Кај мене Гарниер се покажала како подолготрајна. Палете, уште со првото миење губи значително од бојата.
Kakkvaa bojaa na kosataa kje dobijam ako stavam kafeaavaa k'na ... ?? Da mi kazhe nekojj od iskustvo, i slikaa ako mozhe ... Blagodaram ...
Девојки, сакам да се консултирам со вас уште пред да направам нешто да не се каам после па да треба да удирам машинка на глава Значи имам темно кафеава коса, ваква.. Спојлер е сега сакам да ја направам за нијанса посветла, да дојди вака нешто.. посветла нијанса на кафеава, или темно плава како што ја викаат Спојлер Дали е возможно да се изведи ваква боја воопшто се плашам да не ми дојди некоја вештачка необична боја, сакам да изгледа скроз природно..
Првата ти е медова а таа сто сакаш да ја добиеш е плава,како и да е јас да сум на твое место ако имаш боја како првата никад не би ја фарбала бидејки е преубава мнннгу девојки се би дале да имаат такава,али ако веке си решила дека сакаш промена ондак офарбајсе со некоја темно плава,а за природноста мислам дека никој нема да може да ти каже бидејки кај секого различно излегуваат боите зависно од пигментот,фарбата,хидрогенот итн..итн..
Сакам да се фарбам сино омбре (слики во споилер), но не знам каде да најдам сина фарба... И дали мора со бланш да ја правам косава? Би ве замолила ако некој знае да ми одговори на прашањата! Спојлер
Во план сум да се фарбам со некоја ептен светла нијанса на кафеава боја. Предлог? Вака нешто сакам да ми е косата Инако косата ми е на ова нијанса Препорачајте ми која фарма, која нијанса на боја да ја земам и слично. Не сум искусна во овие работи. Дополнувам: Да ми објаснете дали ќе фати фарбата од првиот пат, и што да очекувам после какко резултати.
^^Нема шанси на волку темна од првиот пат да добиеш светла боја. Ќе треба 2-3 пати да се фарбаш па да ти се осветли малце, прашање е и пак дали ќе дојде до толку светла. Само немој многу често да ја фарбаш, дека сеа сакаш што побрзо да ја осветлиш, па да си направиш да шеташ со сено на глава, тогаш џабе ќе имаш убава боја. Претпоставувам досега ја немаш третирано со фарби штом викаш немаш искуство, па подобро фаќа на природна боја влакно, одошто претходно фарбано со илјада фарби кои тешко се одмиваат. Земи си ти посветла фарба, верувај иако е светла на кутивчето, пример плава боја е, тебе ќе ти излезе далеку од плава, т.е. само ќе те осветли една нијанса. На таа темна коса, ако земеш фарба која на кутијата е иста нијанса како што посакуваш едвај ќе се примеќа разлика во нијансата откако ќе се офарбаш. Пробај со оваа на Гарние Олиа, верувај нема да ти испадне исто како на сликата скроз плаво. Па и со 9ка можеш Ако ставиш ваква како што сакаш иста, многу мала разлика ќе забележиш во осветлувањето. Ако немаш искуство некој поискусен нека ти помогне, а ако имаш можност можеш и на фризер да одиш, барем само првиот пат, па после дома да си ја фарбаш сама со асистенција од некој што се фарба често.
Јас би ти препорачала да си одиш на фризер, не е лесно да се добие ваква светла нијанса ова е нешто како бебешко плава нијанса, вака само ќе дадеш пари за фарба, и нема да завршиш работа од прва,значи ќе ти требаат едно 4-5 пати ако не и повеќе фрбање. Ваака оди еднаш на фризер нека те офарбаат таму па потоа можеш да ја правиш постапката дома како што тие таму ја правеле и незнам колку со овие фарби што ги поставила карина можеш да ја осветлиш косата,бидејќи немаат внатре амонијак и се слаби.
Па со оглед на тоа дека ќе треба почесто да се фарба, за да ја осветли, па и не и препорачувам баш некои ептен јаки фарби. Јас другарка фарбав со плавата Гарние Олиа 9.0, она беше баш исто темна, а веќе после второто фарбање има добра осветленост со оглед на претходно. Палете да стави сено ќе и стане косата. Единствено може Гарние Колор Сензејшн наместо овие, тие чинам се без амонјак
Се согласувам со koritsaki, оди на фризер, таму ќе те направат супер, ако треба ќе ти измешаат фарби за да ја добиеш посакуваната боја, додека вообичаено осветлувањата правени дома завршуваат со плачење (прашај паталец...)
На фризер колку пари земаат за такво фарбање? Инаку ви благодарам на советите, решив на фризер да одам.
Зависи каде и зависи со каква боја ќе те фарба. Од фризер до фризер има огромна разлика. И гледај што ти става, оти се дешава и да ти речат квалитетна италијанска боја и да ти наплатат доста, а со некоја од 50 денари да ја меша она бојата уствари. Јас уплав имам од фризери и не можам да ги смислам, ма не професионалци што сака нека бидат, сите прават мучки.
Пред три дена правев омбре , и ништо од омбрето , фарбите не ми фатија само таа моја неискусна фризерка ми ја погоре косата
Jenniffer, пред да се фарбаш, отиди на консултации кај фризерката, она ќе ти каже, според пигментот на косата, до колку ќе можеш да одиш на светло само со хидроген и боја. Отиди со сликата и нека ти ја каже најблиска нијанса што ја има кај нас низ парфимериите Се согласувам со Карина за тоа дека има безвезе фризерки - знам случај каде фризерката правеше филм дека фарба со оригинал Лореал а всушност фабрите и беа оние најевтините бугарски купени од пазар