Па вака сега косава ми е многу " посебна " за еден ден или два дена ми се мрси а кога ќе ми дојде време за фарбање т.е. по 1 месец а се има случено и по неполн месец коренот премногу да ме чеша и косата тогаш ми е мрсна премногу еве сега вчера се фарбав и воопшто не ми се мрси и не ме чеша коренот. Значи мене ми се има случено дури и пред да дојде време за фарбање да ме чеша коренот по 3 недели еве од кога ќе се исфрабам а се фарбам со убави фарби еве последниот пат зедов Revlon........ Дали вас ви се има случено претерано да ве чеша коренот кога ви е време за фарбање? Совет ????????
Никогаш не ме чешал коренот на коста.... Мислам дека имаш проблематична кожа на главата и не е лошо да посетиш дерматолог. Немора да одиш кај скапите приватни ординации пробај кај кожен доктор во државна болница или брза помош. Имам слушнато за алергии кои се ефектираат по цело тело од фарба на која си алегргичен... значи тебе дефинитивно не ти одговара секакава фарба поздрав
Па немам ништо на телото но често ги менувам фарбите има ли тоа некаква врска не можам да се трпам повеќе помагајте може ли да се влоши состојбата ???
Си се офарбав и јас, да си се пофалам, демек малку да сменам (мижи Асан да ти баам). Прво самата си ја ставив оваа и фризерот ме „дотолчи“ со некои посветли праменчиња, а бидејќи јас многу сакам да ми е природно нијансирана косата и да не се забележува разликата и преминот, премногу сум задоволна. Пам парам! Хир ај ем Познавајќи се, до летово пак ќе имам нешто друго на главава Нејсе, убави се фарбиве на Лореалот, доколку некој се двоуми, и ниеднаш не ме разочарале.
Јас мојата коса ја фарбав од прва година средно. ПОсле една година од честото фарбање таа стана премногу сува и ми личеше на метла. Оттогаш рестанав да ја фарбам и мојата боја на коса е најубава и ми изгледа толку здрава и негувана, каква што никогаш не била додека ја фарбав. Затоа девојки, доколку сакате да се фарбате најубаво е да не ја менувате драстично бојата бидејќи тоа предизвикува зголемено горење на косата и немојте премногу често да се фарбате, еден ден кога ќе имате бели влакна многу ке жалите.
Кога ќе ми дојде време за фарбање косата почнува многу да ми се мрси, а после фарбањето ми е супер воопшто не е мрсна. А за чешањето на коренот не сум забелажала кај мене нешто такво, мислам дека е најдобро да посетиш дерматолог.
квалитетен колор шампон или пак фарба ама без амонијак или нешто друго да не ја оштети косата сакам да се фарбам црвена да пробам
Па зависи каква боја на коса претходно имаш црвената коса бара многу одржување јас не сум задоволна од колор шампоните не ми фати последниот пат кога ставив исто како ништо да немав ставено а ако сакаш квалитетна фарба земи си KEUNE ,REVLON или LOREAL тие најмногу ги фалат досега на форумов. Разгледај низ форумов види од која фарба најмногу феминкиве се задоволни па одлучи се. А доколку сакаш фарба без амонијак земи си Гарниер без амонијак или Палете исто така имам фарба со вода што не ја оштетува косата разлика е во тоа што е без хидроген само што јас имам пробано од сите 3 и не ми фати не знам зошто таква ми е косата и што да правам морам да си ја горам . П.С јас сум црвенокоса
Имам темно кафеава боја на коса и природно си имам некои посветли прамени ,како нијансирана ми е . Сакам малку да сменам да си ставам црвеникави праменчиња ,ама незнам дали да ставам со прелив или пак со црвен бланш. Што мислите вие? Не сакам да користам фарби оти претходно од што се фарбав многу ми беше исушена косата и сега благодарам ама фарба не.
бојата на природната коса ми е темно кафеава (речиси црна) слична на оваа: Спојлер фарбана сум само два пати пред околу 6 месеци, огнено црвена.. се фарбав со палете... ваква нешто ми беше: Спојлер сега речиси целосно ми е излезена црвената боја ама сакам да се фарбам вака слично : Спојлер која фарба ми ја препорачувате вие.. дали сама дома да се фарбам? ќе ми фати или ?? дали треба прво да се бланширам па потоа да се фарбам??
И мене понекогаш ми доаѓа да направам некоја промена со косата, но после си викам чекај сега уште една обврска плус а и повеќе се оштетува косата зошто јас веќе ја пеглам често. Дури немам вистинска потреба да почнам со фарбање ќе си ја оставам вака...мирна глава
Се фарбам веќе 8 години,сум била краток период црвена,кафеава сите нијанси ги имам пробано од најтемна до најсветла и сега сум црна Иначе мн е поубава косата фарбана,има убав сјај,но се разбира да биде добро негувана.Ништо не е страшно да се фарбаш,и не е некоја голема обврска еднаш во месецот да одвоиш 40 мин(барем за мене) Иначе се фарбам со ГАРНИЕР
Јас се фарбам скоро 7 години, прво ја нијансирав косата потоа ја исфарбав плава, па од плава-црна, па кафена и после 2 години ја пуштив мојата природна боја кафена темно.После една година сакав промена на косата, и ја изнијансирав пак и повторно пак плава ја направив и многу ми се оштети и ми попадна Од плава ја направив црна, и сега косата ми е кафено-црна односно коренот ми е кафен зошто статив кафена фарба сакав да ја вратам мојата боја еве веќе 7 месеци се трудам да ја вратам мојата природна боја ама не ми успева.Сега сакам црна да ја правам и да ставам надградба, сеуште незнам што да правам.
ја сакам оваа боја на коса скрос истата знам дека морам да си го посетам фризерот и се надевам убава да ми испадне ја обожавам бојата
Бланширање- не! Ја сум плава, се иам шатирано со бланш и се каам за тоа,а ти уште помалце имаш потреба од такво нешто, од тоа после нема спас ќе чекаш да ти расте а и ти не сакаш плава ти сакаш темноплава накај медова колку што сфатив, само со фарба, па од 2-3пат фарбање би требало да ти е посакуваната.
Имам природно црвено-портокалова коса. Не размислувам за бојадисување бидејќи сите ми велат дека јас имам боја која ни сто фарби за коса нема да ја створат истата боја и сум поласкана од тоа Но би сакала некое црно или плаво праменче
Немој ќе си ја уништиш косата ако ти е како на сликата ти завидуваам навистина прекрасна ти е девојко Јас сакам таква нијанса да добијам ама никако не можам Тоа е кога сите можни фарби за коса ги ставив на мене