Еј Каринче баш вчера ја фарбав мајка ми со Аура, и многу убаво и’ испадна. белите влакна се покрија, нијансата излезе како во каталогот, и што е најважно - не мириса одвратно како Гарние на пример, од нив ми доаѓа да повратам. Мирисот е сосема поднослив. Убави се фарбите, јас би ги препорачала. Е сега не знам како ќе биде со трајноста, но сигурно не е полоша од Палет или Гарние.
Имате ли користено кна за боење на косата,сакам да пробам ама незнам како се приготвува и дали дава добар резултат. Викаат дека ја омекнувало косата и и давало повеќе сјај
се имате фарбано во фризерско студио што е разлика помеѓу домашно и фризерско студио освен што земаат поскапо голем ризик?
се исфарбав два пати со црна кна ама не ми беше толку црна подруга и поубава ми е кога се фарбам со фарба..........а за приготвување лесно е. ќе завреш вода и ќе ја истурис во кната каде што ќе ти е ставена во некој сад и ќе ја бркаш (само немој премногу вода да ставиш) и ќе чекаш да истине и после можеш да се фарбаш
Јас после кната се офарбав како што кажав кај фризерката, некаде пред 2ипол 3 недели. И као демек не ми стави постетла нијанса туку темна за да го покрие црвеното од кната, бидејќи иако кафеава мене на црвено ми маваше И што се офарбав се офарбав, ама скоро и да не се познаваше разлика што ме фарбаше Само не маваше на црвено(ептен малку) ми ја направи темно кафеава..да не кажам никаква. Ма ептен темна кафеава, ај демек црвеното ќе го покриваше Еве.. баш како на сликава мислам дека е .. Јас сакам вака нешто нијанса да добијам.. И сега сакам пак да се фарбам, поминаа три недели таман за сликањето да си ја осветлам малце. И денес бев кај фризерката и кажав да проба на едно праменче само бојата да видам како ќе излезе, оно пак иста ми става демек неможе да се осветли.. Е аман значи пак иста да одам да ме направи нема шанси, сакам барем малце да си ја осветлам. Размислувам да купам јас сама квалитетна фарба, и да одам само некоја фризерка да ме исфарба. Ах ќе ја барам сега мојата природна плава коса ама нема Би сакала да чујам ваш совет, која нијанса да ја земам и марка на фарба.. барем малку да ја осветлам знам дека одеднаш не бива
Стави една жолчка од јајце, искаткај ја. Настрана измешај ја кната со мааалку врела вода, па стави го и јајцето. Само пази немој многу вода, да не испадне ептен водесто. Зашо можеш после и да си дотуриш ако е густо.
Девоки знаете ли некој добар хидроген, 6% користам. Последниот пат купив од пазар и откако се исфарбав косата ми ја направи како тесто, грозна...
Јас користев на Алфапарф 9% млечен хидроген од 100 мл и немам никакви забелешки. Го купував од Космо. За наредното фарбање купив на Илирија 9% млечен хидроген од 120 мл, па ке видиме како ке реагира. Овој вториов го има во речиси секој маркет.
Јас имам слушнато дека од к`ната паѓала косата... Се фарбам од Август и имам пробано повеќе фарби... Палете обичните не чинат - многу ја сушат косата и брзо паѓа бојата од што ми стануваше портокалова како морков. Палете делукс - За џабе се 200 денари кога се исти како обичните палете и мене не ме воодушевија нешто особено... Бјути - Се грозни и многу смрдат, никад више таква фарба нема да ставам... И од сите досега Субрина ми се најпогодени. Немам забележано дека ја сушат косата, напротив и даваат сјај и не паѓа бојата брзо. Нити па ми станува крута косата. Мој совет за оние што сакаат да се фарбаат црвени е, прво пред да се исфарбате прв пат ставете црвен бланш, па потоа ставете фарба, за да ви фати убаво. Јас се мачев 4 месеци за да добијам убава црвена и не ми излегуваше као што сакав бидејќи не ставав бланш воопшто тогаш. Откако ставив бланш ја добив посакуваната боја. Требаше уште пред првото фарбање да си ставам бланш, сега ќе ми беше изедначена бојата, а овака ми се прелива од коренот посветла па до врвовите потемна. Ете еден совет од мене Еве оваа е убава боја
И јас го имам истиот проблем, прво ми беше скроз црвена но почнав да ги менувам сите бои на косата и се исфарбав во сите можно бои па потоа ми се оштети многу па едно време престнав да се фрабам па сега пак се фарабам еве можи 1 година има од ко се фарабам црвена имам испорабано повеќе фарби но ни ниако не ми фаќа како што ми беше на почетоткот а многу кревка коса имам страф ми е да не си ја уништам скроз со бланш, да не ми се оштеети повеќе, сакам да сменам имам користено subrina charam ама во поинакво пакување беше мојата и порано одеше само со шампон, многу сакам да си ја вратам старта боја но не сакам да си ја уништам косава, затоа што уште малце ќе биде сликањето за на табло така да многу ми е важно да ми биде убава косата. Колку пари е ова фарба ???
100 денари е фарбата. А незнам како да ти помогнам, можеш да ставиш од посветлата фарба на субрина за да ти фати да речеме посветло... Ама без бланш потешко се добива убава црвена боја. Мојата е сега како на сликичката од фарбата Ама јас немам мака од бланш, имам тешка коса, цврсто влакно, а и не ја пеглам редовно ниту фенирам, а морам да признаам дека не ја ни чешлам затоа што ми е многу виткана и ако ја исчешлам ќе бидам како лав И немам вошки де