Јас сум светло плава сега (без бланш, со боја), а природно сум темно смеѓа. Кога викав дека сакам да почнам да се фарбам сите ми вика немојјј, убава ти е бојата, ама откако се офарбав нема кој не ми рекол дека сум родена за плава коса и никако да не ја менувам. А дека е обврска, обврска е и плус квалитетот на влакното нема споредба со природното, ама тоа е тоа, сепак не би се враќала смеѓа, барем моментално не помислувам на тоа.
Сакам да ја пробам на Палете оваа боичка, стварно не можам да најдам нијанса каква што сакам од другиве фарби, и оваа ми остана последна на листа. Е сега, сериозно ме мрзи да листам страни и страни наназад, ме интересира дали некој ја има користено нијансава, како е задоволен и како оди одмивањето на бојата... Благодариме!
Луѓенца мои..чувајте си ја бојата на косата каква што ви . Разбирам сакате да експириментирате сакав и јас и сега се уште маки мачам да си ја добијам мојата природна боја на коса,а се поради тоа што се офарбав црно..а да не зборуваме за паѓање на косата,секој месец пари за фарби Затоа мој совет ако веќе се фарбате една нијанса посветла од вашата и помали проблеми за одржување а можеби и ќе ви донесе добра промена. Фарбите на Палете не ми се допаѓаат содржат многу амонијак и сето тоа допринесува за паѓање на косата.
девојки да не знаете кој бројче е од лореал боја за коса,сакам да ми излезе црно црвена,значи малце да светка на црвено а да изгледа црно костен нешто така
Мој совет немој со Палете, ја оштетува косата а и не е трајна многу бојата, мене почна да ми паѓа косата од палете Подобро пробај со Сајос добри се трае бојата солидно и не ја оштетуваат косата баш воопшто
јас кај палете забележав добра боја,сјај али косата после 1 недела почна да пајга.. нареден пат никогаш палете
Девојки,вие што користевте Гарниер Олиа ме интересира дали сите пакувања се без шишенцето (за мешање и нанесување фарба ?Или некои се со а некои се без? На ова мислам Спојлер Во упатството,си е прикажано за со четка. Ме интересира дали сите кај нас се такви,или има и од другиве.
Девојки ајде советувајте ме колку време пред свадбата да ја офарбам косата? Нормално кога ја фарбам после едно два три дена ми е некако крута, па мислам една недела пред свадбата да ја фарбам? А?
прашај го најдобро твојот фризер односно тој што планираш да ти ја прави фризурата. јас се советував со него и се исфарбав 2 пати во рок од 26 дена. Косата ми беше преубава. а тоа дека ти е крута нема врска, тој таму ќе ти ја среди косата и нема да се познава, ако па ептен ти е за никаде, како мене хехе направи ја кок, така нема шанси да ти се познава.
Кај нас или не го ставаат или го крадат, прочитај на 201 стр. мислења на Сесилија и Битерсвит и ќе ти стане јасно. Спојлер Сигурно е некоја копија на фарбата која стига кај нас за разлика од другите развиени земји аде што се си е по стандард....
Веќе извесен период се фарбам со trend up 6.1 темно кафена нијанса. Со текот на миењето постепено ми излегува а и на сонце ми сјае малку на портокалово. Сакам да купам сив прелив и да ставам дали ќе се познава нешто? , кога ќе излегува фарбата да не биде мн посветла. Или пак да има некоја потемна нијанса на сиво.
Девојки, имам едно прашање или совет ако може, за мојата коса, шатирана сум 2 пати на моја природна боја темно кафеава, е сега веќе 2 месеци како сум шатирана последен пат и ми израсна коренот темно кафеав едно 2,3 прста сигурно и не ми се допаѓа како ми стои, сакам да ми е изедначена бојата со шатираното, плава, не мора иста боја де ама да ми е светла, а не темна и с еразликува од останатата боја на косата. Поготово кога ќе ја врзам се познава темното и некако не мис е допаѓа Е сега планирам да земам една фарба плава, најсветлата и да го офарбам коренот и мислам дека некако поубаво ќе дојде, само не знам која боја би ми фатила добро. Вие што мислите дали да пробам така, само оренот да го исфарбам или на целата коса да ја ставам фарбата, да не ми изгорат прамените ако ја офарбам целата коса??? Најдов едни фарби на Фарком, бидејќи живеам во грција тука многу фризери ги користат овие фарби и се многу задоволни, ама тие се продаваат оделно, само фарба и плус хидроген треба да земам, е сега не знам каков хидроген да земам да не ја изгорам косата, 6, 9 или 12%? М?
на твое место мила ја не би ја фарбала косата само во коренот затоа схто така нема да успееш никако да ги изнијансираш боите туку секоја боја до каде е ќе си биде своја приказна. Nајдобро отиди на фризер да ти го ишатираат само горниот дел неколку прамени и врз бланшираното потоа да ти стават прелив и така ќе го добиеш тоа што го бараш. Верувај ми и јас сум исто така бланширана ама веќе доста долго време и од такви експерименти и утнување на фарби ќе останев без коса ја утнав еднаш фарбата, па не ми фати како што очекував, па после тоа друга па пак ништо и на крајот проверената работа пак бланш ем се изнададов пари ем го немав тоа што го сакам...
Пробај со Evolution 9 или 10-плава/светло плава. Хидроген подобро 9%,бидејќи со 6% не ми се верува да фати убаво.