Јас не би ти препорачала да ги мешаш резултатот е катастрофа.... Од искуство ова ти го кажувам, ставив во плава боја бланш и резултатот беше жив ужас и плус косата сува како слама Ако ти е мерак пробај може тебе ок ке ти испадне
Devojki ja imate sretnato nekade niz prodavnicite farbata na Revlon Frost & Glow .. https://www.google.com/search?q=revlon+ ... 600%3B1555
^ За ова најубаво некоја фризерка да си прашаш зашто се зависи од твојата боја на коса , која боја ќе сакаш да ја постигнеш и хидрогенот. Ако сакаш да ја осветлиш најубаво прво стави си бланш на тоа место кај што сакаш да ја осветлиш косата па потоа исфарбај ја
veki4ka да , па да ти кажам добро е ама за црна коса тешко осветлува , ако ти е темно кафена може да успееш и цела коса да ја осветлиш ама мене само горниот дел ми се осветли стана портокалово а надоле црно си остана.И морав да ставам бланш на црните делови зашто немаше да се осветли со фарба и ти сакаш да ја осветлуваш?
Јас сакам да си ја вратам мојата боја, се немам фарбано од декември пред нова година, веќе ко кафена ми е, па затоа сакам да пробам со тоа
Ако сакаш пробај , не ја оштетува воопшто косата , мене штом од црна тазе фарбана ми се осветли тогаш ти ке немаш гајле пришуваше дека ако не ти се осветли од прва можеш одма и второ пакување да употребиш
Имам кафеава коса како на сликава: И сакам да ја осветлам за некоја нијанса, како на сликата подолу. Би ве замолила да ми препорачате фарба, со која би се постигнала горе-долу ваков ефект. И да напоменам, досега се немам фарбано.
Како што гледам на сликава,светло кафена коса имаш,па мислам дека бланшеви не ќе ти требаат можеш оваа да ја ставиш за прв пат зашто погоре баш пишуваа девојкиве дека гарниер фарбиве излегуваат потемно од сликата на кутијата ,може нема одма ваква боја да добиеш ама со постепено фарбање ќе ја добиеш бојава јас би ти ја препорачала оваа ама во случај да не ти излезе потемно пробај со посветла прво па кога ќе ја осветлиш можеш ако сакаш со 8.0 да продолжиш да се фарбаш
Здраво девојки еве ме и мене да побарам совет од вас поискусните Сакам да добијам боја како на девојката на сликата подолу. Природно бојата ми е кафена темно, но веќе пола година имам ставано црна кна, последниот пат некаде пред 2 месеца и сега ми е испадната пола, ми се познаваат кафени прамени. Сега прашањето е дали можам да ја добијам таа нијанса и со која фарба? Имам слушано дека фарбите на Гарниер биле најдобри, од аспект на најмалку ја оштетувале и гореле косата ...ваше мислење?
Тешко во домашни услови ваква боја да добиеш, мислам сама да се фарбаш. Само на фризер оваа нијанса ке ја добиеш, но некој добар фризер или фризерка. Одамна јас ја сонував бојава, нема што не сум пробала и без успех е се верувај. Ако ја сакаш бојава ваква каква на сликава правец на фризер. Друго чаре нема, Гарниер не помага.
Фала ти на советот Јас мислев дома бидејќи поефтино сакав да поминам, сега ќе размислам што ќе правам , поздрав
Не , јас имав и нефарбана коса па ништо не се случи кога нанесов , а па од фарбана потешко , спасот е само деколорант/бланш за осветлување
тешко , слична ми е на гарниер оваа 7.0 или оваа 7.1 ама бидејки ти е темно кафена косата и некаде црна нема шанса да ја добиеш , ќе ти треба бланш на цела коса прво , и тоа со 12% хидроген , еве јас пред една недела дома се бланширав прво со 9% хидроген ама потоа фризерката ми рече дека црното со 12 ка се бланшира зашто многу тешко излегува. И кога ќе ти се осветли можеш со која сакаш нијанса да ја фарбаш.Ама ако не сакаш да се нафатиш сама дома тогаш на фризер
Пред 6 месеци се фарбав црна со к'на и бојата уште ми стои, не ми е испадната ич. Ми се смачи од црнава коса, би се исфарбала било каква боја само да не сум веќе црна. Предлог на некоја фарба која ќе фати и боја? Инаку не сакам да ја бланширам косава зошто ми е оштетена а и плус премногу ми е долга за да ја уништам со бланширањето.