имам премногу темно кафеава коса, може да се рече скоро црна. таква ми е природна сега сакам да се фарбам малце посветло нешто вака кажете некоја фарба што ќе ми испадне ваква бојата, пошо многу ми е потемна незнам што ќе фати
а плава боја ако земам ќе испадне? пошо гледав видеа на јутуб така правеа ама страв ми е да не се зезнам, да не ми искочи некоја портокалова не ми е фарбана косата до сега
Никако плава, да си земеш кафеава, зошто ако се направиш плава најверојатно е портокалева да ти испадне
ама од црна коса мислам дека нема да ми фати кафеавата воопшто http://www.youtube.com/watch?v=WSg8FU1ZkM8 еве на оваа и испадна, ама јас не знам што да правам
Ќе одиш на козметичар, таму ќе ти ги средат. Немој да пробуваш сама дома со фарба. Не знам колку се плаќа, но мислам дека речиси сите салони нудат таква услуга.
5 години со ред еднаш месечно ја бојадисував косата (црна) и повеќе од пола коса ми падна но, никако не можев да се откажам од бојадисување. Во мај месец последен пат ја бојадисав косата и ми потекоа челото и очите, ми се иритира скалпот и имав потешкотии со дишењето и си реков никогаш повеќе нема да ставам такви хемикалии. Сега се шетам со израснат кафеав корен ама воопшто не ми е гајле, новата коса што ми расте од коренот ми е многу мека и квалитетот на косата ми се подобри, се надевам дека и густината ќе ми се врати...
немој ни да си се осмелил да се фарбаш или да имаш допир со фарба...ти имаш алергиска реакција од фарбата можеш во болница да завршиш...сестрами исто така има ваков проблем и последниот пат кога се исфарба се направи се рани на скалпот и секаде до кај што капнала фарбата и заврши со инекции и лекови...остависија природната боја и ок ке си биде...и витамини од B групата да пиеш за раст на косата ноктите и убава кожа/позз
Да ве прашам, да не знае некој како се постигнува ваква боја? Смеѓа сум природно, досега никогаш не сум се фарбала. Би сакала посветли прамени низ косата (со боја како на сликата погоре), без користење на бланш ако се може.
Девојки сакав да ве прашам за оние што ја користеле Garnier Olia фарбата. Јас денес ја зедов црната Garnier Olia Deep Black 1.0 и ја отворив да видам што има внатре гледам има нормално фарба и шише развијач на боја? Спојлер Може сум неука за овие работи искрено, планирам да ме фарба снашката па сакав да прашам т.е не ми е јасно што е тоа што е таканаречен развијач во упатството на гарниерот течноста во шишенцето што се става заедно со бојата од тубичката. Дали е хидроген или сепак нешто друго??? И ако не е да речеме хидроген, дали треба да си доземам 3% хидроген?! Благодарам.
Не треба ништо да доземеш, имаш внатре 3 работи, означени со бројка 1, 2 и 3. Ги мешаш 1 и 2, а 3ката ти е балсамот и тоа е тоа. Туку сега кога барав да ти постирам со слика 3те работи ми излезе ова Епа не е фер, регенераторот е поголем за странство, а нас ни ставиле помало во друга амбалажа од 40мл . А кога ќе ми текне дека викав дека е супер што има регенератор што и не е толку мал, ама сега кога ја видов сликата се јави зависта во мене . И што е тоа првото на сликата, сад за мешање на бојата? Битерсвит, ти си странкиња , те молам просветли не .
девојки имам плава коса онака како природна боја, но имам кафеави веги темни...се мислам да ги исфарбам некако светло кафеаво, и ме интересира за колку време излегува бојата од веѓите? И дали се познава? или сепак е подобро со моливче да ги цртам? Проблем ми е бидејки на светло неможам да се гледам, дека ми делат
Не излегува бојата од нив, ама како што растат нели ги сечеш тие што штрчат со ножица и ќе ти дојдат пола-пола твоите и фарбаните . Јас ги имам фарбано, кога сум ја фарбала косата, ама сфатив дека не се прави тоа така, треба сепак да се една-две нијанси поралични од фарбата, ама немав најдено фарба за веѓи тогаш па чекав да ми пораснат со мојата боја и повеќе не ја повторив таа постапка .
Странкињата на рапорт. Да, да сад за мешање на бојата, Зарем кај вас го нема садот, а регенераторот каков е? После ќе ве убедуваат дека производите се секаде исти, лажги со опашки.
Садот овде е научна фантастика, многу јасно дека го нема- а еве го регенераторот, го сликав да го видиш. Втората слика за споредба да ја доловиш големината, како што гледам оригиналниот регенератор е 60мл- овој е 40.
Да ве прашам девојки, дали ако ставам многу светла плава фарба на косата ќе ми се осветли? Не сакам да користам бланш, косата ја офарбав темно-кафена, но пола фарба ми падна, така да, сега е посветла кафена.
Олиава ми се виде скапа, па ајде си реков да пробам Палете еднаш. Убаво си фати, не знам колку ќе стои. Од Гарниер навистина стои бојата, aма не можев да најдам ваква нијанса.
Сакам да ја прашам Trendafilka како е задоволна од последнава фарба на syoss? Сакам да се фарбам деновиве со баш таа нијанса, не можев да најдам таква кај другиве фирми. Пред еден месец се исфарбав прв пат, сакав таква нијанса, ама биднав борда. Сега ми е прилично опадната фарбата, дури и почна да ми се бендисува ваквата нијанса. Муабетот ми е, дали се одмива брзо, како фаќа, како делува на косата? Имам слушано негативни коментари, ама многу ме привлекуваат нивниве нови фарби.
Кај мене барем не се одмива така брзо - ама па зависи кој колку подразбира брзо (според моето искуство со секакви можни фарби, 2 недели се оптимално време на задржување на бојата. Третата недела полека почнува да бледнее, а 4-тата си веќе подвижна катастрофа). Значи ОК се, ниту предобри, ниту прелоши. Голем плус е што не забележав оштетување на косата и се` уште има многу сјај.