имам кафеави очи, на сонце се малку светли, дури како малку жолто и мн се нервирам ради тоа, а онака ми се средно темни, имам кафеава светла коса, среден тен, поише накај бело, и ептен црни веѓи, според вас како би ми стоела косата, посветла или потемна за некои нијанси, ама не мн црна?
Секаква би ти стоела, дури и плава, само веѓите бидејќи ти се ептен црни ќе мора да ги истенчиш повеќе, јас така направив кога бев плава. А можеш и црна и темно смеѓа, ама баш и не мораш да се фарбаш доколку ептен не си запнала, има време, многу си млада. Ти кажувам од искуство бидејќи до пред две недели бев плава, косата ми е страшно оштетена и не сакам да чујам веќе за фарбање додека не ми побели косата. Џабе прашуваш каква би ти стоела, се знае дека природната најубаво стои.
Се направив со бланш и другиот ден со фарба и косата не ми е оштетена благодарение на ампулите б1 б 12 и Б6 и водениот раствор од де витамин. И секако маслиново масло ја мачкав и ја мачкам саат време пред капење. Поздрав
дали има некаква врска ако косата ја бојадисам сега , а прееска и ставав многу пена за коса и крем за коса што не се одмива.....дали тоа би штетело на фарбата да фати?
^ Не би требало да штети, шо знам.. Јас обично кога одам кај фризерката моја да ме фарба, и одам навечер, а претходно дента косата ја имам обликувано со еден куп препарати(пена, лак, крем), и го имам и на неа тоа спомнато, до сега не ми претставувало тоа некој проблем, па фарбата фаќала онака како што треба.
Косата ја имам фарбано на плаво, сакам колор шампон црвен да ставам или темно кафен кога ке почне да паѓа ке ми се врати плавата коса или портокалева ке сум?
^ Откако по неколку миења ќе ти падне бојата, ќе ти се врати онаа што ти била пред да го ставиш колор шампонот - во твојот случај, плава. Портокалова нема во никој случај да бидеш. Само можно е да имаш нус ефект од аспект да ти биде шарена косата - додека скроз не ти падне нели бојата од колор шампонот.
Јас мислам дека нема баш да и се врати плавата боја без да има црвенкаст отсјај, туку поради тоа што ќе стави црвена колку и да се одмива, ќе остане некој благ црвенкаст сјај, кој може да мава и накај портокалово. Бојата се одмива ама постепено, а и нерамномерно што е многу веројатно додека скроз не падне да има некој портокалов сјај, некаде повеќе, некаде помалце. Црвенa најтешко се одмива долготрајно, тешко еднаш да се фарбаш и да чекаш со миење скроз да ти го снема. Мава и тоа како накај црвенкасто и после неколку фарбања, особено ако си бил плав претходно. Ова од искуство.. Е сега, можда со колор шампон нема да биде до толку, ама сепак додека да испадне ќе биде слична ситуацијата. Ако ставиш темно кафен, ќе имаш темна коса, а кога ќе се одмие ќе ти биде плава, за неприметно блага нијанса потемна од тоа што ти била, ама сепак многу слична.
Црвен колор шампон не ти препорачувам, пошто тешко дека ќе испадне. Ако ти кажам дека јас на мојата нефарбана коса(средно кафена) пред 2 години и ставив црвен колор ш. од тие потемните, ми испадна подобро од црвената фарба што мајка ми цел живот ја става нејзината коса? Со текот на миењето посветло црвено ми удараше, онака избледнато. Помина пола година јас сеуште имав црвена коса и веќе нервата ме фана и заминав на фризер, ми ја видоа косата, пошто сакав плава да ме прават и ми рекоа нема шанси црвениот шампон да испадне, црвената е најинтензиван боја, иако е колор шампон, нема шанси плава да испадниш без да имаш портокалови нијанси... Морав да ја пострижам малку, и дури после неколку фарбања, и уште едно потшишување ја добив посакуваната боја конечно без црвени тонови. Значи мој совет, доколку стварно сакаш црвено фарбај се, верувај ќе се мачиш да ја извадиш ама ако стварно сакаш толку црвена боја, стави си, со текот на миењето ќе паѓа, ама никогаш нема целосно да падне. П.С Кафена си прекрасна, по темно кафено, темно чоколадно. Има преубав кафен колор шампон, и бар вака ќе знаеш, дека со неколку миења секако ќе падне бојата.
Точно е и јас лани се фарбав црвена, но еве до ден денес иако црна се фарбам тоа црвеното не испаѓа бе никако размислете добро пред да се фарбате црвени
Црвената боја веќе е докажано дека е најтешка за вадење. Дури со години не можеш да го иставиш црвениот сјај.
Не знаев јас пак мислев дека црната е најтешка, ехх од сегде можиш нешто да научиш, а иначе и црната е многу тешка за вадење јас имам црна фрбана со кна ми е и првпат ја имав исфарбано пред една година еднаш на 2 месеци така три пати ја напрајв после ми се смачи и ја сакав мојата боја ама нема шанси да ја извам цели 8 месеци не ја фарбав не му праев ништо ми велеа со глицерински сапун и со тоа ја миев со се само со бланж несакав да пробам оти многу се гори косата истотака ојдов во многу фризерски салони и за чудо ам абаш никој не се нафати да ми ја прај оти не беа сигурно дека ќе излези бојата , а другрките мои што ја напраја со фарба за еден месец одма му излезе ама мене не оти изгледа кната не излегва и на крајот нејќев шарена да шетам и пак ја напрајв црна изгледа куртул од оваа боја нема.
Така е за црната, и јас неколку пати сменив од црна на плава па црвена и тешко се вади дури и со бланш, ама ова црвенава каква и да ставиш одозгора пак ќе се позава тоа црвеното
Летово, на одмор една другарка имаше црвена коса, онака баш жар- црвена, но после 10 дена миење на косата секој ден, сигурно и солта имаше влијание, се врати дома со 90% плава коса... Според ова мислам дека црната боја е најтешка за вадење, според искуство на мајка ми и една другарка.
Црвената боја можеби (големо „можеби) ќе се одмие, ама црвенот отсјај ќ го има и откако ќе се смени бојата кон кафеава или црна. Црната боја можеби не се одмива брзо но затоа го нема црвениот отсјај после фабрање со друга боја.
И јас го имав проблемот со покривање на црвената боја, прв пат кога решив да ја бојадисувам косата се одлучив за црвеникава нијанса (темно црвена), но по неколку бојадисувања ми се здосади па сакав да сменам на светло кафеаво ама никако не ми излегуваше добра боја, без разлика каква ставав, црвеното по неколку миења веднаш се појавуваше... дури и кога ставив на крај темно кафеава, пак излезе црвенкавиот сјај... значи само скратување на косата му е мајката за да нема ни траг од црвената боја