Дали знаете со која фарба и бројче можам да ја добијам оваа боја на коса. Моментално косата ми е темно кафеава на коренот и малку подоле - моја природна боја, надоле ми е црвенкаста ама не од фарбање туку од осветлување- од црна, и најдоле на врвовите ми е најтемна. Должината ми е до половина скоро и доста ми е густа, па колку фарби би ми биле потребни 1 или 2?
Денес земав лорел и сакам да си ставам,ама земав една а косава ми е до над половина,некаде малце под гради,доволно ми е? И како да си ставам сама? Немам никој тука па треба сама да не се вапцам а Eve ja
Бидна си ставив ми ја осветли косата и има убав сјај бидејки немав голема разлика од мојата природна косата доби малце посветла боја и убав сјај
Со месеци се убедувам да се исфарбам загасито портокалова, ама ај што не поседувам храброст, не знам ништо во однос со фарби и слично. Имам многу темна боја на коса. Мајка ми се фарба црна, мене без фарба ми е скоро таа боја. Темна кафеава, многу темна. Немам некоја долга коса, едвај ми стига до под гради. Ако можете да ми препорачате добра фарба, со соодветна нијанса, бидејќи пак ќе кажам дека поим немам од овие работи.
Имам темно кафеава коса и до сега не сум се фарбала,прв пат ќе ми е ова,сакам да ја осветлам,од костенлива да добијам боја на карамела(малку потемна),но не сакам да изигравам циркус ако не ми испадне таа боја.Ако може да ми препорачате фарба,од Гарниер ако може ?
немора да значи ако до сега не ви е фарбана косата имате поголеми шанси да ја осветлите и без бланширање. Значи ако не сте воопшто фарбани. Само земете 12хидроген и нијанса посветла боја од онаа што сакате да ја добиете. По три недели ке треба да ја фарбате уште еднаш и ке ја добиете саканата нијанса. Првиот пат ке ви биде до две нијанси потемна и прошарана а со второто фарбање ке биде ок. Во главно успева е сега се зависи од пигментот на косата. само со бланш,со фарба нема да ти се осветли
Јас си направив омбре имам мн кафена коса онака темна. И првен таа ми стави бланш а потоа фарба и да ви кажам многу ми испадна грда. Јас сакав љилјакова а воа ми испаднаа сосем др бои на косава иам плава. црвена, портокалова боја. Спојлер Спојлер Сеа што да и направам на косата де кажете некоја др боја да ставам што ке ми се фати
темно кафена или црна зашто ако ставиш др боја на пр. црвена горе ќе ти остане темна а доле ќе бидеш црвена затоа само некоја темна боја за да ти го прикрие тој шарен дел
Бидејќи сум мала за фарба, а косата ми е претерано темна и не ја свиѓам, купив колор шампон. И тоа, 69ка, плава нијанса. Го држев 20 минути, повеќе не можев да издржам. Е сеа, мене ми е осветлена ептен малку, а јас сакам посветла. Планирам утре да купам 2 пакетчиња од истата нијанса. Да купам или не? Скоро сите ми викаат со фарба, ама не сакам косата да ми се уништи, ниту да трае многу долго.
Незнам колку си , ама да те поддржам , јас на 15 години прв пат се фарбав како и да е , нема ни со фарба да ти се осветли и најсветлата да ја земеш , само коренот ќе ти се офарба и ќе бидеш шарена. Ќе ти треба бланш за да се осветли прво па после се нанесува фарба. И за оштетување , не се оштетува многу од фарба , највеќе се оштетува од пеглање, фенирање итн
^ Не знам, бидејќи мојата коса е темна, после кога ќе почне да излегува бојата ќе ми биде шарена главата. А блиску сум до 15ката, не дека не, ама сепак страв ми е. И не сакам да ми стои подолго од две недели. Што знам, ќе купам јас колор шампончиња две, па што ќе излезе, ќе видиме. Exciteeed.
Пробај , ама од искуство ти викам дека со фарба не се осветлува темна коса а не па со колор шампон , колор шампонот само сјај ќе ти даде ништо друго
Кај некои и со колор шампон се уништува косата ,јас ќе ти препорачам да не купувАС колор шампон јас користам вакво и многу ми ја осветли косата после секое миење си ја прскам ,мојата коса е кафена-црна и многу се познави сите ме прасуваа дали сум фарбана хихи
^ Не знам, не ми е сигурно. А и само за некој ден ми треба, не за подолг период. После ќе ми стои за џабе.