Не мислев конкретно да ја добијам таа боја (Very light ash blonde), само ме интересира каква нијанса би се добило со таа комбинација, бидејќи не сакам да ставам 9% хидроген.
накај жолто-портокалова како и да е полоша од твојата природна така барем мислам од моето доооолго искуство со фарбање
Април, ако досега не си се фарбала плаво, мој најискрен совет (прашај паталец ) е првото осветлување да го правиш кај фризер, зошто во зависност од пигментот, големи се шансите да завршиш со морков боја
Денес успеав да ја најдам нијансата на црвена боја што ја барам, се надевам овој пат дека ќе фати.Инаку дали е вистина дека ако се измеша пакетче црвена и пакетче плава најсветла боја може да дојде до посветла црвена? Или да пробам да се исфарбам само со црвена?
Се имам фарбано повеќе пати, а моментално косата ми е како на сликата на претходната страна што ја постирав. До сега ја немам пробано нијансата за која прашував затоа ме интересираше. Последно се фарбав со Trend up 7.1 пред некој месец, но ми беше темна иако сега е осветлена. Се мислам и за Garnier Olia (7.13 или 8.13), но боите од палетите што ги гледав на интернет на едно место се со 18, на друго 20 а на трето со 24 нијанси, а тука не знам по која палета имаат фарби. Може и некоја препорака за средно плава со сиво (medim ash blonde).
девојки помагајте аман векле ми с е здосади купувам една фарба и нијансата никогаш не ми е таква, имам светло кафена коса и сакав да ја осветлам уштеи и денес купив гарниер 111 скроз плава бела боја дури, се исфарбав и никаква боја не ми дојде, повторно кафена нијанса многу малку осветлена...помагајте ве молма дајте некој предлог што да ставам нареден пат...сакам посветла коса
Чим не ти фатила таа нема некоја огромна разлика во боите така да која и да ја ставиш може ќе биде некоја минимална нијанса посветла ама ништо посебно,ако не си против бланшот боље извади ситни прамени светли ке ти дојде супер ама мнооогу ситни да ти дојде цела коса светла
Прво зависи дали вашата коса е природно ваква боја или е фарбана . На природно влакно секоја фарба фака пооригинално . Со 9.1. мислам дека нема да добиеш некој посебен ефект на ваква основа. Освен можеби малку да ја неутрализира црвенкастата нијанса , затоа што 9.1 има нијанса на сиво.
Ако веке ти е фарбана тогаш нема значење каква ти била природна. Напротив ако ти е фарбана потемна од таа на сликата може само малку да осветли , а кај коренот , т.е. онаму каде што ти е подникната твојата боја ке фати како што е самата боја односно светло смеѓа со сивкаста нијанса, и ке се разликува од оној дел каде што ти е фарбана. Ако ти е фарбана посветло од сликата , тогаш може да фати оригинал како на каталогот.
Сакам да направам "OMBRE" боја , пример вака нешто: http://2.bp.blogspot.com/-Z4JZW0urTmM/U ... lghair.jpg Знаете некој добар фризер што може да го изведе ова без ризик? Помош!
И јас сакам да направам омре, ги гледав фарбите на Лорел, но незнам дали ги има кај нас, и од каде може да се купат
Па скоро кај сите ке ти биде без ризик(ако мислиш за оштетување) бидејки се прави со бланш(некогаш и со боја)ама со послаб хидроген така да не се секирај,е сеа ако мислиш ризик дека нема да ти испадне како што си замислила ондак незз...
Дали некој знае колку се фарбите на сајос моментално во тинекс? Беа намалени, мислам дека беа 144 ден. ама незнам дали трае акцијата сеуште?
дали на бланш фаќа фарба? Со бланшот косата сега ми е светло кафена,а некаде дури и портокалова дали ќе ми фати со темно кафена фарба?
Да, ќе ти фати фарба, можеби за 1-2 тона посветла од тој што ќе го ставиш. Зависи до влакното на косата и до бланшот што го имаш ставено