Благодарам јас сум презадоволна од отстранувачов, само се надевам дека с тек на миење ќе се осветли фарбава која знае ја замолувам нека пише нешто
Како ке паѓа бојата , така посветла ќе ти доаѓа и јас сменив од црна во црвена , па од црвена кафеава , и кај мене првото фарбање во кафеава скоро црна ми се виде ме фати паника , ама после две -три миења почна да се осветлува , така да не му се секирај
Да пишам во врска со косава - веќе 1 недела како ми е осветлена , нели се фарбав па со миењето повеќе ми се осветли косата,но не ми е тоа тоа,некаде до пола ми е осветлена ,а кај врвовите е темно-кафена - црна кажете ми совет што да правам,дали да ставам од тој 3% хидроген или бланш да ставам на тој дел што ми е темен и да го држам 10 мин само не ми кажувајте фризер
Коритсаки ако ставиш бланш ќе ја изгориш, мада за за бланш треба повеќе време да ти стои на косата за да фати бојата. + за врвови се работи ќе се оштетат. Јас би те советувала постепено да си ја осветлуваш.
koritsaki за темна боја не се препорачува бланш - побрзо ќе паѓа бојата и џабе ќе ја оштетиш. Подобро почекај уште некое време па уште еднаш исфарбај ја. Башка модерно е омбре па нема сигурно да ти биде проблем ако почекаш
Епа женски , мечка страв мене не страв - се бланширав вчера сама дома вчера бев во една продавница кај што продаваат работи за фризерници бланшеви,фарби за коса итн , ми рекоа дека колку пати фарба да ставам нема шанси да се прекрие црното и морав да се бланширам ми дадоа од тој прашокот и пола хидроген 12% , реков сега готово метла ке стане косата , земав и фарба за коса Палете бр 7,52 и плус хидроген 6% и така дома ставив бланш само на врвовите , почна да се осветлува и по 20 мин ја измив косата.Се осветли насекаде стана црвено-портокалова , се измив,исушив се офарбав со бојава инаку е светло кафена чоколадно , и супер испадна имам некаде пак црно но тоа ке го ошишам ,и најважното е што косата не ми е воопшто оштетена што ставив и нај јак хидроген. На фризер кога бев повеќе ми ја оштетија него сега сама што се фарбав проблемот е што фарбата нем и покри многу добро , но нареден пат ќе биде подобро
Корицаки, многу повеќе те личи со кафеава отколку со црна боја на коса. Имаш светол тен и таква темна боја каква што ставаше те правеше многу побледа отколку што навистина си. Вака си супер, немој да менуваш. Ептен ти е убава нијансата, дури немој ниту да се трудиш да го одбегнеш тој портокаловиот отсјај - преубав ефект дава.
Се фарбав пред еден месец и косата ми беше ОК на почетокот, ми се допаѓаше и боја и се'. Сега дали од многу често миење косата стана кафеава, малку посветла од мојата стара нијанса но го има оној портокалов сјај. Сега замислувате каква ми е? Жолта.. Добро не ми е баш жолта, многу ми се допаѓа и вака. Ама што толку брзо ми падна бојата, не очекував, сега е катастрофа, а сјајот си стои и е ист како првиот пат.
Епа сеа имам едно пρашање мои мили дами.Пρед еден месец ја имам фаρбано κосата со цρна κ'на сеа саκам паκ да ја фаρбам со фаρба исто цρна саκам да знам дали κе ми фати или нема.Не ми се допаѓа фаρбањето со κ'на пρемногу ми ја суши κосата.
Косата ми е црвенкасто светло кафена поради бланшот,сегаја купив фабава на гарниер колор сензејншн 7.1 , па полека ќе ја осветлувам да се изгуби тоа црвеното инаку боичкава не е лоша само незнам дали ќе ми стои
Сакам ваква косата да ми ее (слика во спојлер) Прашањето ми е дали има некои креди.. нешто за само еден ден, на пример таква да ти е во боја и после кога кје се избањаш пак косата да ти е како и порано?
Постојат креди во разни бои , како да имаше една феминка купено .Само не сум сигурна дали може Скопје да се најдат .
Имаше на Есенс, само не знам дали ја има сеуште оваа колекција во продажба може има некаде останато. Спојлер
Zdravo devojki sakam da prasam nesto dali mozam da ja mesam farbata so blans. Bidejki imam crna kosa a nadolu ombre pa bi sakala da go obnovam ombreto so farba no ne mi uspea :/
За стоење не знам, само знам дека на Garnier секогаш земај барем 1-2 нијанси посветла од онаa која сакаш да ја постигнеш бидејќи секогаш испаѓа потемно отколку што е прикажано.
Koritsaki, а да земеш да купиш една нијанса посветла кафена од оваа на Гарниер? Ти ја видов како ти е испадната сега, немој да ризикуваш со волку темна кафена уште од првиот пат. Не дека е кој знае колку кафена оваа, ама сепак јас сум да одиш на варијанта една нијанса посветла, затоа што Гарниерот секогаш, буквално секогаш изглегуваат мнооогу потемно од она предвиденото.
Викаш сега денес баш и се ишишав - боб фризура , па ми е страв да не испадне ептен плаво јас сакам светло кафено баш како фарбава погоре да биде да земам ваква 8.0 или 9.13 што викате?
Како бојата на фарбата погоре во нииикој случај нема да ти испадне, таа нијанса на кафено, него ќе испадне темно кафено според мои проценки, затоа што сепак тие бои што се на кутивчињата се на чист бланш ставени. Ама истата нијанса - дефинитивно нема. Не знам еве, консултирај се уште еднаш со некој што има поголеми познавања пред да ставиш било која нијанса на кафено. Јас сум да идеш со пепеласто плава, 8.0 можеби? А зошто не почекаш уште 2,3 недели за да ти избледе уште малку нијансата што моментално ја имаш? Па тогаш да ставиш фарба?
Па да, и ќе почекам , зашто пред 1 недела се бланширав и фарбав така да малку ќе ја одморам косата сега па негде за 2 недели е ја земам оваа 8.0 инаку знам дека нема да испадне плава , ама барем малку да се осветли здоволна ќе сум