Девојки ве молам помогнете,неколку пати сум фарбана со црна фарба сега сакам да ја извадам.Дај кажете некоја ефтина варијанта со што да ја извадам фарбава а да не ја оштетам косата? Имам бујна средна должина коса и една другарка ми кажа имало нешто 100 ден како фарба се наннесува и ја вади црната фарба. Мене ми треба сигурно 2 пакувања,и само еднаш ли се нанесува ова знае некој нешто друго ?
^ Тоа е отстраувач на боја, деколорант. Има ефект сличен на бланш. И не ја остава неоштетена косата. Тешко дека можеш да поминеш без проблем, освен да ја оставиш бојата пиродно да се одмие или израсне „нова“ коса.
EMA2, досега не сум осветлувала црна коса ама ќе ти кажам како се решив од црвена боја, боја со која многу се зезнав и зажалив уште во моментот кога се видов во огледало. Пред секое миење нанесував обилно маслиново, рицинусово, бадемово масло и на секој 15 мин ја загревав косата со фен, исто така и кога ја плакнев пуштав малку потопла вода, секако не да се изгорам, користев поагресивни шампони и за среќа маската од Глис ми ја вадеше бојата па и неа ја држев на коса по пола саат... После месец ипол конечно колку толку успеав да се спасам од црвенилото и успешно успеав да се префарбам во медово ( сега сум плава ама тоа е приказна за другпат )
# Ми се оштети косата и тоа многу. Премногу ми е сува косата и врвовите одма ми распукаа. Самото влакно ми е многу чудно. Бланш никогаш веќе!!!
Со бланшот треба многу да се внимава. Ако е оставен да отстои повеќе време, нормално дека лошиот ефект веднаш ќе се забележи. Сега само маски (би ти препорачала маски припремени во домашни услови) се лекот.
Се согласувам со феминката над мене, маските многу ќе ти помогнат, исто така избегнувај пегли за коса и фигаро, дај и време на косата да зацели. Меѓутоа, ако приметиш дека и покрај се влакното се тегне или се крши, знај дека само ножици се спасот, поштеди се и себе си и и новчаникот од залудно трошење на време и пари.
Се офарбав со Сајос црвана .Бојата е прекрасна.Косата е мека и сјајна.За прв пат сум задоволна од фарба.
Се фарбам со Сајос , средно смеѓа , веќе една година , и еднаш си реков ајде да пробам овој пат со Палете средно смеѓа . И кога се исушив има што да видам Црна ми беше косата , и сега еве веќе поминаа 5-6 месеци од тогаш и полека ја опоравувам и ја враќам на средно смеѓа
јас имам темно кафена коса, сакам да ја офарбам светло кафено медова моја , па незнам дали ќе ми фати првпат се фарбам и незнам која фарба е убава и како ќе излезе па некој совет ако знаете да ми кажете итно е позз
Деновиве планирам да се фарбам. Моментално косата ми е темно црвена. Сега сакам да ја сменам и да пробам со нешто посветло, на пример нешто на лешник да оди. Е сега се мислам дали да земам поплава боја за да ми испадне лешник, и дали воопшто ќе ми фати на црвеново? Да не испаднам шарена...
Црвената боја е најкомплицирана за менување и јас лани бев фарбана темно црвена и се офарбав црна и ако веруваш се уште не може да ми фати како што треба , на некои делови уште ми е црвена најубаво на фризер да си прашаш , може ќе ти треба бланш прво да се отстрани црвената зашто вака може шарена да испаднеш
јa пробав oвaa вo сpeдинa мислaм декa бeшe No.2 прeубaвa e и ми испaднa истa кaкo нa сликaтa, мeнe природнa ми e смeѓa тeмнa кaкo нa девoјкa нa сликaтa штo и e кoрeнoт нa косатa тaкa дa ви јa прeпoрaчувaм
женски фарбана сум црна но со к`на....имам од неа само на врвовите останато,мојата природна боја на коса е темно кафена ....сакам сега да ја фарбам светло кафено накај црвено да оди бојата...имаќи во обзир дека имам на врвовите сеуште малку од црната к`на ќе ми фати ли таа нијана која ја сакам ????
Утре или во понеделник (Бидејќи немам детален план за утре) Сакам да се фарбам.. Сакам да ја осветлам косата црвена ми е но сакам уште по светла.. Ако се фарбам во понеделник тоа ќе биде дома и сакам да земам едно пакетче црвена и едно плава некоја светла и да ги измешам.. Дали има шанси вака да ја осветлам? Или ќе испадне друга боја?
За најсигурно прво пробај на еден мал прамен како ќе испадне , можно е и пр портокалова нијанса да добие или ич да не фати , со фарби не се знае
Девојче , прочитај малку погоре, една феминка го праша истово , имајте на ум дека црвената е најлоша боја за вадење / префарбување, и црна да се исфарбашцне фаќа секаде рамномернова не па плава. Ќе ти испадне некоја ппртокалова боја оди си на фризер и прашај јас мислам дека прво ќе треба со деколоратор дасе извади таа боја па потоа друга, верувајте најлоша боја е за менување!!
Женски се исфарбав пред некој ден со Garnier Natural, втор пат се фарбам со фарбава ама косата ми е катастрофа откако се исфарбав, премногу сува и разлетана, ко да е слама.. мислите дека е од фарбата? решение некое?