Степот ако има до толку боја за да се фарбаш со него, среќно на тие што (и покрај информацијава ќе) го пијат. Страшно какви не глупости се продаваат тука.
И баш денес пробав....бомбаааа ми излезе-само пола коса ја офарбав со 3 пакетчиња степ од дива цреша...многу јака црвена излезе...
Не бидете толку скептични штом ќе слушнете/прочитате нешто ново. Јас на пример кога дознав за ова веднаш пробав. Имам кафена коса, не многу темна ама не ми е ни светла. Ставив само две степчиња во половина литар вода, ја ставив да зоврие и си го брцнав долниот дел од косата во неа. За 20-30 секунди косата ми стана црвена, а еве веќе после четврто миење уште не ми се изми целосно бојата. Косата не се оштетува, ниту се лепи после, не е ништо страшно, баш напротив забавно е. А тоа со пената за бричење или регенераторот е доколку сакате да ја офарбате целата коса, затоа што нема логика да ја брцнете цела глава во врела вода, па ова би ви дошло за употреба баш како фарба.
Јас си направив црвени прамени со степ, прво зоврев вода после истурив степ внатре и 3-4 прамени брцнав во водата. После 10-15 мин ги извадив од вода и почекав уште 15 мин па ја измив косата. Некои викате штетен бил за косата.. како може за коса да биде штетен (надворешна употреба) кога е наменет за пиење
Јас 2 пати ја правев со степ (црвен) само врвовите по неколку миења се вади. Косата не се лепи ниту се оштетува. Имам темна (ама не многуу темна) кафеава коса и ми се познаваше
се офарбав денеска со степ, имам светла коса и не ми излезе бојата премногу јако излезе онака нешно како да прелива ама ептен кога ќе се плакниш цела када се прај црвена како човек да имам заколено
Па да ме види мајка ми дека си ја фарбам косата со степ а секое идење на фризер ја дерам, ќе ми ја ишиша косата (што би рекле со тупи ножици)
Иако е степот наменет за пиење,апсолутно нема врска дека не е штетен за косата. Од неколку фризерки имам слушнато дека е многу штетен за косата. Плус која е целта кога и онака не можеш да ја исфарбаш целата коса Што знам... од толку начини за фарбање на коса,ова со степов ми е најголема глупост. И да,никогаш не би пробала,прво зошто си ја сакам бојата на косата,природна и второ зошто постојат многу други ефективни работи на пример фарба или колор шампон.
Не знам мене ни малку степов не ми ја уништи косата туку ми ја направи многу помека, не знам зошто но сега ми е многу мека
Не знам што толку тоа е сега ИН. Секоја втора ја гледам исто направена со тоа степчињата,и на тие што им стои и на тие што не им стои. За мене тоа се глупости,па фати офарбај се не тука со степ,се прашувам дали нешто останува од косата после тоа ?
Јас си направив вчера со степ пола коса како омбре ми изгледаше ама не ми се познаваше многу и згора на тоа само што ја миев и гледав дека пола боја ми е испадната ... Сакав да прашам да не правам нешто погрешно (зовривам вода една шоња и ставам една ипол кафена лажиза шеќер, промешувам и кората ја ставам во шоњата и држам накај една минута, после се чешлам и ја сушам косата) ако правам некоја грешка кажете да поправам, јас само на овој начин знам...
Шатирање со степ Епа дечки сакам утре да си правам дел од косата црвена со помош на степови (сок во прашок за растварање).Неможев да почекам до утре и слики да ставам Како и да е ако ја имате правено така косата ве молам да пратите слики . Или да ми објасните подетално да не ја зезнам косата.
мојата коса веќе пет дена не е фарбана цела ама убаво изгледа и шо е најбитно не паѓа бојата досега ја имам миено 2 пати па ќе видиме колку ке издржи планирам сега цела да ја правам иначе го растворив степот во зовриена вода и ја држев косата во него едно 15 минути и после уште 10 минути од како ја извадив па сега ти пробај си ја правев со 4 степа два од малина и два од црна рибизла и уште нешто само едно гезве вода ми требаше што погусто толку поубаво
ова го немав видено додеја не ја видов сестра ми со црвени врвови и прво си помислив дека со маркер се боеле и после ми вика не бе со сстеп си ја правев сешто ќе измислат
Wooooooow Како ја потопи косата до таму не сваќам . Јас ја правев денес ама само врвовите и дека имам темна коса не ми се гледаше многу па уште еднаш ја направив . А кога ја потопи косата , кога вриеше (додека беше на рингла или) ...?И колку вода стави ? Инаку многу јака ти испаднала Јас направив вака во 2 чаши вода ставив 3 степа од шумско овошје (инаку бојата како на тебе ми излезе) и го ставив тоа на рингла.Потоа откако зовре го тргнав на страна и пикнав прамени коса внатре околу 2-3 минути и после се измив.
Не кога вриеше туку откако зовре во едно старо тенџере легнав на земја и ја потопив цела коса до корен ставив вода во гезве и додека беше врела водата ја потопив косата инаку и ја на два пати се правев бидејки и мене ми е темна косата па едвај ми излезе, само ја држев 15 минути во степот и откако ја извадив уште десетина минути па ја измив, и не ги вриев заедно степот и водата, степчето си го ставив во тенџерето а водата отпосле кога зовре ја ставив па сега ке видиме колку ќе издржи
Ева ја и мојата коса Вчера ја правев.Инаку имам темно кафеава боја на коса. (ваква ми е заради плетенките што ги правев)