Прамени во посветла боја така да изгледа како да се прелива и косата изгледа посјајно. Лично мене многу повеќе ми се допаѓа од омбре. http://www.youtube.com/watch?v=2g-dB1BsVTI
Баш е убаво, ми се допага Jас долго време ја фарбам црна и некако се откажав да сменам боја зашто многу тешко ми оди некако
Дали некој ги има пробано L'OREAL Prodigy фарбите ? Кога и да одам во ДМ ептен ми фаќаат око, а и ич не се скапи, па се мислам дали да ја затемнам малце косата. Не сум се фарбала од летото, ама ете што ми текна сега да се фарбам и крај. Се мислам меѓу оваа на Лореал и Гарние Олиа
Незнам за гарниер ама лореал има доста пофалби и наскоро јас ке си земам од лореал исто и јас сакам да си ја потемнам косава. Инаку пробав еден прамен со кна подобро што не ставив бидејки испадна сосема др од тоа што сакав.
Конечно успеав да ја добијам посакуваната боја и сега ја одржувам со боење само на корените со гарниер 111 (пегавата) и е супер, а ме интересира дали има друга која би го дала истиот ефект но да е малку подолготрајна, вака веќе на втората недела нијансата се губи и не е тоа тоа...Значи само за корените ми е маката другото е ок, природнaта е смеѓа
како ја доби оваа боја на косата,само со фарбава на гарниер ?позз преубава е,јас сакам ваква,,до сега се немам фарбано 5 години може па сакам некоја ваква карамела боја иии не можам да се решам да не ми испадне таква.
Се фарбав со црвен колор шампон, го држев само 15 мин многу црвено фати, сега ми е излезен само кај шишките има и не сака да падне многу интензивна црвена што да направам за да падне? Ми се здосади, и сакам да се фарбам пак како што ја имав ама само зарасди тој дел не можам
Jас ги пробав и се зафркнав Шарена ми фати,цела коса ми се ишара,јас темно кафена земав а негде кафена негде претемна,негде ниаква не фатила,на врвчињата уште потемна ужас.Се одмива многу,на секое миење и бојата станува се по грда како избледена. Ме замисли тоа што рече анабела дека купила од ДМ Лореал и со поминат рок била,да не беше и мојава...Како и да е после толку време фарбање прв пат вакво нешто да ми се случи.Не би ја купила повторно.
А пробал некој ? Мене многу ми се допаѓа сакам некоја промена , а оваа моја коса 8 години не видела фарба , доста и е одмор . Сама не би се нафатила , колку отприлика земаат фризерите ?
Незнам каде да го поставам прашањето ако не е соодветно преместете. Значи мојата коса е направена омбре(до половина бојадисана + и прамења одозгора за да ми испадне професионално омбре нели не како оние со степ) на фризер ми ја правеа и сето преубава испадна ама од бланшот почна да ми ожолтува е сега сакам да си ја вратам мојата природна боја на коса (светло кафена) и како? Мајками е фризерка и вика пак требе да ја фарбам ама многу ја горам
Па офабај ја , убаво ти вика мајка ти, има толку нијанси на кафено , одбери си некоја и нека те исфарбаат, а за косата не и се секирај толку само од фарбањето не се оштетува косата тука се и фенот, пеглите итн..
Значи премногу ми се допадна и јас мн сакам да ја осветлам косата и сакам вака прамени светло кафени но не бели шатирани само незнам дали ке ми ја погодат искрено страв ми е да не ми ја осветлат многу
Сметам дека уште сум мала за бојадисување на косата, макар што има девојчиња на моја возраст кои што го прават тоа. Според мене омбре е супер..посебно кафеави и плави прамени.
Веќе неколку години имав желба да си ја бојадисам косата, ама пусто сестра ми само ме разубедуваше. Иначе имав светло кафена коса, а сега ми е медова/златна и уште малце планирам да ја осветлам. Не знаете колку сум среќна што конечно го направив тоа што го сакав, така да ако сакате да си ја промените бојата на косата ич да не му ја мислите! Башка мене како што и претходно ми беше светла, воопшто не ми ни требаше бланш, туку само со фарба ми се фати.
Јас имам ваква боја на коса природна без тие плавите прамени напред и надоле малце ми се прелева на ептен избледено бордо (пошто ми беше омрбре правена со црвено пред година и више ама споро паѓа бојата т.е степот ). Е сега ме интересира да прашам се двоумам дали да ја фарбам целата бордо она трула вишна боја или да ја шатирам? Сите ми рекоа дека ваква цветла боја многу убаво изгледа шатирана ама не сакам бели прамени туку медови, кафени нешто. Уствари да бидат нијанси на кафено посветли и потемни од мојава боја? Што мислите вие? Кое би изгледало подобро??
Ве поддржувам и јас, се зезнав добро и тоа . Зедов од оваа фарба портокалова и ми фати кафеава, уште еднаш ваква боја не фала. Кај нас се што носат од светскиве такозвани марки се е ѓубре се е 3 класа... минатата година зедов Лореал преференс од Турција е тоа беше милина
Девојки имам темно кафена коса сакам да си ја осветлам малку повеќе е сега со боја за коса знам дека гори многу и ја оштетува а мојата и онака е оштетена многу од пеглање уште тоа и фали... Знаете нешто со што можам да си ја осветлам косата без да ја горам?