1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бордерлајн

Дискусија во 'Психологија' започната од mouse, 4 април 2019.

  1. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Не сретнав тема за Бордерлајн како ментално пореметување а би сакала да знам дали има некој на форумов кој е со оваа дијагноза.
    Скоро ми дијагностицираа Бордерлајн, а симптомите ги имам уште од мала возраст. Против било каква фармако терапија сум, па ми препорачаа психотерапија која не можам да си ја дозволам. Темата ја отворив зашто помислив дека можеби има луѓе кои се во слична "војна" и можеби би било полесно ако разговараме меѓу себе.
     
  2. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Што те доведе до бордерлајн тебе ?
    Неуспешна врска, траума?
    Јас имам пријателка со бордерлајн. Некогаш контролира скроз, некогаш не. Самото по себе знае да исчезне, т.е доколку индивидуата се издигне над стравовите созревајќи. Мојата пријателка не може да се излечи, но, може да контролира. Поради паничем страв да биде сама (а остана сама откако мајка и почина) и тогаш се почна, и неуспешноста да има здрава врска, јас лично и предложив куче за емоционална подршка. Таа метода ја користат лица со депресија, шизофренија, аутизам, за да ублажат симптоми.
     
    На Monica87 и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    17.684
    Пол:
    Машки
    Сето ова може да е од околината во која си израснат, како те третирале и како си ги прифаќала работите, овде кај нас во мкд владее сиромаштија и тоа е и те како голем проблем, неуспешна врска и слично.


    Сето тоа се јавува анксиозност, депресија и намалена самодоверба.

    И така во животот ќе ти се нанижат некоја неуспешна врска, ќе се однесуваш понекогаш топло некогаш ладно, ти се менува карактерот, некои луѓе ќе ги мразиш па утре ќе ги сакаш, обожаваш да бидиш сама. Накратко кажано од мене, слободно ако сакаш пиши ми во лп или овде пиши ќе поразговараме, ќе те ислушам/ прочитам.

    Во случај да не се случи тоа, пробај земи си милениче дома и вежбај, ќе се чувствуваш подбро, ако ништо барем за нијанса. ;)
     
    На GirlLove, Monica87 и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Што е тоа? Дај опис како ти го доживуваш тоа ?
     
    На buba4e89 и sjdgo им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Има една убава постара песна од Мадона, Borderline.
    Еднаш, беше можеби лани, барав ваква тема на форумот, ама не најдов. Ме заинтересира зашто забележав дека само од читање секој би можел да се пронајде во секакви симптоми, што се разбира не значи дека спаѓа под дијагноза.
    Мислам дека вакви појави се појачан интензитет на нешта низ кои сите луѓе минуваат.
     
    Последна измена: 7 април 2019
    На Monica87, Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    17.684
    Пол:
    Машки

    Истото важи и за анксиозноста, па и депресијата.

    Ама општо гледано се зависи од околината во која си пораснат и секако до "кликерот".
     
    На Monica87, WildMk и sjdgo им се допаѓа ова.
  7. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    За Бордејлајн не може да збори некој кој не пати од него. Лесно е да се каже вака или онака, бори се, земи милениче.. но воопшто не е едноставно. Патам од него од своја 9-10 година, а се појави поради семејни проблеми. @mouse слободно можеш да ми пишеш порака.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски

    Прв пат слушам за оваа дијагноза душичко...знам дека можам на интернет да најдам се за оваа болест, но мислам дека поубаво би било да ни кажеш лично ти за твоите симптоми, да бидеш отворена и искрена, а ние ќе се обидеме да сфатиме и да понудиме помош, збор за утеха:hug:
     
    На GirlLove, kolovoz, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    За што се работи конкретно?
    Искрено и јас првпат слушам за ова...
     
    На cresa-jagoda, Dadusicka и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Не знам како да почнам, дали да почнам, дали стварно ве интересира или само досадно ви било у моментот коа сте прашале, и одговори у глава ми се вртат.. Не е нешто шо се раскажува у 5 реченици, почнувам да пишувам и ме напаѓаат емоции и ми се враќаат сеќавања полно е, хаос е и се обидувам да составам нешто ама почнува да ме боли и сакав само да знаете дека едноставно не можам да се разголам од страв дека нема да ме разберете и ќе ме нападнете дека со зборовите дека е нормално и секој го прави тоа или се чувствува така, дека драматизирам или лажам итн.
     
    На GirlLove, tina2018 и Nithya им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    А зошто би те нападнале?
    Јас сериозно првпат слушам за овој термин, и затоа прашав....не прашав со некои грди или исмејувачки намери.
    Ова е форум и тука сите си ја соголуваме душата и разменуваме искуства и совети, ама доколку ти е тешко да дискутираш за тоа, не знам што да ти речам, твое право.
     
