, бидејќи после тоа вчера, потребен ви е годишен одмор, ако не и повеќегодишен.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Еве го проблемот - тој што е против ВМРО по дефолт не е за СДМС (Заев)!
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.205
    Абеја, добра си? Фотошоп, неуспешен митинг?
    Фијаско?
    Не би рекла.
    Зошто бре се бламираш вака со вакви работи, подобро молчи си.
    Пола фамилија ми е и ми беше во партија, сите знаат колку вчера митингот беше „фијаско“.
    Знаат и денес како ќе се одржи, со уцени.
    Членството не ви сака да оди, вие имате проблем, знаеш убаво.
    Вашите не сакаат да одат.
    Вчера таму имаше НАРОД, кој се појави без никакви притисоци и уцени.
    Колку и да негирате, знаете.
    Ама мора вака да пишувате.
    Знам!
     
    На Annath, galapce, Golden и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.222
    Кажи дека си била да ги сечеш семафорите сред најпрометна улица и да поставуваш кафези за да не бегаат луѓето накај Трговски да се гледате повеќе.
    Поучени од искуството вчера, луѓето се пикаа под сенка меѓу зградите, но не заминуваа, па не можеше да се види тек тогаш колку многу беа.
    Умни сте вие.
    Па и пред Собрание. А не, изговорот е - има кампери пред Влада не пали. Уште пред камперите вие се решивте пред Собрание, сите знаат зошто...

    На кого годишен одмор, на кого ... чунки стресови...
    Фотошоп ваљда им е мантра за смирување...
     
    На Annath, Anne.B, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мое мислење за протестов:

    Заев не доби на изборите, па како мало дете се налути и избега од парламент, но сепак ни тој, ни своите сопартијци не се откажаа од платите.
    Колку лицемерно !
    Вие што го гласавте, направи нешто за вас ? За вас може да направи со работење во парламент (каде од наши пари живеат), а не на улица !
    2 пати заредом - предвремени избори. До кога ќе имаме предвремени избори ? Додека Заев не дојди на власт ? Тогаш ќе се засити ????

    Вие кои протестиравте вчера, ама не бевте за Заев, зошто не си организиравте свој посебен протест ? Не сме ни за едните, ни за другите, сакаме трет. Што не протестиравте така ?
    А, не, се доби впечаток дека вие го подржувате Заев вчера !!!

    Вие што сте за Заев, реално мислите дека тој како човек може да направи нешто за државава? Вака, кога ќе го видите во очи, кога зборува, не ви работи интелигенцијата, не гледате колку прозирен преварант е ?
    Не можам да разберам кој може да му верува на Заев ??? Јас тој човек за пријател не би го сакала, а не за водач на држава.

    За камповиве - сите што не можеме нешто да добиеме да си поставиме шатор таму ? Каде во светов се видело тоа бе ? Бруки. Си ленал на трева, ај Грујо си оди си, да дојдиме ние.
    И да, Груески одма ќе ве послуша.
    А, зошто да ве послуша, кога доби на изборите. Имаше луѓе кои го гласаа, и тоа со огромна разлика.

    Бомбата за мерцедесот, да кажам, кој ја објавува бомбата ? Некој кој крадел, подмитувал, ја продавал државава?
    Да кажел некој поштен, ај, ќе сфатам. Ама ова е лицемерно бе.
    Заев колку пари од странство добива за да ги прави овие бомби ? Колку пари доби за технологија, за да се снима, итн.?

    Да повторам, не сум за никој, само не знам како може толку да се палите по Заев...
     
    На baby-star, joy1, simoncelicius и 10 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Оградана е, луѓе, ко оние во зоолошка. Уште жици со струја да спроведат, за да не некој случајно реши да прерипи, па да се спржи на лице место пошто е предавник, нали.

    Дај бе, вчера од листови направија сензација демек народов на Заев (партиски мозок, шта чеш, неутралност за нив е мисловна именка) направил ѓубре, ете колку се грижеле за државава (љољ)...сега семафори испосекоа, заградија сред центар мислиш логори прават...али тоа за арно било.
    Ах беее...
     
    На Annath, galapce, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас имам двајца добри другари кои работаат во различни министерства. Баш вчера намерно се слушнавме, рекоа дека никој ништо не им рекол за да дојдат на протест/митинг вечер.

    Дали самите си знаат дека треба да дојдат, не знам, ама никаква наредба немале.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Добро бе не ли ви здосади од едно исто тресење глупости нон стоп по политичкиве теми.
    Ти ме прозва кај сум била, па ете ти одговорив кај сум и зошто не сакам да пишувам додека се опоравувате.
    Или ме прозва за провокација? За да после продолжите со себефалење и величење, како другите се смениле многу и сите смениле мислења за нив. Патетични сте. Кај не почитувате туѓи мислења и мора после секој што не мисли како вас да вратите со навреди, па дури почнавте и со провокации. Кога ве остава човек да пишувате во вашиот замислен победнички круг вие ја посакувате и спротивната страна, изгледа ви е досадно сами. Ама проблемот е што не знаете да дебатирате ако во вашите мислења нема навреди, а кога некој ви враќа со иста мера тогаш плачете.
    И да, митингот вчера според мене беше фијаско. И да, после работа одам на мирен собир пред Собрание, неуценувана и неплатена од никого за да го направам тоа, без соросоидно перење на мозок.
    Веќе и јавна тајна е кој стоеше зад протестите вчера, така што нема што да се коментира околу тоа, кој сака ќе разбере, а кој не сака ќе оди за наводна демократија и симнување на влада (како што ви сервирале, така ќе конзумирате)
     
    На glosipgirl, Gea и Silver.E им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    98.987
    А зошто мислиш дека тие сакаат и мораат се да споделат со тебе? На моја другарка и беше одложено службено патување стриктно за протестов денес!
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не ми ги знаеш другарите. Со нив како сестра сум, блиски сме. Кога не знаеш каков ни е односот, не можеш да коментираш како е.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    98.987
    Епа еве , се гледа каков ви е. Ти мачкаат очи, ништо друго. А јас сум апсолутно на нивна страна. Што па треба тие да поднесуваат сметки на некого што им е или не им е наредено !
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Една фотографија илјада зборови.


