Да знаеш сега ме убеди . За една до две недели планирам да се фарбам ќе ја пробам па ќе ти кажам како ќе ми испадне . Баш ти благодарам
Девојки,значи многу е тешко да се добие ваква боја на коса во домашни услови, поготово ако имате темна основа. Одете на фризер,нека ве направат таму, нека ве исфарбаат може ќе треба да се мешаат и одреден број на фарби за да ја добиете оваа боја. Инаку бојава е интересна баш следам една јутјуберка на нет што има ваква коса а и е природна не е фарбана значи само на фризер а за бои еве пример evolution keune
Да , мајка на моја пријателка се фарба со нив и е презадоволна. И јас имам ставано и задоволна сум од фарбите многу се трајни. Ако и купиш нема да згрешиш
Јас би ти препорачала да одиш на фризер, пошто ако ти е прво фарбање, или според мене скрос небитно, ваква нијанса иста нема шанса сама да си погодиш, можиш само да утниш нијанса и да отидиш скрос у различен правец со нијансата на влакното. Не е скапо фарбањето на фризер, и знам дека не ти е проблем тоа, и ако ти е битно да е баш иста нијансата ваква, гарантирам дека сама нема шанса да ја погодиш, значи ни една фарба не испаѓа точно како на сликата што е, а и сама не си способна да извршиш која нијанса ќе ти овозможе ваков тон на боја на твојто темно кафено влакно. Ако си имаш добар фризер, оди, бар да ти ја погоде нијансата, од прво или второ фарбање секако ќе биде, и после веќе подруго ќе биде, ќе можиш сама да се фарбаш, и сама да си ја одржуваш нијансата. И јас како Коритсаки, гарантирам за Еволушн фарбите, у споредба со овие во маркет што ги има, се далеку каде каде поквалитетни и поинтензивни. Јас бев плавуша две години, и само со Еволушн бев задоволна од трајноста на фарбата и од интензивноста, па затоа сигурно би ги покрила белите влакна, ќе ја изедначат целата боја на косата.
ја купив оваа боја (иначе плава сум) и сакам да ми испадне како на сликата кажете ми да не ми излезе портокалово или нешто слично
Слободно офарбај се , нема да ти фати портокалово , може нема да биде и така кафено да влече накај посветло а вториот третиот пат и натаму подобро ке биде
Па која ида ја ставиш ама иста нијанса кафена ќе ти биде поубава и поубава сега на почеток нема да биде каоко на сликата малку посветла ќе биде
И ја купив 8мицата нијанса на мајка ми па ке видиме како ке испадне, планирам да ја сликам пред и потоа па ќе постирам.
Вчера се фарбав и добив боја баш каква што сакав. Некоја кафеава со златен сјај. Баш како на сликите кои погоре ги постирав, само што мојата коса на светло се гледа баш таква, а под сенка си е кафеава. Чудно нели?!
Ако може име на фарбата и бројче? Инаку и кај мене го забележувам тој феномен, не се секирај не си само ти чудната. хехехе
ги осветлив крајовите пред неколку недели имам темно кафеава коса , на крајовите сега ми е светла кафеава , дали ако ги направам сини ( темно сина боја - teal ) дали ќе се познава над светло кафеавaта боја ми е страв да не излезе бојата многу темна vaka nesto ( samo mene mi e pokratka )
По долгомесечното трагање по некоја фарба која ке и одговара на мојата коса, а нема да биде со астрономска цена,се откажав и решив да одам на фризер.Нека ми ја среди убаво, па ке ја пробам после еволушн.Ај ако може кој ја користел нека пише каква е и која е разликата помеѓу онаа во сиво и онаа во црвено пакување.Досега сите фарби кои ги користев дополнително ми ја сушеа и онака пресушената коса.
Јас сум презадоволна од еволушн,јас ја користам 11.11 плаво сивата, а ти каква боја сакаш да земеш? Мислам дека во сивата опаковка се плавите нијанси барем таква е таа што ја земам
Отприлика би сакала некоја боја карамел или мед или нешто вакво плаво ми изгледа убаво,моментално ми е некоја златно плава нијанса.Претходно ја фарбав со сајос и ми стана катастрофа па затоа сега на фризер,а потоа бидејки неможам моментално да си дозволам секој месец да одам на фризир би пробала со еволушн. Сајос ми ја сушеше косата многу, потоа пробав и со субрина ама ептен ми се оштети,гарниер и палете исто така не ми одговараат, па затоа се двоумев помеѓу еволушн или кене.
Сајос се катастрофа фарби ,ни мене не ми се допаѓаат, еве ќе поставам слика од посветлите нијанси на еволушн и кене па сигурно некоја ке ти се допадне. Мене ептен ми се погодија , нареден пат ќе пробам и на Кене многу и нив ги фалат