    На GirlLove, cresa-jagoda, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Пиши душо што чувствуваш, почни од кај сакаш....дали ни е досадно, дали сме заинтересирани за што станува поточно, нека не те мачи таа мисла....секој човек на планетава земја има некоја мака, некоја бубачка во глава и секој е преокупиран сам со себе...овде сме за да се дружиме и да си помагаме со совети, да го избуткаме животот што може подобро и побезболно, похрабро.....
    еве и јас сум денес катастрофа, но се обидувам да ја надминам, да ја елиминирам....
     
    На Istata od vcera, Emma2, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Би ти препорачал да читаш книги и да се едуцираш на темава. Јас сега почнав да ја слушам книгава https://www.amazon.com/Stop-Walking-Eggshells-Borderline-Personality/dp/1572246901 само што мислам дека книгава е од другата страна но би требало да има и корисни работи и за тие што имаат Borderline Personality Disorder. Во книгата се спомнува странава https://www.bpdcentral.com/ како ресурс креирана од авторите (или еден од нив).

    Едукација на самата тема и општо психологија е најблиску до човек што може да ти помогне.

    Бев во кратка врска со девојка која има симптоми на BPD и имам идеа како изгледа од страна ама лично не сум ја осетил таа борба во себе.
     
    На Zimone и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. Istata od vcera

    Istata od vcera Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    121
    Mene ponekogas me napagaat bran od taga gnev i bolka za toa sto mi se slucuvalo i toa na javno mesto so luge eve pr idam na kasa i pocnuvaat da mi tecat solzi i me gledaat cudno sreka nosime maska inc bi bilo krindz mn,dovolno e da mi pomine tukutaka nekoja slika u glavata od nekoj bolen moment i me napaga emocija kako da se desava u momentot toa a da pominalo pred dve god na pr,sreka ne se desava cesto i ne mu obrnuvam vnimanie
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monica87

    Monica87 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Дали има некој активен во групава да поразговараме?
     
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Пиши ми :)
     
    На Monica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Мислам дека го имам ова, али немам дијагноза. Не сум 100% сигурна зашо ја немам таа малце control freak страна што често ја опишуваат. Едноставно многу сум пасивна кој другите и кон моите емоции. Добивам ирационални сомнежи, стравови дека ќе сум напуштена, скроз рандом напади на депресија и оставам да ме лулкаат како бранови.
    Многу луѓе се однесуваат лошо со мене а не знам да се спротовставам затоа што неколку пати сум чула "у твојот мозок е тоа" и не знам што е нормална реакција на нешто а што не е веќе.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Бордерлајн не е толку едноставно да се објасни ,тешко е да се долови да тие што не го искусиле тоа. Јас бордерлајн би го објаснила како високо ниво на нестабилност и импулсивност. Под нестабилност мислам на нестабилност во секој аспект ,нестабилност во врските (не само за љубовни врски) нестабилност во расположението , во еден час можам да сменам пет пати расположение да плачам и од екстремно тажна и депресивна можам да преминам во екстремно среќна и радосна. Страв од напуштање ,секогаш и пред да е крај јас во главата веќе одамна сум си исценирала тоа . Чувство на празнина ,не знам како поинаку би го објаснила чувство на постојана празнина ,за жал мојата празнина јас си ја потполнувам со шопинг и импулсивно трошење пари купување постојано работи што не ми требаат . На пример можам да седам со некоја личност и сосема нај рандом работа може да ме тригерне и да отидам од 0 до 100 во секунда . За дечковци може нешто најобично да ме налути до тој степен каде што го замразувам и во иднина ако се однесувам лошо без причина си барам изговор многу глупав што во моментов сега сум свесна дека е глупав но тогаш не. На пример си викам така му треба он ми откажа искачање или не сакаше да одиме таму и таму. И ми треба константна валидација и внимание ако не ми посветуваат внимание и одма мислам дека не ме сакаат. Бордерлајн е многу комплексно и тешко заболување за кое за жал нема лек но има само терапија за да се контролира состојбата.
     
    На tainstvenata_ и (избришан член) им се допаѓа ова.
  19. moresokolpie

    moresokolpie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Како си сега по три години. Дали и каква терапија примаш. Се мислам дека можеби го имам ова но незнам од каде да почнам за да си помогнам. Дали можеби имаш добра препорака за доктор, кога читам за таа тема ми станува многу комплексна дали ке го најдам правилниот доктор и правилната диагноза или терапија и се откажувам. Но мислам е време да се обидам
     
  20. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Кога имам емоции сите ми се интензивни, а најлошо ми е кога ќе се заљубам. Станувам како чудовиште. Одеднаш сум бурна, нервозна, исплашена дека партнерот ќе ме напушти. Се треесам дури и повраќам. Психологот ми спомна за оваа состојба и моментално одам на психијатар кој ми дава Азолар и Хелекс. Искуство со пиење на анти психотик за бордерлајн?