Здраво луге како сте? Имам едно прашање до вас,се надевам на брз одговор. Решив да ја сменам црвената боја на коса.Премногу почна да ми пага косата а и многу брзо ми бледее бојата. Се одлучив да земам Што мислите,каква боја ке испадне?Немој некоја ептен жолта па да се чудам каде да излегувам после Ајде сакам мислења
Абе фарбата од кога се исфарбав нели се измив беше многу убава, ставрно го имаше оној плав отсјај, а веќе со второто миење се намалува, ко кафен е и многу брзо паѓа а сега ќе барам стварно убава фарба за нова година таман па да се исфарбам, а сликава што ја поставив бојава е страва преубава е, и јас сакам таква
Абе да, тоа е за тие пари, тие по 90-100 ден толку и чинат. Јас минатиот месец се фарбав со Рубела и иста песна како оваа е , само што ќе се измиев ок а вториот пат истата песна. Сега ја земав на Сајос , 2 год се немам фарбано со неа па ќе видиме резултат. Инаку се токмам да земам од Лореал ,ме интересира дали вредат за тие пари некоја искусна нека ни каже
Еве ме мене со одлични вести. Се офарбав денеска и тоа не на фризер, мајка ми ме фарбаше, земав 3 бои на Гарниер од новите со уље, број 4 темно смеѓа. Докажавме дека грешела мојата фризерка и пресреќна сум. Моментално ми е повеќе накај црна, ама ќе се осветлува со тек на миењето. Една друга фризерка што консултирав ми кажа дека можеби само уште еднаш најмногу ќе треба да се офарбам и ќе можам да си ја пуштам природната. Голема благодарност до мајка ми која вложи многу труд денеска. Еве во прилог една фотографија, сами да процените. Малце се гледа оштетеното бидејќи не ми е пеглана и не ми е скроз сува.
Во никој случај нема да згрешиш ако земеш Лореал, јас се имам фарбано пред неколку месеци со Лореал и сега си плачам по дома што ми ја нема бојата во мојот град , пошто јас ја земав од Турција. Само да знаеш колку убаво излегува и трае ли трае бојата не се измива никако, и не се оштетува косата . Јас се фарбам портокалова долго време со Кене ама може да и носи вода на Лореал. Исто да ти кажам и Лорвен ги фалеа доста, баш денес се фарбав и катастрофа жива ме разочараа и Кене и Лорвен се уфрлив во муабет ама само сакав да ти дадам мислење
Ај сеа помош ако сакате.. Мојата природна боја беше светло костенлива па решив да се исфарбам црвена-бордо.Почна брзо да ми паѓа бојата и бев како виножито па ја исфарбав во темно кафеава и од тогаш почнав многу бои да комбинирам па сега ми е скоро како мојата но сеуште има црвени нијанси. Дали може на пример ако пробам со светла фарба на пример Golden Blonde да ми фати бојата? Не ја имам фарбано од пред 4 месеци.
Не, нема да ти фати..може само малку коренот да се смени зашто сепак ти потпораснала косата нели , а надоле ќе ти биде кафена, а и црвениот отсјај да знаеш дека долго време ќе се познава , еве јас мислев дека не се познава отсјајот што го имав , а се фарбав црвена минатата година во декември и ете гледам на сонце дека се уште го имам тој отсјај а плус црна се фарбам. Со таа црвена убаво се зезнав и пари цел тон дадов инаку јас би те слветувала да продолжиш кафена да ставаш а ако толку сакаш посветла да ти биде само/на фризер никако дома да пробуваш
Ништо ко така.. ќе ја оставам да ми излезе мојата коса па после ќе и прам шо ќе и прам фала за советот
Како да добијам од костенливо кафеава коса ваква боја? Нешто како бебешка плава... Која фарба е најдобра? Се мислам за некоја од новите на syoss зашто не ја оштетувале многу косата ама не знам....
