На мајка ми барем и трае 3 недели и после почнува да и опаѓа од горе. Зависи во која смисла шарена. Мислам дека најубаво стои кога целата коса е во една боја. Но за да се одлучиш да ја офарбаш од една в друга боја треба постојано д аја фарбаш затоа што ако природната боја ти била малку потемна а фарбата посветла или обратно по 3 недели или зависи ако ја миеш почесто косата и побрзи ќе почне да ти паѓа фарбата од коренот па надоле и глупо изгледа. Ќе ти треба време додека да си ја вратиш природната боја. Затоа убаво размисли.
значи си правев омбре и сега косата кај што е фарбана ми е многу остетена ве молам кажете ми што да и ставам за малце да ја зацврстам
Здраво девојки Ми треба совет.. Косата ми е фарбана црна, но сега сакам да ја осветлам и да добијан нешто вакво... Една фризерка ми рече дека само со тоа што е за вадење фарба, заборавив како се вика, само со него можела да ми се осветли, оти тоа ја правело косата ваква... како можам да добијам ваква боја на косата, и дали да барам поискусна фризерка.. Благодарам однапред
За колорб4 зборуваш го имам пробано ја вади бојата ама дефинитивно не ко на сликата, ќе ти испадне црвенкасто портокалова. Најубаво оди си на фризер
Девојки од оваа фарба сум презадоволна. Не ја менувам повеќе. Во моево долгогодишно искуство со различни фарби би можела само да кажам дека најдобар ефект добив со оваа фарба. Ви ја препорачувам, нема да згрешите. Мајка ми се фарбаше со Сајос фарбите за коса. Ефектот никаков и самиот квалитет и структура на бојата не ми се допадна. Хидрогенот е тотално како водичка, а бојата внатре е исто многу течна. Ефектот е исто како да не си се фарбал. Мајка ми користи плава нијанса, а немаше никаков резултат. Да напоменам дека Сајос фарбите за коса ги произведува истиот производител на фарбите Палете-schwarzkopf.
Сакам да си направам омбре. Косата ми е средно до темно кафена. Зедов бланш и хидроген 12ка. Колку време да го држам бланшот отприлика? Не ми е проблем да излезе посветла, само да не не се познава...
Како што имав пишано претходно, до сега ја користев Сајос, за тие пари не вреди, не дека е многу скапа, ама за 250 денари би требало да е ок. Косата ми е сува, без сјај, оштетена, кога ја допирам буквално како да допирам волна од нечешлана овца ( ова колку да доловам, незнам дали се чешла) Решив да ја сменам, да пробам Еволушн, па кој ја користел да ми каже дали и таа ја суши косата или не, дали стои бојата подолго време или се одмива и од кој хидроген земате бидејќи не оди хидроген со неа?
Сајос е само фрлени пари, нема никаков ефект и квалитет. Еволушан ти се супер квалитетни фарби. Мајка ми години се фарба со нив, хидроген можеш да користиш обичен. Јас најчесто од Докторс или Илирија и купувам. За плава коса се зне 9 и 12 % хидроген, за потемна коса 6% е сосема доволен. После фарбањето косата се остава 30-40 минути и темелно се плакне. Косата после фарбата не се оштетува и не станува сува. Овие фарби вредат за секој денар.
Еволушн се најдобрите фарби што сум ги користела. Сега се со ваква фарба се фарбам, поточно 1111 нијансата ја користам и со неа или 9% или 12% ставам , за потемните бои 6% или 9 % не паѓа брзо бојата јас пред 2 недели се фарбав ептен малку ми е изникнат коренот скоро незабележливо Ти ги препорачувам
косата ја исфарбав со црна и потоа сакав да ја сменам Темно кафеава како што ми беше природна но не усепejav како што требаше кога ја фарбам никогаш не ми излегува целоно иста пола на пола од корено ми е посветла а надолу темна ...сега сум фарбана светло кафеава и само горе ми е светка ии ми е Катастрофааа Дајте ми некој сoвет што да и направам pozdrav
Црната не излегува никако,колку и да чекаш јас знам како е и јас бев црнокоса сега сум плавуша. можеш и да ја извадиш со colourb4 го има ова во космо ама може да ти на направи шарена косата зашто нели ти е пола ксфена пола црна..само на фризер би ти препорачала тие ќе ти ја извадат црната боја со бланш