Па ставив една светло кафена и ми фати , ама за посветла фарба плава на пример нема шанса да фати на ваква основа. За црвена пробај , јас мислам дека би фатило , зависи нели и од тоа колку ке ти осветли косата. Ти секако прво мора да ставиш од деколорантот за да ја извадиш црната , зашто на црна ништо не фаќа
Маче не ме разбра, јас не барам да ми е посветла, ами потемна. Ама барам добра фарба што нема да ми испадне црна, бидејќи секоја темно кафена фарба ми испаѓа црна. И додека се фарбав, се фарбав редовно, ама секој пат иста приказна ми беше.
Имам кафена коса, ни многу светла ни многу темна, сакам ваква да се исфарбам пред Нова Година некаде. Предложете ми со каква фарба да се исфарбам и која марка на фарби се најдобри. Да напоменам, се фарбав со Гарниер, не знам која бројка беше, но беше доста светла со златен отсјај, слична како на сликата, но не ми фати бојата, само кај коренот ми беше осветлена малку. Дали ова значи дека ќе треба да користам бланш при наредното фарбање за да постигнам ваква боја? И исто така сакам да ве прашам дали некоја ги користи фарбите на Авон, имаат многу убави бои и дали сте задоволни од истите?!
Да да , секако ке ти треба бланш , на кафена и црна коса за жал ништо не фаќа. Јас би ти препорачала да не ставаш дома зашто нема да ти излезе како што треба , од искуство ти кажувам , јас се мачев вака да станам плавуша и џабе пари фрлав на бланшеви па на фарби, најубаво на фризер ке им покажеш каква плава сакаш и ке ти ја направат косата. инаку јас ти ги препорачувам фарбите на Еволушн јас ја користам 11.11 ама таа е накај сиво плава , ти можеш 11.13 или 11.00 да пробаш , ама ти викам најпрво треба да ја осветлиш зашто само на коренот ќе ти фаќа и ќе си направиш поголема беља зашто ќе бидеш шарена
240 ден , + хидроген се докупува , ги има по парфимериите , космо , дм..мене фризеркава ми рече доколку сакам да ми биде косата здрава да не се оштетува толку само коренот да го фарбам ако го фарбаш само коренот два месеца можеш да користиш едно пакување фарба, а немаат замена фарбиве ниту авон,ниту лореал,ни гарниер , бојата паѓа многу споро за разлика од другиве фарби.
Девојки би сакал да направам еден maке up т.е промена.Односно коса шишање и средување,веѓи,евентуално лице ако има нешто за средување и тоа. Значи да напоменам дека не барам некој да ме направи да личам на одреден глумец или пејач,туку да биде едноставно убаво на изглед. Односно да се познае дека е водено грижа за коса,лице итн. На ваква идеја дојдов откако пред 2 недели бев во Ловеч-Бугарија.Случајно се запознав со неколку бугари/ки меѓу кои и еден Бугарин кој во еден салон го беа навистина феноменално средиле.Од лице до коса.Буквално револуционерна промена.Стварно се гледа дека е фатено и сработено во холивудски стил.Се бев зачудил колку може да се промени еден човек.Всушност речиси 80% во Ловеч изгледаат одлично без разлика на полот.Машки и женски во Ловеч сите се средени како на филм.Незнам дали сите луѓе одат во истиот салон или пак некои и дома се средуваат,но стварно изгледаат сите супер. Едноставно ми дојде идеја и јас да пробам да посетам стручно лице за оваа работа па сакав да прашам дали знаете некои тука во Скопје кои го прават тоа прилично добро. До сега не сум се замарал воопшто со овие работи,а и реално за овие обликувања да ги правам сам незнам.Едноставно немам никаква претстава во мене,а и знаење како да си се средам,па затоа работата би му ја препуштил на професионалец. Би одел и до Бугарија,бидејќи работата ми е таква па секоја втора недела сум таму или во Грција,ама прво би сакал да прашам дали има некој тука кој добро го прави тоа.Значи да отидам и да ми обликува веѓи,коса,лице итн и едноставно тоа да е допадливо т.е убаво на изглед Па таќа ќе ве замолам за повеќе ваши мислења.Поим немам каде да одам и кој го работи добро ова кај нас,па така би ве замолил за предлози феминки евентуално од некој салон т.е човек кој што сте го посетиле и сте биле т.е сте навистина задоволни. План ми е ако ме средат убаво,и во иднина да ги посетувам
Запознајте се со мојата боја на коса од соништата Епа.. Да ве прашам, каде можам да најдам ваква ИСТА фарба? Колку пари отприлика, некој таква поквалитетна? Благодарам
Како прво каква ти е косата сега? Ти ги препорачувам фарбите на Еволушн ги има во дм и космо , има каталог па разгледај ги боите , инаку многу се долготрајни и не паѓа бојата брзо како останатите. Мене слична ми се гледа 6.66 но најубаво ѕирни си во каталогот
па нема да ти фати ако е костенлива , ке ти треба прво бланш па потоа црвена боја да ставиш...најубаво на фризер да си одиш