    0,,18455096_303,00.jpg
    Насекаде го палат македонското знаме. Во Струга немало потреба од знамиња на половина копје поради загинатите припадници на Македонската полиција, срамота.
    Зајко до кога ќе лижеш га*ови за да дојдеш на власт со закани и уцени.
    Тие ќе си ги сунчаат га*овите некаде далеку, а ние кутар народец војна ќе водиме.
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Оградата има дупчиња за да можете овците со смоки и переци да ги раните

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На galapce, simoncelicius, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.205
    Те прозвав, помислив дека си банирана затоа што твојот гнев вчера беше огормен, плукаше по сите што не се Вмро, ти сметаа п*дерите, ти сметаа сите луѓе што протестирале.
    Сменив мислење да, порано сме се расправале ама ти ги премина границите. Те почитував, секој има право на политичка определба, ама деновиве го достигна дното.
    Која дебата ја гледаш, постојано плукаш, вреѓаш, па се правиш жртва дека немаш право на свое мислење.
    Да од таквие како тебе кои се продадени за плати и работни места дојдовме до ова. Гајле ви е вас за сиот криминал на Груевски, на вас џебот ви е полн.
    Не ве притискале, како да не. Читаш дека директно сум вклучена во сите ваши случувања, пола фамилија ми е во партија, сите разочарани, секој ден звонат за да се оди денес. Прашуваат колку ќе си однесеш плус.
    Затоа не ми продавај демократија како по слободна волја ќе одеш.
    Провоцираш, те читам, пробувам да те игнорирам, ама не бре, вакви како тебе не уништија.
    Ви му ја дадовте моќта на Грујо па уште заслепени ќе ми кажувате чиј мозок бил испран.
    Јас знам како егизистирам затоа што не сум во паритја и затоа што слепо не го следам Грујо.
    Со маки, ама барем никој не ме тера да се бламирам вака како тебе.
    Види со труд си ја заработувам платата, а не со висења по митинзи.
     
    На mims-89, Annath, galapce и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    За разлика од тебе јас пишувам за тоа што сум го видела на митингот, и не сум плукала туку коментирав и тоа било мое мислење.
    А ете уште еднаш покажуваш дека ти си го достигнала дното со твоето коментирање за мојата (и било чија) плата, за тоа дали сум присилена да одам вечер, за моето работно место, за мојот вид итн...
    Да не те боли дупе(да се изразам во поблага варијанта за да не мрчите многу) за мојата работа и плата.
    За оној што сака да работи има работа.
    Оној што го мрзи да работи, цел живот ќе мрчи како се му смета и нема демократија за него.
    Плукањето и вреѓањето е твоја одлика и на оние што те лајкнуваат на партиска основа.
     
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Како спиењето пред влада?:D Занесени во славјето многумина до доцна заглибија во алкохол, прашкасти и тревкасти супстанции, а во виножитните шатори богами се заглибило и во нешто друго.

    Сега отрезнети и детоксицирани, што, како, каде?

    Ништо од протестот, иако и 20-тина иљади не е лоша бројка со оглед на тоа дека околу 50 иљади беа заглавени од камионот на Грујо кај Градско, 20 000 окапаа цел ден заглавени по лифтови (на Миле масло), а уште 50 000 биле сликани на патарина во Петровец па од страв од Мијалков морале да се вратат по дома:D
    Зајко ја истроши моќта, бомбите и онака немаа ефект па сега уште повеќе не вредат, се истрошија и неговите соработници од „граѓанските“ организации, луѓето видоа со што си имаат работа, а меѓународната заедница допрва вечер ќе го види она за што се прави слепа дека не постои. Нема да е чудо ако Заев биде фрлен во канализација и оние кои го посакуваа тоа што Заев не го оствари, да преминат на нова стратегија, со нови лица и нови начини.

    Вечер е тоа вистинското. Можете да пишувате милион примери за присилно доаѓање на мирниот собир, за закани, уцени, тоа е ваше право и можеби еден од најдобрите начини побрзо да се лечат фрустрациите, болката и патењето за вчерашниот дебакл на СДСМ
    А добра терапија се и хуморот и сатирата. На ви малце. Репете.
    Брзо опоравување.
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    После протестот од вчера имав надеж дека има шанса за Македонија. Кога ве читам ми се блуе.. Млади луѓе задоени со екстремистички идеи од криминални политички партии.:headbang:
    Да не можете ни за миг да погледнете објективно, туку само за своите интереси. (facepalm)
    Срам да ви е!
     
    На Annath, galapce, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Еве едно просто прашање за вас, неколку ВМРО-вки овде: Сакате земја која е сега изолирана и отфрлена провинцијалка , или сакате граѓанска и европска дама ? Јас ви го знам изборот, ама да прашам, за потврда ^_~
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.