Знам дека се поскапи, тетка ми се фарба неколку години со нив и задоволна е. Само знам дека ја сушат косата, така ми имаат кажано.
Девојки, ја имав направено омбре косата, меѓутоа имам многу жолт одсјај и многу ми е светла сакам малку потемна. Ја зедов L'oreal prodigy almond blonde, која е доста потемна од мојата па утре ќе се фарбам. Мислите дека ќе фати? Доколку не фати нешто друго решение да не знаете?
Косава ми е омбре фарбана.Сега сакам да ја осветлам односно да биди накај плава ако можи. Помош...да ја фарбам дома или на фризер пак? И со која фарба е најубаво за да се добија плава коса?
А каква боја ти е сега косата? Не зборам за омбрето само туку за целата коса ? Јас мислам дека најубаво е фризер да добиеш бојата што ја сакаш , во случај да не ти излезе доле кај што е омбрето посветло а горе потемно
Горниот дел ми е темно кафена (чоколадна боја) а долмиот дел карамел боја.на фризер го напрајв омбрето ама не ме бендисува баш
Девојки, да не знаете дали има кај нас нешто за брзо паѓање на бојата ? Нешто како шампом или слично...
ако ставиш најсветла плава фарба на горниот дел ќе ти излезе портокалово , а доле ке биде карамел боја т.е. ке бидеш шарена. Затоа во вакви случаеви само на фризер
Шампон нема , но има еден деколоратор што се вика Colorb4 , го има во Космо околу 750 денари е , јас имав црна коса и со него ја извадив бојата без да ми се оштети косата. Ти каква боја имаш моментално на косата?
Јас го користев овој, ми беше препишан од доктор бидејќи имав дупче без коса на глава и ми го препорачаа овој. Го користев малку е поскап е околу 500ден, дечко му има мн ретка коса и му паѓа и он го користи, помага Добар е ама е прилично скап јас неможам да си дозволувам да тргам по 500 ден месечно за шампон, незнам тебе како ти одговора цената
Жити се, знам дека не живееш овде но вака по дрогерии се продава? Ќе си умрам. Инаку од кога почнав да се фарбам (т.е да ме фарбаат на фризер) сум со оваа фарба, 12-1 бројче и слободно можам да кажам дека е одлична. Од прва ја постигнав посакуваната нијанса и од тогаш стално само коренот подраснататото со 6% хидроген чинам, и никогаш не сум излегла шарена во глава. Бојата надолу до врвовите не паѓа лесно, (сепак и соодветната нега и третирање си го прават своето) но јас сум презадоволна, со оглед на фактот дека од тогаш само подраснатото го фарбам и немам мака, иста како првиот ден. Баш сум љубопитна околу цената, ако не ти е тешко ЛП
шатирана сум пред 4 месеци и сега сакам да си купам ваква фарба и да се исфарбам http://www.bdsklep.pl/gfx/600x600/3600540179777-garnier-color-naturals-creme-4-3-zloty.jpg и сакам дома мама да ме исфарба. Што мислите за прв пати со фарбање има ли врска дали е на фризер или дома?
Девојки, дали може малку помош? Ми досади постојаното нервирање поради израстокот и сакам од плава да се вратам на мојата природна боја, која до пред три години беше како на сликата. Дали може да ми препорачате слична фарба?
Nausicaa , нешто вака Фарбите Еволушн се мн добри , мене совршена плава м ивадат ама некако мене лично јаки ми се па сега со Гарниер колор сензејшн се фарбам , можеш некои од овие да пробаш незнам како ти се допаѓаат
@koritsaki, благодарам многу Еволушн ги немам користено но на форумов се изначитав пофалби за нив ама многу ме пишманува тоа што се јаки и што ја сушат косата. Мојата е долга скоро до половина и веќе три години ја фарбам плаво и ми е страв премногу да не ми се оштети. Мислам, и да се оштети и да треба да се шиша не е (толку) страшно но сепак би сакала тоа да го избегнам Изгледа дека ќе ја земам 7.1 од Гарние, со нивна фарба станав плава и многу бев задоволна, воопшто не приметив оштетување на косата.