Нема шанси само коренот за нијанса ке го осветлиш ништо повеќе,ке мора да се стрпиш и постепено да ја осветлуваш
Епа значи тоа само на фризер мора, инаку незнам за таков бланш..Ајде ќе прашам кога ќе идам нареден пат, со фарбиве ништо не правам..
Падната е,имам корен (не се познава нешто премногу,али јас си го гледам,околу 5-8 цм е),плус ми се осветлуваат прамениве низ косава...да ставам кафена фарба?
Кната најтешко фаќа фарба и мислам дека најпрактично ќе ти биде да се ориентираш кон кафени прамени за прво време, додека да и дадеш време на косата повеќе да порасне па после исфарбај ја цела, мислам дека баш убаво и интересно ќе изгледа потемна на врвовите
Имам смеѓа коса, бебешка боја. Долга ми е косата и мека, и секогаш пуштена ја носам, неможам ниедна фризура да направам од што е толку мека без разлика колку лак сум ставила и сл. (а и немам некоја густина) . Само заради тоа сакам да ја офарбам или потемна, или омбре. што мислите дали од фарбата ќе ми стане "попаметна" ?
Не, само ќе ти стане пооштетена. А си пробала да направиш фризура на вториот или третиот ден од миењето коса? Тогаш косата подобро држи фризура отколку тазе миена (како што разбра другарка ми на нејзината апсолвентска вечер)
Добро зацврснува малку косaта и станува попослушна после фарбање не е без ич,ама јас таква нијанса смеѓо-бебешка боја а којашто сите се тепат и се би дале да им е таква не би ја упропостувала
[/quote] Кната најтешко фаќа фарба и мислам дека најпрактично ќе ти биде да се ориентираш кон кафени прамени за прво време, додека да и дадеш време на косата повеќе да порасне па после исфарбај ја цела, мислам дека баш убаво и интересно ќе изгледа потемна на врвовите [/quote] Да,ама праѓа нерамномерно,ептен ччудно е..имам корен и прамени со мојата боја ќе фати ако ставам некоја темна кафена фарба?
Досега никогаш ја немам бојадисувано мојава коса,но сега сакам да пробам. Највеќе ме плаши тоа да не ми се изретчи косата. Па сакам да ве прашам дали после бојадисувањето сте приметиле драстични промени на вашата коса,дали е поретка сега и сл...? Инаку имам светло смеѓа коса,а сакам малку да ја осветлам.Па дали би имало лоши последици не знам. Мајка ми вика што сакаш прави,немој потоа да ми се жалиш мене.Па што велите?
секоја коса си е приказна за себе , никој не може со сигурност да ти каже дали ќе се проретчи или не , сепак ако ти е мерак пробај , само да не се предомислиш за природната боја особено ако е некоја специфична нијанса што со фарба не можеш да ја вратиш после
Јас од кога прв пат се бојадисав , позадоволна сум со косава, побујна ми стана, посјајна, така да исфарбај се како што сакаш е мое мислење
Зависи секогаш. Мене лично од фарба ми паѓаше косата, скоро без коса останав. Мајка ми неможеше од жал да ме погледне. Плус не ми растеше и се тоа. Ме спаси само кна. Од неа косата ми стана побујна и ми порасна за многу брзо време, само што бојата многу тешко паѓа, а јас ставав црна кна. Како и да е, ако можеш стави кна зошто неможе да ти наштети само од корист може да ти биде (ама обавезно датата да ја погледнеш, обавезно!!!). Тоа ти е мој совет
Devojki, imam potemno kafena kosa i sakam malku da ja osvetlam no pak vo granicite na kafeavata boja;koja marka na farba bi ja preporacale? Dali SYOSS se dobri? (bidejki slusnav i pozitivni i negativni raboti za istata)...Ve molam za mislenje...pozz
за прв пат палете ти препорачувам некоја од овие нијанси за понатаму некоја друга фарба, а за прв пат оваа.
Девојки косава ми е природно црна ама ја фарбам темно кафена, имам многу бели влакна па морам. Е сега се немам фарбано 2,3 месеца и косата ми е пораната добри 5 сантима. Морам да се фарбам ама пак нешто ми текна да не биде темно кафена него да ставам на црвенкасто. Минатиот пат кога пробав само коренот ми фати, има шанси да фати цела или ќе се зезнам пак?
Можеш да земеш кафена со црвенкаст под тон , и јас како тебе бев така кога ставав од оваа убаво ми фати рамномерно
Вака девојки, јас имав темна коса, па ја фарбав црвена, но мн темна ми излезе. Логично беше дека ќе испадне таква, но ме исполажаа демек светла ќе испаднела итн. Навистина сакам да добијам светлоцрвена, накај портокалово, но како? Знаете ли како да ја добијам таа боја при фарбање во домашни услови... Ако е тоа возможно?
^^ И јас се фарбав сега брзо црвена но ми излезе прилично темна нијанса, но јас сакам посветла. Нареден пат нормално дека ќе земам посветла но дали ќе фати? И колку нијанси да земам посветла. Ако знае некој добредојдена е помош
Јас мислам дека неможеш ама ако си похрабричка можеш да пробаш да измешаш мноогу светла(лешник или уште посветла)со некоја јако црвена,строго со 9-ка млечен хидроген,незнам овие дали ги има кај нас ама како и да е ке ти вршат работа нјансите на примерако јас би се фарбала би ставила 5.35 и би ја измешала со некоја од црвените 5.62 6.60 или некоја друга јако светло црвена.....па што биде нека биде