А има некој слушнато за црвен пигмент? Еве мајка ми сака чоколадна боја на коса,а нејзината прородна е ептен темна кафена..и сеа секој пат кога оди да се фарба си иде со црвеникава нијанса на коса и фризерот и вика дека имала црвен пигмент...Може и од тоа нешто да зависи каква ќе ти испадне бојата на косата.И ако некој нешо зане како може да се ''победи'' мислам да ти се погоде бојата како шо сакаш ти?
Точно, постои црвен пигмент, и доколку некоја го поседува многуууу ретко се постигнуваат посветли или апла светли нијанси со фарбање...
Ne знам дека ова делува, но осветлување со мед можеш да пробаш. Еве и доказ. http://www.youtube.com/watch?v=ddY6mHt0Lzo
Моето искуство досега со фарбање покажало дека не ми одговараат никако фарбите на Гарниер,баш светлите нијанси ми излегуваат многу темни на косата,а притоа се фарбам на светла основа. Доколку сакаш да ја осветлиш јас ти препорачувам Палете ама некоја плава нијанса,бидејќи ако се фарбаш со нијанса посветла од оваа што ти е сега нема воопшто да ти осветли.
И јас имам забележано дека со Garnier мора да се земе нијанса, две, три посветла од замислената за да може да излезе како замислената. Веројатно затоа што на сликите и примерите се фарбани на бланширана коса па може затоа е така. Инаку според мене, за разлика од Palette, Garnier се подобри и во поглед да квалитет и во поглед на заштита на косата од оштетување.
Сакам да го пробам препаратото што се продава во КОСМО за отсранување на боја на коса. Се фарбам темно смеѓа, а сакам да се офарбам махагони. па ме интерсисра дали има некој искуство со тој препарат инаку е наменет за домашна употреба ( демек немора да одиме на фризер)
неодамна ја бланширав, а потоа и ја исфарбав косата 3 пати до сега, отприлика на 3 недели. Природната боја ми е темно кафена накај црна, а со бланширањево и фарбањето успеав да ја осветлам до некоја медово руса. Последново фарбање ја користев Субрина Сатен 80/8 и сум задоволна од осветленоста. Меѓутоа, со ниедна фарба не успевам да го покријам коренот кој фаќа портокалово бакарна боја но ништо посветло од тоа и ептен двои од бланшираниот дел . Имате ли некој совет од искуство за фарба која не фаќа портокалово на коренот на природно темно кафена коса?
имам смеѓа коса,сакам да ја осветлам ама таму после матура.. се мислам дали прво да пробам со колор шампон или да не си ја упропастам само да си одам на фризер па да ми ја исфарба...инаку многу ми е мека косата како бебешка дури,па ми е страв да не ја упропастам само.баш со плава најмону се уништува...
И јас мам пробано да ја осветлам со колор шампон ама ништо не се смени. Ако сакаш да е успешно оди на фризер, а за косата толку не и се секирај , косата расте па е се обнови а за упропастување не се упропастува само од фарби,туку и од фен,пеглања итн
тоа што е потпишано ОД ВАКВА - фарбана со мисс магиц 106 ..со оваа фарба -> 118 мисс магиц .. што ќе се добие затоа што мојата е фарбана таква пред 3 месеца да не ми излезе некој портокалов сјај?
Здраво Значи имам темно кафеава коса, а сакам да ја осветлам да добијам светло кафеава , смеѓа. како на сликата , па сега помогнетеми каква боја на фарба да ставам , а да не ми излези портокалова и сл
слушнав дека додека имаш менс. несмеш да се фарбаш бидејки нема да фати бојата или можи да излези друга боја....вистина ли е ? Оти сум за фарбање, а имам но последен ден
почекај уште денес штом ти е последен па утре фарбај се и јас така сум слушнала дали влијаат хормоните,а и еднаш се случи да се исфарбам а имав 5ти ден и не ми фати (и тоа црна боја ) и од тогаш кога имам добиено не се фарбам
Фарбај се слободно, нема врска никаква тоа. Не е докажано од медицинска гледна точка вакво нешто. Јас години се фарбам, ништо не сум приметила, апсолутно никаква реакција, ниту било каква друга промена. Така да не верувај на се што ке слушнеш.
Ќе може некој да ми каже дали гарниер herbashine е колор шампон? Ако не под кое име да го барам колор шампонот?