Јас конечно си ја вратив својата боја, светло кафеава накај бебешко плава и сум пресреќна. Многу ми се оштетуваше косата од тоа пусто фарбање, џабе вложување во маски и триста чуда, не е ист квалитетот кога ја фарбаш и кога не ја фарбаш. Веќе 4 месеци ја немам фарбано, од јули месец последен пат ја фарбав, а немам никаква разлика подникнатото со останатиот дел од косата, што значи во целост си ја погодив мојата боја и се спасив од овие маки. Инаку ваква ми е мене бојата, скроз иста. Бев плава долго време, потоа ја офарбав првите денови скоро месец, ми беше многу потемна како на сликава долу и мислев дека ќе треба да ставам нијанса-две посветла, ама со миење ми излезе бојата и ми осветле, па баш ја добив мојата нијанса. Пред да ја офарбам ја носев чисто плава, вака некако, ама нејќам веќе да сум плавуша, се опаметив Сега и ќе ја скратам некој сантиметар и нека одмара, никакво фарбање во скоро време.
Јас пред една недела од плава се офарбав темно кафеава и ми испадна и мене како на втората твоја слика, дури и потемна накај црно. Зарем толку многу ќе ми се осветли со тек на миење? Ако можеш да ми кажеш за колку време толку ти осветле и каква боја стави, бидејќи ми кажаа дека ќе паѓа бојата а не сакам да се офарбам пак, што ќе мора ако се осветли ептен затоа што мојата е темно кафеава.
Епа ваљда зависи и до природната боја. Ако твојата е природно потемна, не верувам дека ќе ти се осветли до толку. Мојата е природно прилично светла, а и дека имав плава основа ептен ми се осветли со тек на миење. Јас врз плавата се фарбав со Garnier colour sensation, ама не се сеќавам на бројката пред 4 месеци беше тоа, имам дома кутија, кога ќе си одам ќе видам. Мислам дека беше 6.0 или 6.2 така нешто меѓу тие две се мислам. Испадна доста темна, и мене дури скроз чоколадна тема и ми беше малце криво викам да не ја затемнив сега многу, ама за месец време ептен осветле, сега ми е мојата боја без дополнително фарбање. Почекај ќе видиш, зависи од коса до коса, јас мислев дека ќе мора да се префарбам зашто сакав да ја враќам мојата боја, а многу ми беше темна на почетокот, ама еве сега се изедначи скроз. Ако имаш темна коса природно мислам дека кај тебе нема толку да осветли, почекај немој брзо да се фарбаш, правата боја се гледа после неколку миење, од почетокот не е иста како на кутијата, по 2-3 миења станува таа боја, барем јас такво искуство сум имала секогаш кога се фарбам.
Devojki pomagajte !! Doma imam Keune tinta color farba broj 6.5. Toa e nekoja sredna nijansa na kafena. Prethodno ednas se farbav so nea I ispadnav bakarno crvena toa mi e zatoa sto imam crven pigment. E sega prasanjeto mi e so koja boja bi mozela da ja izmesam istata za da mi fati kafena ???? Ako ima tuka nekoj frizerka neka pomogne bi I bila blagodarna Se izvinuvam za latinicava ama od mobilen pisuvam, nemam momentalno kompjuter.
И јас се фарбав со истата боја како тебе, ама број 4, темно смеѓа. Фала на советот, ми останува само да си почекам сега. Ама тоа што ме плаши е што после само 3 миења имам на некои места светло кафеавко, баш светло. Би сакала да не мора пак да се фарбам.
Ја купив и се исфарбав денес, е што треба си има внатре, не ти треба да докупуваш хидроген. Јас зедов 6 dark fair 7 и ми испадна некако многу кафеава, очекував посветла. Па ќе видиме колку ќе трае.
Која и фарба да ја ставиш , нема да ти фати. Од костенлива коса тешко оди осветлувањето, ако ставиш плаа , портокалова ке ти биде и потоа дупла работа ќе си отвориш. Оди си на фризер и нека ти ја средат , немој сама дома