Само што се исфарбав, или може да се каже - само што се ишлакав бидејќи се фарбаф сама едвај некако успеав. па ќе видиме какви се резултатите.
Ај да се уфрлам и јас во муабетов Сакав да ја прашам коритсаки за трајноста, брзо паѓа фарбата како фарба или тегет сјајот не е траен? Баш сакам и јас да ја пробам
Да ти кажам за овие пари јас презадоволна бев, за трајноста не е толку трајна како овие поскапиве фарби сајос итн ама многу ми се допадна што теѓет сјајот си останува се до следното фарбање, дефинитивно многу повеќе се познаваше него ли другиве фарби како палете,лонда. Барем за мојата коса зборувам. А векичка сакав да ја прашам , ја офарба ли косата како си задоволна од фарбава ?
ќе се правам плава (бело сива) некаде на 13ти овој месец. ама со бланш. затоа што неможам да чекам со фарбиве да се правам 5 или 6 месеци.. исто ќе ја изгорам вака барем наеднаш. сега сум темно плава или светло кафена. дали со бланшот ќе ми фати бело или ќе испаднам портокалова хаххахха
^^^Со бланш ќе ја ожолтиш, ќе ја пресушиш и после ќе се каеш што сама на своја рака си превзела таков ризик Немој, не е точно дека ќе ја изгориш и со фарба, сепак таа си е послаба, си има во неа масла(секако барај поквалитетна фарба што во себе содржи масла) а со бланшот ќе ти стане како слама. А ако веќе сакаш преку ноќ да станеш плавуша, појди си на професионален фризер, барем ќе знае што прави А уствари, ако си стварно трудна и не знам дали воопшто ќе го постигнеш посакуваниот ефект Како ти се игра со бланш по дома незнам
не сум бремена... ќе одам на фризер и таму ќе ме прават со бланш, одев кај друг фризер и тој мн бавно ми ја осветлува косава и неможам да се влечкам. сега овие 10тина дена ми рекоја да ставам б1 б6 и б12 и воден раствор од витамин д. да ги ставам во шампонот и да се мијам 5 пати и да одам да ми ја среди косата, ќе ви кажам. хехех
СЕ исфарбав портокалова со фарба од Кене и ич не ми излезе убаво, а редовно ја користев зборот ми е да прашам за фарбите на Лорвен ги користела некоја, дали се добри и каде можам да видам палети од нивните бои што е до мене би се фарбала со ЛОреал само бидејќи вреди за секој денар, ама шта чеш ја нема никаде во моја близина
Девојки, сакам да ја вратам природната боја на косата, а моментално сум светло плава. Не толку поради бојата, ми се допаѓа како ми стои плава, туку за квалитетот на косата. Многу сум млада за да ми е волку оштетена, немате поима каква ми е ако не се испеглам, никаде не можам да отидам. Има ли некоја искуство со враќање на темната нијанса од плава и низ што се поминала ме интересира, т.е. за колку време се обновува барем малце....? Природно си е природно бе луѓе, доцна го сфатив тоа. Многу квалитетна, мека и свилена коса имав... ми недостига.
Префарбај се во нијанса што е блиску на твојата природна и остави си ја твојата боја да израсне , друго чаре нема. И за да вратиш во живот комбинирај некое масло за коса , и некоја маска за сува и оштетена коса и ќе се опорави
Се фарбам црна но веке ми е излезена се гледа кафениот сјај на мојата коса , дали ке ми фати црвена ако се префарбам ?
Немој да пробуваш, ке ти биде шарена кај ти е кафена ќе ти биде со црвенкаст сјај а црното нема шанса да се промени, само бланш , јас така лани пробував но на крај се откажав и ми ја избланшираа на фризер
Jaс мислам дека се зависи од влакното на косата,има некои влакна кои добро ги прифаќаат боите на пр.мојата коса од црвена ја исфарбав плава без бланж или без претходно осветлување на косата
Така и мислев да направам, само ме исплашија фризерите, ќе ти паѓа бојата бидејќи оштетеното не ја прима, ќе бидеш шарена како избледена, бла бла бла. Но одлучив да не ги слушам бидејќи нема да сум ни прва ни последна што го направила тоа.
Јас ја вадев црната со деколорант , па ставав црвена можеш да замислиш колку беше оштетена па си фати бојата најнормално.Ако се одмие со време и двои многу пак ке ја префарбаш во истата нијанса и готово ! Јас така направив од црвена ја префарбав слична на мојата природна кафеава , и ја пуштив да си расте . Кога искочи повторно црвениот сјај уште еднаш ја префарбав и немам проблем сега , еве скоро година дена како ја неам фарбано , косата си расте фарбаното е скоро на крај.
Фала ти многу, ме охрабри, бидејќи сакав да го направам тоа денес и кога побарав телефонски совет од фризерката, ме врати назад. И јас така мислев дека ќе биде, како ти што викаш, меѓутоа таа успеа со две реченици да ме премисли, претставувајќи го тоа како најкомплицираното нешто на светов. Прво, оштетеното можело да ми "удри" на зелено, ќе требало да се фарбам уште една година кафеава, не била сигурна ни за една година дали ќе се поврател квалитетот на влакното....... Боже господе, ако од плава коса не можеш да се ослободиш си реков, што правеле тие со црна? Решена сум и ќе го направам тоа, не сакам веќе да имам оштетена коса, џабе ми е плава кога не ја бива за ништо. Природно си е природно. Уште еднаш фала ти многу за советот и ќе те известам кога ќе го направам тоа.
Е де па и таа ко за нуклеарна физика да се работи не за фарбање од плава - кафеава скоро сите плавуши што ми биле во окружување кога ја затемнуваа ставаа кафеава , и тоа преубава нијанса добиваа сите ! Ич да не се секираш фарбај се и ставај препарати за оштетена коса , ќе се опорави , па да пишеш како искочило на крај .
фризерката што ти го рекла тоа очигледно нема поима ,исфарбај се кафеава јас бев плава и се исфарбав црна па еве косата ми е до гз ,нема врска тоа ако веќе си почнал да се фарбаш мораш после да ја пополнуваш кутикулата на влакното ако е празна косата ке изгледа како сува без сјај откако ќе ја пополниш односно исфарбаш ќе ти се опорави од што ти била еве мој совет како на фризерка ти кажувам ич да не се секираш само после тоа можеш да си купиш ампули за коса и да си направиш 5, 6 третмани и косата ќе ти биде ко нова ама не заборавај ако се исфарбаш кафеава после 3, 4 месеци косата ќе ти изгледа сува и без сјај едино или да си ставаш фарба на 4 месеци или твојата да ја растеш а фарбаното полека да си го кратиш ,нема друго чаре
Леле како да добијам ваква нијанса? Дај препорачајте некоја за следното фарбање ама стварно да биде сино црна!
Фала многу за советот, јас сакав да не се фарбам повеќе и да ја пуштам мојата, но ако бидам принудена ќе го направам тоа уште неколку пати, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Фризерката дефинитивно нема да ја послушам бидејќи понегативна личност немам сретнато, дефинитивно. Што треба ќе направам и ќе ставам само за да си го повратам квалитетот на косата, решена сум.
Навистина преубава коса инаку ти што направи со фарбава што ја постави пред една недела? нешто ко да не си задоволна сега знаеш, зависи и од самото влакно , не само од фарбата, јас сакам некогаш да ги пробам од лореал фарбиве ама ми е страв да не се зезнам и џабе фрлени пари... имше една нијанса во карфур сино црна од нив ама нека пише некоја што користела зашто ипак не се евтини фарбиве.