Види, и јас се двоумев, ама ќе ја правам и јас така косата. Само чекам фризерката да ми се врати од одмор.Дека ќе се оштети ќе се оштети, ама коренот ќе биде здрав. Така да, не му ја мисли. Life is too short to have a boring hair !
И јас одамна се мислам и многу сакам омбре да си ја направам. Ама ако не ми стои ќе мора да ја кратам, а несакам. И прашањето е: да се биде или не ?
Е токму тоа ме двоуми.. ама желбата е преголема а и таман за време на летово ке порасне па од септември за на факултет малку ќе остане (доколку не ми стои)... Ако ја направам ќе ставам слика па да слушнам коментари
Моментално имам светло плава коса. сакам да ја фарбам темно кафеава да направам промени. но имам плави очи, неќнам колку би дошле до израз и како ке биде? што би ми препорачале вие??
Убави се промените , но сепак размисли , овие темни бои после се зафрканција голема ако сакаш да промениш пак плаво , можеш некоја мед боја да ставиш нешто вака
сакам да добијам ваква боја ама страв ми е сама да се фарбам, лом ќе се направам, пошо специфична боја е .. може да ми кажете некое место каде што убаво фарбаат без утки и цена отприлика
Се исфарбав посветла првиот ден кога си дојдов од фризер ми беше бојата топ ама сега откако ја измив неколку пати ми стана скоро портокалова .... што да и ставам да го снема портокаловиот отсјај а нема 1 недела откако се исфарбав
^^ PinkAngel, можеш да го земеш шампонот на Еugene Perma, колку -толку ќе ти помогне. Малку е поскап, ама големо е пакувањето, и искрено, е спас за жолтилото. Ќе ти стои и ќе си го користиш подолго време, вреди за секој денар Барем мене многу ми помогна кога ми фаќаа на жолто фарбите на почетокот. Го има во Космо, ама не се сеќавам која цена беше, јас лани го купив.
Jас го користам оваа крема за коса , се нанесува ко обична крема за коса и стои 15 минути. Исто така го убива жолтилото. и најважно е што не ја суши косата,би требало да го има по големите супермаркети
^ Koritsaki, со оглед на тоа што знам дека сега брзо стана плава и сигурно сеуште си во потрага по вистинската боја, би сакала да ти препорачам нешто. Синоќа ја фарбав мајка ми со Syoss Oleo Intense 9-10, 100% без амонијак. Излезе прекрасна плава боја, ѝ покри се` и не мавна ни на жолто ни на сиво иако има многу бели влакна. Јас се изненадив многу пријатно со тоа што досега не сум верувала во боите без амонијак. Како право кремче е кога ќе ја раствориш, мислам дека да се фарбаш со таа постојано можеш да имаш здрава плава коса. Топло ти ја препорачувам и тебе и на сите останати плавуши кои ја немаат пробано.
Lovely93 , благодарам за советот инаку јас се фарбав пред 2 недели со фарбава Колестон 12/81 кога ја нанесов стана лилјакова а таа продавачката ми рече дека е за тие што имаат портокалови и жѓолти тонови и навистина ми се изгубија колку толку , сега пак некако ми е жолта ама кога ќе се исфарбам нареден пат мислам подобро ќе биде. Јас сега ќе доаѓам кај моите и ке одам на фризер нека ми ја направат косата па после ќе си земам една иста фарба. Инаку кога ке ја добијам посакуваната боја ќе се фарбам само на коренот , нареден пат планирам да ја земам Еволушн 1111. Инаку баш јас сакам нешто вака накај сиво Thepinkangel , околу 6 евра јас ја најдов ама провери во Мк во некој супермаркет или во Космо дали ја има кремава,не сум мн сигурна
^ Аааааа, не знаев дека сакаш на сиво. Јас па мислам дека јас не сакам никој не сака. Епа тогаш ништо, тебе ти треба пепеласто плава. Ама сепак можеш да пробаш без амонијак. И јас кога бев плава го фарбав само коренот ама дека често пак ми се оштетуваше. Не трпам јас црн корен.
Женски,а оваа фарба Еволушн каде на др место се продава освен во Веро маркетот? Мајка ми прееска била да види за боја ама имало алку избор, таа 11 11 ја немало. На др место каде ги има? И се надевам дека не продаваат некои стари
Ич да не се мислиш. Да ја направиш. Ама за да не ја гориш, само со фарба. Едно два пати да ставиш. Немој бланш. Јас бев омбре, ептен убаво изгледаше, ама ми текна па се офарбав цела. Ти ако не сакаш после да го имаш омбрето, со растот на косата и со кратење ќе се губи.
Дали може бланш да се купи од аптека? И дали има разлика од еден до друг колку ја горат косата, или исто му доаѓа? Патем, каде можам да најдам ваква боја на фарба?
^ Малку потешко дека ќе најдеш нешто слично низ Македонија. И јас одамна барам. До сега имам најдено само колор шампон и црна фарба со тегет отсјај. Колор шампонот паѓа после првото миење, а црна фарба со отсјај не е тегет
Нели имаше по супермаркетиве на времето дречливи фарби... во тинекс знам пред 5-6 години ги имаше.. изгледа не ги носат повеќе. Можеби во Unique има, таму немам проверено. Инаку, има некој порачувано фарба од интернет и од каде?