Светло плава Тренд ап, ја имам користено и порано оваа фарба во комбинација со истиот хидроген (hair line црно шишенце) ама ми се немаше случено вакво нешто, ни приближно. Го проверив и рокот, добар беше
Немам никакво искуство со фарби па би ве прашала предлог за фарба за ваква боја на коса: Moјата е средно па накај светло кафеава.
Долго ја носев косата природна (долга до половина кафеава) па се швркнав и се шатирав (сумата што ја платив не беше за занемарување), ама ова не е битно... се исфарбав кафеава пак со фарбите на Сајос е сега помина скоро месец ипол па забележувам дека фарбата паѓа па се наѕираат светлите прамени (не дека стои лошо) но дали е ова нормално и дали ќе продолжи бојата да паѓа? Не ме советувајте пак да ја фарбам... за мојата коса се потребни 5 фарби
AniAngie немој да се будалиш да се фарбаш пак, ќе се покријат привидно прамените, а по неколку миења ќе почнат пак јасно да се гледаат. Бланшот е таков, упорен е и неблагодарен, исто како и црната боја за вадење, му нема спас додека не израсне косата и тоа е тоа. Остави ја како што е, од искуство ти кажувам да ставиш и 10 фарби - пак ќе се познаваат прамените (освен ако не се решиш да се офарбаш црна).
Фала ти многу! Барем да знам што да очекувам, при секое миње си паѓа боја па нека, може поинтересно ќе изгледа. Немам намера да се фарбам пак затоа што некои прамени кога ја сушам косата се тегнат како ластик Што ми беше убаво кога ми беше природна како што ја миев со шампон и регенератор така лесно се лизгаше низ прсти. Е да ама и јас мораше да го откријам феноменот заплеткана коса па и чекањето регенераторот да почне да делува.
Прочитав многу негативни коментари за Syoss фарбите, но сепак решив да ги пробам овие Oleо без амонијак. Мојот првичен впечаток е добар, не мирисаат лошо и даваат многу убав сјај. Убаво пакување од 50 мл. Сега мене не ми фати токму таква боја како на сликата, не ни очекував зашто мојата беше потемна и маваше накај црвено, но сепак нијансата е убава, задоволна сум, да видиме како ќе се одмива.
Прееска ги гледав во Тинекс, и баш истата нијанса ми го привлече вниманието и мене, ја пикирав за следното фарбање. Инаку 270 денари се, ако ве интересира. Сега како што гледам сите извадија такви фарби со масла- Гарние, овие Сајос, Палете приметив...
Имaм стaвено од сите бои.. сегa последно црнa се фaрбaв и сaкaм дa јa сменaм бојaтa но нa црнa не фaкјa никојa бојa , дaли нaете кaко до пaгaнје нa бојaтa?
Јас како црнокоса , ќе те советувам никако да не и ставаш бланш бидејки и ќе ти се оштети многу косата и нема да излезе бојата целосно, подобро остај не ја фарбај нка излезе бојата со миењето
Девокии имам едно прашање , вегите со што се обојуваат ? Еве на пр . се фарбаш плава а вегите ти се темно кафеави? Со што се обојуваат вегите?