^ Проверив и таму - за жал ниту тука нема , на Лореал можеби има поголем избор на фарби од другиве места, ама на нијанси као на пример плава, костенлива, црна, црвена и сличните. Баш се зачудив, од бојава што ја има постирано Шкорпионка, нема воопшто никаков избор на фарби кај нас.
Каква ти беше претходната боја на коса? И после 3-4 миења (ако поминале бидејќи не ѕирнав кога имаш постирано) како реагира (се одмива, станува жолта и слично)?
Анабела, како нијансата што ја сакаш се фарбаше другарка со Лореал Преференс, нијансата беше бакарно плава. Сега ја барав фарбата да ти ја постирам, ама изгледа ја смениле амбалажата и гледам пишува супериор, а порано пишуваше реситал преференс, ама мислам дека и истата линија, само во подобрена верзија. Фарбата ја има во мк, ако ја немаат моментално, секогаш можеш да им кажеш да ти ја порачаат. Еве ја Исто нешто слично на оваа од Лореал е нијансата Строубери блонд (глупо ми е да го преведам) од Ревлон. И оваа ја има во Мк, треба да бараш поубаво
Jaс се исфарбав, ги измешав овие две фарби, и еве што добив. Спојлер Не ја добив баш нијансата што ја очекував, али добро, ќе терам овие 2,3 недели со оваа нијанса, а у меѓувреме ќе барам нешто посветло и попортокалово.
ај јас да се избацам за степот..мене цела година косата ми е црвена (до пола на косата ми е црвена горе ми е кафеава) само 2 пати ја праев и бојата стои 4 месеци црвена и полсе поцнува да станува лилјакова а незз дали мозе да се извади инаце бојата не ги праи алистата и косата ке ти има вкус на вишна (ако ја праиш со таков степ)..ако несх ве интересира писхете
да ја имам фарбано неколку пати црвена со колор шампон..не се оштетува толку и пага бојата за брзо време
Анабела гледам си се фарбала, ама пак да ти кажам можда ќе ти се најде за нареден пат. Некни листав каталог на Авон и забележав дека имаат слична нијанса на фарба каква што бараш, интензивна бакарна и така и се вика нијансата ИНТЕНЗИВНА БАКАРНА. Е сега не знам колку се квалитетни нивните бои за коси, ама битно да ти напомнам дека таква нијанса имаат. Мислам дека и овие уште повеќе ти одговараат, ама не знам дали ги има кај нас. Ретко од тука купувам вакви работи. Ги има на ebay сите, порачај си по некој ако можеш. Инаку еве ја таа од Авон.
Сакам да добијам баш ваква боја на коса (нормално нијанса погоре, нијанса подолу ама оваа), се имам обидено, но мислам дека не точно ги годам боите зошто речиси никогаш не ми фаќа. Имам ... црна коса (не фарбана, природна) и зошто е црна дали би било добро со некоја потемна црвена како оваа да се направам еднаш па потоа по една недела на пример или веднаш со две паќетчиња фарба? Ми велеа дека требало со посветла црвена да се обидам ама тоа ми беше неологично зошто како по ѓаволите светло црвена ќе се залепи на црна? (сепак пробав, и џабе и то ) ^.-
Нека не те лажат, сама ќе нема шанса да ја направиш посветла па од црна да не зборувам, тоа само на фризер и секако за осветлување само бланш или деколоратор па потоа и ќе си избереш нијанса каква ќе сакаш на фарба.
Некои предлози за промена на бојата на косата,но да не е со фарба?..Природната боја ми е средно кафеава но сакам да ја осветлам накај плава,но да не ја многу оштетам.А со колор шампон нема да фати бидејќи ми е потемна
Ве молам за помош. Другарка ми сакаше да ја фарбам, па по мое наговарање ја одбра баш таа фарба (костенлива боја) и сега има црвен сјај...!!! Како може да се истави или намали тој црвен сјај...??? И зошто една костенлива боја да удира на црвено...??? (Фарбата ја купивме од фризерница, демек поквалитетна, околу 350 ден. беше)
^ Не знам за каква фарба станува збор, ама од повеќето после неколку миења се губи црвенкастиот сјај и си доаѓа костенлива...
Каква и боја да ставиш пак ќе о имаш тој црвен сјај. Јас лани за Божиќ се исфарбав темно црвена и тоа само двапати, потоа ја исфарбав црна и пак го имав сјајот. Дури летово се изгуби значи треба многу пати да се фарба па да исчезне тој сјајот ете јас црна се фарбав и пак си го имав сјајот...
Ваква нијанса (малку посветла) имам добиено кога се фарбав со Aфродита. Така се викаше фарбата за коса, а како за почеток сакав да испробам како ќе се покажат понискобуџетните „марки“. Одлично фати но не можам да гарантирам за трајноста бидејќи многу бргу ја променив нијансата. Не знам кое бројче беше, но ја има во речиси секој маркет и не чини повеќе од 80 ден. Се сеќавам дека имаше две нијанси, а јас за зедов потемната.
Еве вака Имав темно смеѓа коса и кој ѓавол ме натера да и ставам уште потемна не знам а сега имам голема желба да станам плавуша ама плавуша ептен И заато би ве замолила за совет. Знам дека морам прво да се избланширам па ме интресира дали и со колку фарбања би постигнала плава? И секако каде? Препорачајте ми ве молам некој добар фризер и споделете некое ваше искуство Ви благодарам однапред
Пред малку се фарбав со фарбава, бојата незбам како ќе издржи ама бе луѓе толку што е течна неможев ко што треба даја нанесам на косата, се испошлапав насекаде набрзина, тоа ми тече по врат, по грб само мене ми се случи со фарбава вака или таква си е
Има многу убави нијанси ама штета што не е трајна (зборувам за светлите нијанси, со темните немам искуство). Многу ми се допаѓаат смеѓите нијанси и само оваа марка ги има такви Има шанси тебе да ти се погодило. Колку што се сеќавам, не беше толку течна како што опишуваш Да не има стоено на голема топлина и да дошло до реакција па да се разводени? Зошто често и при лош транспорт се случува тоа. Друго не ми паѓа на памет... Туку како изгледа? Понатаму па и за трајноста ќе муабетиме