Девојки, другарка ја доби истава боја на коса со Балеа спрејот за осветлување на коса, а имаше потемно кафена. Можете со него да пробате, содржи пигменти на боја и косата постепено и осветлуваше, а со фарба е поризично. Моментално и јас си ставам од спрејот, ама не сакам цела да ја осветлам туку само прамени, ама дека само 2 пати имам ставено до сега не се приметува огромна разлика, ама на места ми е посветла од порано
Не мора да значи дека нема да и’ се погоди бојата од прва Јас имам природно кафена костенлива коса и првиот пат кога се исфарбав со црвена боја ми фати, нити бланш + во домашни услови. Секој нареден пат ми беше се’ поуспешен. Мојата црвена беше за нијанса потемна од оваа - Субрина бр.85 - бордо црвена, но излезе исто како на кутијата. Не е за се’ решение бланш и фризер Јас од летово пробувам да ја осветлам, да добијам лешник/мед нијанса (пак да напоменам во домашни услови) и ДА - ПЛАВА фарба (Ash нијанса - без портокалови пигменти, ја осветли мојата кафена коса за 2-3 нијанси. Продолжив со спрејот на Балеа за осветлување на косата и имам преубава лешник нијанса каква што барав. Како што и пишав неколку страни поназад, дилемата ми е со која боја да продолжам да се фарбам за да ми остане нијансата, добив некои препораки и ако ми е успешно/неуспешно ќе го пишам тука за совет Спојлер Овде има некој виолетов сјај што всушност го нема, не знам зошто толку е лоша сликава ) Иако е некои 2 нијанси потемна од таа што ја бараш, сакам да ти покажам дека оваа мене ми успеа
Не мора да значи дека нема да и’ се погоди бојата од прва Јас имам природно кафена костенлива коса и првиот пат кога се исфарбав со црвена боја ми фати, нити бланш + во домашни услови. Секој нареден пат ми беше се’ поуспешен. Мојата црвена беше за нијанса потемна од оваа - Субрина бр.85 - бордо црвена, но излезе исто како на кутијата. Не е за се’ решение бланш и фризер Јас од летово пробувам да ја осветлам, да добијам лешник/мед нијанса (пак да напоменам во домашни услови) и ДА - ПЛАВА фарба (Ash нијанса - без портокалови пигменти, ја осветли мојата кафена коса за 2-3 нијанси. Продолжив со спрејот на Балеа за осветлување на косата и имам преубава лешник нијанса каква што барав. Како што и пишав неколку страни поназад, дилемата ми е со која боја да продолжам да се фарбам за да ми остане нијансата, добив некои препораки и ако ми е успешно/неуспешно ќе го пишам тука за совет Спојлер Овде има некој виолетов сјај што всушност го нема, не знам зошто толку е лоша сликава ) Иако е некои 2 нијанси потемна од таа што ја бараш, сакам да ти покажам дека оваа мене ми успеа [/quote] Да , ама секое влакно си е различно , јас кога се фарбав црвена од кафена морав бланш да ставам инаку ми беше фарбана па затоа само на коренот ми фаќаше црвена и бев шарена. А за плава сега кога се офарбав да не зборам пробав и дома ама џабе и колку пари за фарби изнададов само. Затоа и и предложив фризер. А подобро еднаш бланш да се стави и потоа да се фарба секој месец косата него ли овој спрејов од Балеа , па тоа содржи хидроген а и пишува уште да не се одмива , па тоа е смрт за влакното
До сега не сум фарбана Мојата коса природна боја е ваква.. e сега сакам да јаосветлам во посбетло кафеава како на втората слика што мислите треба да одам на фризер или дома со некоа убава фарба и препорачајте ми
Имам чоколадно кафена боја на коса, таа ми е природната боја. Последно се фарбав пред 4 месеци со иста нијанса како мојата боја со цел да и дадам сјај. Веќе 5 цм ми е израсната косата и има малку разлика во боите. Но сега сакам да се фарбам со некоја светло кафена боја како на сликата од Бијонсе што ја пострав. Искрено не сакам да корисам бланш и нешто што би ми ја оштетило косата со оглед на фактот дека ми паѓа и онака. Па сакав да ги прашам поискусните дали во домашно услови ова е возможно или залудно е се и да ми каже бројче и марка на фарбата како бојата на косата на Бијонсе на сликата.
Во домашни услови тешко можеш да ја постигнеш посакуваната боја, особено кога се работи за посветла нијанса од природната боја.Најдобро разгледај низ маркетите за избор на боја затоа што секој има свој вкус.А околу третаманот, консултирај се со твојата фризерка за да ја задржиш косата здрава.
Прашање за една другарка: Денес стави кoлoр шaмпoн посветла нијанса, а таа има костенлива боја на коса и не и фати, испадна потемна бојата од нејзинава, а шампонот е 2-3 нијанси посветла од нејзината. Зoштo не и фaтил, рoкoт нa трaење е дo 2016? Дали на некоја од вас истово и се има случено и дaли мoже да препорачате некој квалитетен за дa се дoбие светлoкaфенa бoјa нa кoсa oд кaфенa (пo мoжнoст уште oд првo стaвaње)?