Мислам дека нема да треба бланш со хидроген и фарба би требало да фати убаво и најдобро ќе ти биде да отидеш на фризер да ти ја средат убаво а фарба можеш да си нарачаш од некој фризерски салон или ако имаат да си земаш од таму би требало они да имаат а така по продавнициве слабо имаат секакви бои..
Јас решив ќе се фарбам дома. Знам дека нема да ми фати уште од првиот пат ама ќе се исфарбам потоа пак. Инаку до сега листав по темата и пак не одлучив која фарба да ја земам. Ми ја препорачаа ова Значи во план сум да земам 2, бидејќи косата ми е долга и една нема шанси да ми стигне. Бојата нема да ми испадне како да сликата знам. Туку очекувам ептен малку да ми се измени бојата, само малку посветло кафеаво ќе ми биде од првиот пат. Се надевам некако ќе дојдам до посакуваната нијанса. Ваква нијанса сакам, можно ли е да ја добијам? Моментално ми е ваква
Имам темно кафеава коса и сакам да ја офарбам светло кафеава.Е сеа ме интересира дали ќе фати од одма бојата пошто косата ми е бајаги темна? Ии дали после првото фарбање ќе треба цело време да ја фарбам? Бидејќи јас сакам само еднаш да ја офарбам светло кафеава колку за промена па после пак да ми биде старата боја..
Ако ти е природна темно кафеавата можно е да фати. А ако не сакаш повторно да се фарбаш, после првото фарбање можеш да ја оставиш твојата коса пак да ти излезе.
Ај очајно барам помош веројатно некоја од вас ќе знае.Имам светло кафена коса со неколку природно плави прамени.Решив за прв пат да се фарбам посветла како на сликиве.Фризеркага ми побара 1000ка и се решив дека ќе барам фарба па сама ќе се фарбам Ве молам ама очајнооо мн некој совет за фарба итн Едит:Не ми е баш светла кафена ...хмм онака кафена само хаха
^ И јас сакам ваква. Претходно бев црвена и зедов ваква боја ама ич не ми текнува што бројче беше. Во коренот кај што ми беше зарасната косата и каде што беше мојата природна боја на коса, која инаку е темно кафеава-накај црна, ми фати баш исто како на сликата, а подоле ми испадна шарена (црвена со кафеави прамени ). Со тек на време, со миењето ми се осветли и сега ми е кафеава. Ќе пробам уште неколку пати со истата фарба и можеби со повеќекратно фарбање ќе ја добијам посакуваната боја.
И 10 пати да се исфарбаш нема да ти се промени ништо , само џабе парите ке си ги дадеш за фарби,а истите можеш на фризер да ги дадеш за да ти ја направат косата. Јас така се зафркавав , од кафена сакав плава да ја правам и ставав бланшеви дома плус 12 пати се исфарбав за да добијам плава боја и пак неможев баш ваква ко на сликата да добијам.А се изнададов пари за фарби. И со оваа фарба нема ништо да постигнеш,оваа што си ја поставила е без амонијак мој совет само на фризер
Многу е 1000 за обично фарбање ... Рака е обично помалку од 500 ден, кај фризерите кои држат некоја `средна` цена. Меѓутоа ако во таа цена е вклучена и нејзина (демек) професионална фарба, тоа е стандардот, повеќе или помалку, но ти секогаш можеш да си однесеш твоја фарба а она да ти наплати само за фарбањето.
Сум заборавила зборувам за плавите фарби за пепеласто плавата ? Косата ми е уништена на пола ми е сега , мора да е од фарбата и хидрогенот .
вчера оваа фарба ја купив, па ке видиме резултатот каков ке биде....ма не се надевам на ништо посебно, инаку имам светло кафена коса, па ке видиме што ке испадне денес сакам уште посветла да ми биде
makedonkamak јас ја користев таа боја, но јас добивав смеѓа боја и ништо пепеласто . Убава беше ама далеку од посакуваната боја, па ни приближно до таа на сликата, за жал поради природниот пигмент и темно кафената природна боја. Ако си во можност стави сликичка откако ќе се офарбаш.
^Доколку сакаш да ти осветли,во фарбата стави многу малку бланш и 9% хидроген,оти инаку само смеѓа боја ќе добиеш.
Со бојата доаѓа и хидроген во пакувањето, само не пишува колку % е (по претпоставка дека е 9%, бидејќи е плава бојата), а со бланш не сум експериментирала.