Дали ја има некоја од вас користено фарбата алтер его? Италијанска фарба е, ја има по фризерски салони јас планирам да ја порачам , сакам некое мислење да слушнам прво ако ја користел некој.
ИТНО Е БИТНО Е ПОМАГАЈТЕ вака сега се фарбав редовно пред неколку години и потоа престанав да се фарбам затоа што си ја упропатив косата т.е ми стана многу оштетена па пред 6 месеци отприлика можи и повеќе почнав пак да се фарбам но бидејќи косата ми е многу оштетена косата никогаш не ми беше иста како порано т.е порано ми ја фаќаше цела должина а сега само на коренот ми фаќа црвена на долу само малце сакам пак да ми биди иста како што беше т.е цела должина да ми ја опфати посебно ми е важно сега морам да ја средам а иначе ја си ај растам косата не ја стрижам и доста ми е оштетена и до фарба и од се а не можам да се истрижам затоа што никогаш нема да ми порасни косата. Дај помагајте што да правам со косава за цела должина да ми ја опфати????? А нема врска фарбата со различни фарби имам пробано и пак исто фаќа
Негувај ја и крати ја по малце. На два месеци по 2 цм. Нема да ти дојде многу, а ке се опоравува. Ако не е многу сериозна работата со бојата, односно ако немаш огромна потреба за фарбање, не ја фарбај, туку ставај и колор-шампон. Ова практикувај го се додека го снема оштетениот дел, што може да потрае, зависи колкав е тој дел. Миј ја со шампони на природна база два пати неделно и ставај и маска од маслиново масло еднаш неделно. Можеш еднаш неделно 1 час пред миење на косата, на коренот и масло да ставаш, рицинусово или бадемово, за косата што ке ти расте да е убаво негувана. Ова за да не ти се навлече ептен косата на надворешни препарати. Пиј Б-комплекс и поздраво храни се.
Влакното изгледа ми се има многу оштетена морам да ја фарбам иначе оти ме чеша многу коренот ми бара фарба ама и покрај тоа не се бендисува со природна боја на коса иначе пијам Б-комплекс а не можам да ај скратам оти цел живот се стрижам ако ај скратам ќе ми дојде до уши а не сакам така . Ај ќе пробам со маслиново масло па ќе видам . Фала
Малце по малце ке кратиш. А тоа дека ти барала фарба... не верувам дека ке ти испопаѓа ако не и ставаш фарба. Нека те чеша, истрпи. За убавина. А ако ти дели ептен, ти викам ставај и колор-шампон додека не ти порасне убаво. И да подобро со кратка, отколку со нездрава коса.
И ти имаш право но лесно е да се истрижи косата а тешко е да се порасни ама со колор - шампон ќе треба на секои 2 недели да се правам оти одма паѓа Фала многу
Ако сакаш да имаш нормална коса, мислам дека вреди да се жртвуваш. Не дека е толкава жртва, но види - со колор шампон на 2 недели, со фарба на 4. Не е голема разлика, а сепак си во добивка со првото. Размисли си.
И јас сакав ваква нијанса, кафеаво без црвен сјај. Се фарбаав со Keune 719 и 6% хидроген и ми испадна малку потемна од сликата. Да потенцирам дека мојата природна коса е темно кафеава. Ако имаш светла коса, може и со 619 да го постигнеш ефектот.
Ја користев Evolution 9.13, ама со тек на време фарбата некако ми паѓа и бојата ми добива портокалев сјај . Сега сакам да почнам да ја користам Revlon, некоја медова нијанса, па ако има некој користено нека ми каже бројче (само да не е со портокалев сјај) Еве каква сакам да ми е или
^ Јас користам Ревлон неколку години и сум презадоволна. Бојата стои до крај и не паѓа како со другите фарби после второто миење. Јас користам малце потемна од оваа на сликава, а баш за оваа нијанса нејдобро е да отидеш кај фризерката и да ја прашаш за бројче. И мене фризерката ми ја препорача и не згреши.
Имам темно кафеава коса скоро црна и незнам што ми текна сакам скроз црна да се фарбам Мислам дека нема да биде некоја драстична промена ама сепак сакам да сменам малку. Знам дека се оштетува косата и само заради тоа се мислам уште што да правам дали да пробам прво со колор шампон?
Година и пол користам Keune фарба и сум прилично задоволна Има многу убави бакарно-црвени нијанси (тие ме интересираат), не е прескапа, има одлична трајност и квалитет. Единствена маана е тоа што по подолго користење, малку ја суши косата, но со добра маска за коса тоа се решава.
пробај јас откако бев плава и после си ја повратив мојата коса ми беше темно кафеава скоро црна како што велиш ти и после некое време си ја исфарбав црна и презадоволна сум и до ден денес си ја фарбам црна само експериментирам нешто сакам долниот дел да го направам црвен а од горе да ми е црна какко што ми е
Па незнам зошто велите дека фарбањето коса е мачно??? Зарем толку ви е мачно еднаш во месецот да посветите 60 минути за вашата коса??
И мене најмногу ми се допаѓат овие бои, посебно втората , но никако да ми излезат вакви...Бојата ми оди накај портокалово .......Зошто така????
^ Ваквите бои тешко се добиваат до домашни услови од проста причина што извршено е прво вадење прамени, па нијансирање, па преливи и триста чуда. Сликите погоре не се - шлап една фарба и та-дааааам! - Чудо. Не оди. Принтање на сликата и правец на квалитетен фризер кому му верувате. Едно нешто имам научено - можеби ќе платите повеќе, ама ќе знаете - нема кашканици, мачење и експериментирање по дома. :geek:
Не сум ја бојадисувала косата досега,природно ми е црна и мислам дека нема потреба да ја бојадисувам се додека не се појавуваат бели влакна бидејќи многу потешко е да сакаш посветла боја на косата оти природното црно е потешко за обелување и многу ќе се оштети ако ја избелиш оти самата фарба во составот е алкална.