Нешто ми се мота една идеја у главата да си ја затемнам малку бојата на коса, имам темно кафеава коса накај црно ама сакам да ми е поцрна, но нејкам да ја фарбам и размислувам што може да се стави, к`на, колор шампон или нешто друго.Вие како поискусни имате некој совет да ми даде пошто јас до сега не сум експериментирала со бојата на косата ваква сакам да ми е
Девојки ако може да ми препорачате некоја добра и квалитетна црна фарба затоа што се фарбав со Garnier ама некако бојата ми паѓа премногу брзо и брзо го губи сјајот. Убава е нијансата и на почетокот беше многу сјајна ама после 2 недели почна да ми се познава кафеаво. Инаку прво фарбање ми беше и можно е заради тоа да не фатила бојата како што треба ама сепак ве молам за совет.
Еспериментирав со фарба за коса која ми ја донесоа од странство и резултатот КАТАСТРОФА. Што би ми препорачале како помошна опција?
Дали некоја од вас има користено Annyer фарба за коса,јас денес си ја купив...па сакам да знам дали да се надевам дека ке испадни убава(квалитетна) или малку послабо хахаха
Лонда ја има и во кам маркет ја таму ја купувам и верувала или не фарбана сум уште пред нова година и еве тек сега почнува да се приметува дека сум за фарбање. Не е ни скапа мислам е 110 ден, а за гарниер..ја ни 2 недели не издржував, испагав шатирана и пагаше на 1во миење, пробај па кажи како си задоволна
Ќе пробам и се надевам дека ќе бидам задоволна од резултатот овој пат. И навистина не е скапа, а мене и така ми требаат две фарби затоа што имам долга коса, значи цената ептен ми одговара. Значи квалитетот не мора секогаш да е поврзан со цената.
Бев црна, тегет, па црвена и сеа конечно плава и најдобро ми стои зашо имам многу светол тен..... И сакав да кажам дека за темни бои на коса поефтините фарби се подобри и подолго траат, а и косата има убав сјај....мислам на оние бугарските Додека за светла коса, подобро некоја подобра фарба, пример јас Палете си користам и презадоволна сум, но имам слушнато дека на многу им се појавиле ранички во главата, затоа прво тестирајте си се Се надевам помогнав на некого.....
Јас вчера се фарбав со evolution фарба,ми ја фалеа дела била добра, И можам да кажам дека сум задоволна од неа и многу убаво ми мирасаше косата( после откако ја измив),беше мека и секако сјајот на прво место Но девојки имам еден проблем со мојата коса.Секогаш кога ке се фарбам(се фарбам кафено зависи некога посветло или потемно) во коренот ми излегува многу светло,и многу се нервирам не знам што да правам...... помошш
Добра фарба за коса е Кармен (ја има во сите подобро снабдени парфимерии). Оди без хидроген, но ја користат по фризерските салони. Добра е и Кене. Јас за овие две можам да кажам дека се добри
Според мене гарниер се убави само светлите нијанси,додека темните мн брзо паѓаат,по 2 недели на црна коса сјајот е кафеав.Палете ја горат косата,а бјути немој сте пробале ја прави косата за никаде цела ја оштетува.кене се добри.
Може смешно ќе ти звучи, ама тоа е затоа што фризерката ти е многу спора.... Правилно фарбање почнува од коренот па накај врвовите на косата.... Додека она ти ја офарба цела коса, тебе веке фарбата ти стоела на коренот пола саат, плус 45 минути додека чекаш да фати фарбата на цела коса, тоа ти е скоро дупло за коренот. И мене ми се слушуваше истото....
Сакав да ја осветлам за една нијанса мојата светно кафеава коса, и ми испадна портокалова..хаха На почетокот си ја мразев, ама ете се навикнав и уште ја фарбам (добро сега не е баш портокалова).
help ! па сакам да ја сменам бојата на мојата коса , но не сакам да почнам да се фарбам од сега затоа што ми е изгорена и ак оставам фарба ќе ми се направи никаква .. дали ако ставам кна ќе ми се оштети ?
Јас колку што знам кната не да ја гори туку ја храни косата .. барем така ми кажувала баба ми. Сакам да додадам и дека подолго време ја користам PALETTE DE LUX , бојата е прекрасна, долго ми стои, има сјај ... ама ми ја исуши косата. Невер море ПАЛЕТЕ.
Секако сум пробувала,и од коренот надолу значи еден по еден прамен почнувајќи од коренот па надолу, исто така неклолку пати сум се фарбала и одпозади од тилот па на нанагоре .....секакви експерименти правев но ништо не ми помага секогаш ми е различна навистина не знам до што е